Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Сложување на мозаикот: која е оригиналната порака?

Вака стојат работите пред нас: Сите овие слики и промени почнуваат и завршуваат само со впечатоците на душите. Сепак, по волјата на Бога, изгледаат како да се тие самиот човек. Го прави тоа за да го засили и прошири достигнувањето на душите до максимум, согласно со Мислата на Создавање, за да ги задоволи Неговите битија.“

Празнината меѓу мене и посакуваната слика која ја замислувам, треба да биде исполнета со знаење. Мора да се напрегнеме да сфатиме и да разјасниме и со тоа да ги прошириме нашите садови. На крајот ќе постигнеме реалност која е 620 пати поголема од првичната реалност и ова додавање доаѓа од главата на Парцуфот.

Желбата која е создадена од Создателот останува иста, но прима дополнително сфаќање и признавање, и со тоа квалитативно расте. Тоа значи дека го постигнувам не она што сум го примил од Создателот, туку самиот Создател.

Прашање: Ако ја исполнам оваа празнина со знаење, која е улогата на чувството?

Одговор: Создателот од нас сака само едно нешто, да изградиме ум над чувството за да го сфатиме, постигнеме и откриеме Него. Со тоа се прошируваат и нашите садови на чувства, бидејќи умот работи над чувства; ако знам од кого примам задоволство, тогаш задоволството е 620 пати поголемо. Пред да ми е понудено слатко не сакав да го вкусам. Наеднаш откривам дека ми го дал некој што го почитувам и тогаш слаткото веднаш добива поинаков вкус. Сé зависи од нашата проценка.

Да речеме дека ве послужиле пријатно, старо вино од посебни залихи, и воедно ви кажале за неговата историја, секако дека ќе си налеете и ќе уживате во секоја голтка. Но што ако наеднаш испадне дека има грешка и дека виното всушност било од буре наменето за обичен супермаркет?

Нашите вкусови и склоности зависат од нашите вредности, сé зависи од нашата проценка. Ако ценам нешто, го чувствувам неговиот вкус. Тогаш според овој вкус ги проценувам другите работи. Меѓутоа, без никаква првична проценка, јас сум како компјутер без софтвер, само парче метал. Секако дека има генетски разлики во вкусовите, но исполнувањето на мојата желба е тоа што ги одредува вредностите. Затоа, додавањето 620 пати ми овозможува ментална проценка, препознавање на оној кој ми причинува задоволство.

Прашање: Како треба да ја направам правилната проценка ако пред мене гледам слика која е целосна спротивност на правилното подредување на приоритетите?

Одговор: Оваа слика ти е дадена намерно за да ја поправиш. Морам да ја видам важноста на оној кој ми ја пратил оваа расипана форма што ми овозможува да се поправам. Без растурената сложувалка не би ги составил одделените делови заедно и не би го стекнал умот на уметникот низ овој процес. Се напрегам себеси со цел да ги составам деловите и на крајот, сложувајќи ја оригиналната слика, ја откривам нејзината порака: „Те сакам“. Освен тоа, сега знам Кој ми Го вели тоа и што значат Неговите зборови.

Од третиот дел на дневната кабалa лекција 29/05/12, Баал ХаСулам „600.000 души“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica