Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Само напред и без ниеден чекор назад

Одговор: Нема разлика, но со Создателот ова е можно само под услов договорот да е автентичен и вечен. Меѓутоа, со пријател ова може да биде само игра. Ова е целата тешкотија, тоа што во духовноста се прифаќа само совршена желба, односно желба која е безусловна и вечна. Ако личноста се искачи до следниот степен, тоа значи дека неговото барање или молба за тоа била прифатена како совршена, што значи дека тој навистина го сака ова. Постојано го обновуваме нашиот договор, како да го правиме од почеток. Но ако човекот се издигне до одреден степен на договорот, тогаш не може да излезе од него. Кога ми се чини дека паѓам, тоа значи дека добивам потешки услови за да го сочувам овој договор, како обновен договор. И немам идеја каде да најдам сили за да го продолжам тој договор.

Создателот постојано ги прави условите потешки, додека ние мораме да се приспособиме на неговиот обновен договор под нови услови. Меѓутоа, ако човекот правилно ја користи групата, учењето и дисеминацијата, тогаш тој наоѓа дополнителни желби и сили, ја цени новата состојба како да е повисока, и затоа ги надминува тешкотиите. Сé што се случува во животот мора да го гледаме од оваа гледна точка. Сите најлоши и најглупави ситуации ни се случуваат со една цел: да нè научат нешто и да не придвижат напред.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 29/05/22, Дела на Рабаш


Прашање: На мојот духовен пат, мојата егоистичка желба е соочена со непријатни чувства.

Одговор: До точката кога конечно ќе се откажеш и ќе почувствуваш колку навистина е добра. Моментално си премногу горделив како помпезен петел, па секако дека не се чувствуваш пријатно. Но подоцна ќе почнеш да го цениш ставот на Создателот и ќе видиш дека Тој всушност покажува понизност. Кажано е дека таму каде што ќе ја откриеш големината на Создателот, таму ќе ја откриеш Неговата скромност. Нема ништо повисоко од скромноста, дури и ако егоизмот не се согласува. Скромноста е резултат на реакција на опкружувачката Светлина на Создателот, односно – горниот степен. Не се појавува наеднаш, ѝ претходи сфаќањњето на фактот дека Вишиот управува со љубов. За нас, моќта значи тиранија и угнетување, додека во духовноста е спротивно: Вишиот ти покажува до кој степен Тој се поклонува пред тебе. И заради тоа почнуваш да го цениш.

Прашање: Во тој случај, кој со кого работи: Тој со мене, или јас со Него?

Одговор: Работата е заедничка. Кажано е „Јас сум првиот“. Со други зборови, вишото ги создава сите твои состојби; секогаш постоиш во околностите кои Тој ги создава. Затоа најпрво, треба да запомниш дека живееш во свет создаден од Него. И потоа, треба да се погледеш себеси од страна: „Како реагирам на ова? Способен ли сум да направам нешто или сум целосно ослабен? Лут ли сум? Придонесувам ли? Како реагирам на мојата моментална состојба? Можам ли да преминам во посакуваната состојба? Која е таа?“ Барајќи начини да се направи овој премин, откриваш дека само преку вишото можеш да ја промениш твојата состојба. Тоа значи дека треба да го замолиш Него да го направи тоа. Што се однесува до Вишиот, Тој има изградено строг ред, синџир на состојби низ кои треба да те води. Ако се согласуваш со Неговиот план, ако бараш да одиш во наредната состојба, го откриваш како нешто добро и полезно. На крајот на краиштата, ти си го посакуваш и тој те исполнува. Меѓутоа, ако не ја побараш следната состојба, тогаш тоа ќе се манифестира преку лоши квалитети и штетни чувства. Значи синџирот е поставен и сé зависи од твојата подготовка. Со тоа што ја форсираш наредната состојба, ја примаш како подарок и спротивно на тоа, со одбивање на новиот степен, го чувствуваш во облик на страдање, кое сепак те учи нешто.

Прашање: Тоа значи дека мојата молба ги одредува чувствата попат?

Одговор: Да. Треба да побараш МАН, молба за поправање.

Прашање: Меѓутоа, понизноста ме лишува од силата. Невозможно е вака да напредувам бидејќи развојот се гради врз силна егоистична желба. Што ќе остане од мене по самоодрекувањето? Можеби ќе добиеме нов ум, но во суштина јас самиот веќе нема да постојам.

Одговор: Самоодрекувањето се остварува преку моќта на умот, преку блиско запознавање со Создателот, кога ја наведнувам главата, односно кога темелно работам на мојата желба. Самоодрекувањето е премин кон чин на дарување. Точно почнувам со самоодрекување, прифаќам нов ред на работа според кој треба да се обединам со оние кои се околу мене, да пробијам во нивните желби, да создадам нов сад. Ова бара многу различни и независни дејства бидејќи составувам независни делови. Значи тука нема никаков ќор – сокак. Создателот едноставно сака да бидеш „добро, паметно момче“. Кога се поклонуваш пред Создателот, всушност се поклонуваш пред својството на дарување, издигајќи го над егоизмот и продолжувајќи да работиш со ова својство. Па почни да го додаваш твоето его кон дарувањето.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 29/05/2012, Баал ХаСулам „600.000 души“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica