Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Светлината на далечниот дом

30.12.2010 -

Прашање: Што значи да се почувствува Светлината?

Одговор: Да се почувствува Светлината – значи да се почувствува насладување. Во вој свет јас можам да се насладувам со разни нешта кои ми се пријатни или непријатни, зависно од расположението.

Некогаш ми е пријатно да лежам во постела и не ми се станува да одам на часот, додека друг пат кога сакам да станам од постела ми велат: "Не, ти мораш да лежиш уште цела недела додека не оздравиш." Односно тоа не е апсолутно насладување, исто како и сладост, мекост, топлина – сите се ограничени, условни поими. Понекогаш тие предизвикуваат насладување, а понекогаш сосема спротивно чувство.

Вкупното насладување кое го чувствуваме во нашата заедничка желба за насладување се нарекува "Светлина". Затоа што Светлината која изворно постоела ја создала нашата желба/сад и сега таа желба се насладува кога Светлината ја наполнува и се открива во неа! Така ние функционираме! И затоа, кога Светлината ја напушта желбата, таа плаче и сака да ја врати назад. Така функционира целата творба.

Но Создателот сакал ти самиот да ја посакаш Светлината, а не само едноставно да ја примиш и да се насладиш. Тој сака освен насладувањето да имаш разбирање, осознавање на Светлината: од каде таа доаѓа, каде е нејзиниот извор, зошто те создала ваков и што бара од тебе? Светлината како да сака да ти покаже: гледај од каква далечна ѕвезда сум дојдена, таму е толку чудесно и добро, ќе те земам таму со мене! И затоа таа се крие од тебе и преку секакви посредни дејства го привлекува твоето внимание од сите страни се додека ти не посакаш наместо насладувањето кое таа може да ти го даде, и воопшто и покрај сите насладувања, да го дознаеш нејзиниот извор, од кој е дојдена.

Таа сака да те земе кај неа дома! За да не се смириш со тоа дека едноставно си се наполнил со Светлина. Бидејќи ако посакаш да одиш кај неа, во нејзиниот "дом" – тоа значи дека ја сакаш, а не само да сакаш да примаш наполнувања од неа.Ти мораш така да ја засакаш за да бидеш подготвен да леташ со неа таму, кон "таа ѕвезда" од каде е дојдена – само за да бидеш со неа и да не се разделуваш од неа. Без оглед на тоа дека притоа ти сосема се исклучуваш од насладувањето, покажувајќи со тоа колку ја сакаш.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата “ /30/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica