Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Светлината на Ханука во твоето срце

01.12.2010 -
Од писмото на Рабаш: "Познато е, дека свеќите не можат да горат, додека не се исполнат три услови: 1) свеќа – сад, во кој се налева масло 2) масло 3) фитил.

И кога овие три услови се соединуваат заедно – можеме да се радуваме на Светлината која се роди од нив".

Трите услови неопходни за светлината, ја одразуваат нашата градба. Ние се состоиме од желба за насладување, која делува егоистично. И кога го гледаме светот, забележуваме, дека е полн со страдања и проблеми. Никој не постапува чесно, сите си штетат еден на друг, и јас се прашувам, зошто Создателот (ако Тој воопшто постои) создаде толку лош свет – јас би го направил подобро од Него! Т.е. јас гледам преку својата зла, егоистична желба, и затоа забележувам наоколу зло.

Но ако почнувам да ја совладувам својата заблуда и помислувам, дека Создателот е добар и прави се добро, а јас го чувствувам злото само поради тоа што самиот сум лош, тогаш сите овие мисли и желби се соочуваат во мене во противречност. Тоа се нарекува "фитил" ("птила"), бидејќи јас дознавам, каде се "отпадоците" ("псолет") на мојата желба, и што во неа е лошо.

Желбата е сад, внатре во неа има "фитил", кој се раѓа од конфронтацијата со желбата. И тие разјаснувања ("бирурим") генерираат "гориво" ("беирут") т.е. масло – светлината Хохма.

Овие три компоненти се исто така присутни во човечката душа, која сака да се разбере себеси и да се запали како свеќа, а и во обичната свеќа – симболот на оваа душа. Садот – желба по природа е егоистична, "поради себе, бидејќи таков сум се родил.

Со помош на часовите по кабала, во групата, јас создавам "фитил", кој може да се запали – затоа што почнувам да се спротивставувам и да разјаснувам, кој е Создателот и кој сум јас самиот. А "маслото" е последица, бидејќи таа состојба генерира "гориво".

Јас водам борба: сакам да постигнам давање и не сум за тоа способен. Јас се стремам напред, но природата не влече назад, Фараонот не ми дава да се оттргнам од неговата власт. Но така јас се дознавам себеси и Создателот, и преку јајив систем јас можам да бидам поврзан со Него.

" A после тоа надминување човекот ја добива Светлинaта на Создателот, која му ја осветува душата и се нарекува Светлина Ханука – т.е. откривање на вишото управување, кое носи добро на творбите."

Од утринската лекција според писмата на Рабаш /01.12.2010

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica