Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Секој човек „готви“ според сопствениот рецепт

altПрашање: На собирот открив дека немам желба да се поврзувам со другите. Како да ја добијам оваа желба?

Одговор: Природно е да немаме желба да се поврзуваме. Живееме во свет каде што неповрзаноста и неединството растат од ден на ден. Луѓето се кријат зад компјутерските екрани и мобилните телефони, и сите други средства кои создаваат илузија на поврзување наместо вистинско обединување.

Но нам тоа повеќе ни се допаѓа! 99% од направите кои се произведуваат се со цел да му помогнат на човекот да избегне поврзување со другите. Создаваат илузија дека немаме потреба да се сретнеме во живо за да се погледнеме во очи, дека доволно е да гледаме во мал екран и да притискаме копчиња. Никој не се погледнува со другите. Луѓето одат по улица како зомби насочени кон целната точка и практично не ни зборуваат меѓу себе. Целиот свет сé повеќе и повеќе се одалечува.

Моето его ме тера максимално да го ограничам поврзувањето со другите, и затоа ми треба посебен стан и посебна храна. Го градам моето живеалиште така што ги имам сите домаќински уреди во мојот дом и не морам да зависам од некој. Наскоро роботите ќе ги извршуваат сите наши домашни задачи и нема да ни биде потребен никој друг. Човекот се чувствува најдобро кога е сам. И ако одеднаш му стане досадно, му се јавува некому или му праќа електронска пошта.

Со овој облик на развој на нашиот егоизам, стремежот за обединување е едноставно спротивен на нашата материјална природа. И јасно е дека луѓето кои доаѓаат на Собирот да се обединат се чувствуваат незгодно. Освен тоа, колку е поразвиен човекот, толку поголем отпор чувствува, како што е запишано, „Оној кој е поголем од својот пријател има поголем егоизам.“

Ова одбива многу нови луѓе, како и долгогодишни, добри, силни студенти, фрлајќи ги надвор од нивните граници. Мора да разбереме дека ова е природната реакција на секој човек. И ако некој си замине, тоа не значи дека тој е подготвен за духовен напредок, туку тој едноставно не добил доволна поддршка и трпелив однос од другите. Секој човек треба да добие можност да работи на Собирот и на некој начин да учествува, и постепено, времето ќе го стори своето. Ако човекот има голема егоистичка желба, тој не може веднаш да го прифати фактот дека мора да се поврземе.

Просечниот човек лесно ќе се согласи да седи заедно со другите и да пее. Но за индивидуалист кој има силни желби – егоизам, гордост и љубов кон моќта – ова е неприфатливо и неподносливо, и тој бега. Затоа, мора да им дадеме шанса на овие луѓе да „готват на тивок оган“. Тоа е како подготвување на јадење во кое секоја состојка се готви посебно и во различно време, и потоа сé се комбинира заедно во еден сад. Исто така, има секакви видови на луѓе во групата, и секој човек има сопствено време на готвење! Но на крајот сите ќе се обединат и ќе готват заедно.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција на Каб. Тв 18/05/12 „Прашања и одговори за минатите собири“.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica