Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Правична распределба – на никого ништо

07.09.2011 -
Прашање: Луѓето никако не можат да се согласат што е правична распределба – секој си има своја „правичност". Како може да се утврди таа?

Одговор: Навистина, како може да се разбере што е правична распределба кога на некој му е потребен 1 леб дневно, а на друг 5? Тоа зависи од навиките и вродените својства на човекот. Постојат брзи и снаодливи луѓе кои за два часа можат да заработат толку, колку што друг не може ни за една недела. Некој има такви добри способности, со кои добива прекрасна специјалност и многу заработува, а друг останува едноставен работник. На секој чекор гледаме такви разлики, затоа што сме различни по својата природа, па затоа и прашањето што може да се смета за правична распределба е широко.

Ако би можеле да го скенираме човекот и да направиме негова целосна, точна карта од какво исполнување тој има потреба, а потоа да се исполни секој, доколку имавме таква технологија и можност, тогаш би немало ништо подобро! Тогаш сите би се увериле дека се исполнувани на еднакви делови – нека не е во целост, туку 50 – 80%, но сите подеднакво. Но, немаме таква можност! Излегува дека на некого даваме повеќе отколку на другиот, но врз основа на што? Затоа што тој повеќе заработил? Но, тој е создаден способен од природата.

Ние не ја гледаме и не ја чувствуваме таа неправедност. Ако зборуваме за еднаквост, тогаш предвид имаме исти надворешни услови за сите. Но тоа е неправилно! Тогаш излегува дека не е можно да се создаде еднаквост и општествена праведност. Општествената праведност, еднаквоста може да бидат само релативни. Но, за да ја оценам таа пропорционалност, јас треба да бидам на крајот од поправањето, кога ќе се вклучам во сите и ќе ги знам надежите на секоја душа како своите сопствени надежи. Тогаш ќе можам пред себе да ги видам сите души, во сите времиња и сите состојби и да му дадам на секого исполнување во формата од која тој има потреба во дадениот момент, односно ти само момент претходно си добивал едно, а во следниот миг друго, а исто така и сите други.

Внатре во тој систем сè се менува постојано, како во котел кој врие. Можно ли е овде воопшто да се дојде до некаква правична распределба? Но погледнете што прави Создателот! Тој ја запира славината и вели: „Никој од вас ништо нема да добие! Вие сакате, но Јас ќе ви дадам малку, само за живот, за преживување. Сè останато ќе добиете под услов ако почнете да се сакате еден со друг. Пред сè, морате да ги неутрализирате разликите кои Јас ги направив во вас". Сите престапи ќе ги покрие љубовта и тогаш нема да има разлики помеѓу нас. Ако јас ги сакам останатите, нема да се вознемирувам ако тие добиваат наместо мене. Нека се исполнуваат до бесконечност, не ми е жал! Јас сега не проверувам кој колку има и не приоѓам со егоистичката мерка – со завист и омраза.
Од утринската лекција според статија од весникот  “Народ“ - 07.09.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica