Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Смртта не постои

Согласно теоријата за биоцентризам, смртта, онаква каква што ја разбираме, - е илузија, создадена од нашата свест. Ние сметаме, дека животот се состои во активноста на јаглеродот и молекулите. Додека се тие активни, ние живееме, а потоа – гниеме во земјата. Луѓето веруваат во смртта затоа што така ги учат, или затоа што човековата свест го асоциира животот со работата на внатрешните органи. Но животот и биологијата заземаат централно место во реалноста, животот ја создава Вселената, а не обратно. Тоа значи, дека свеста на човекот ја определува формата и големината на објектите во Вселената. Сè што гледате, не може да постои без нашата свест. Просторот и времето се инструменти на нашиот ум. Штом ја прифатите оваа теорија, ви станува очиглено, дека смртта не постои.

Реплика: Кабалата зборува за тоа од времето на Адам. Чувствувањето на светот е субјективно. Засега ние го чувствуваме постоењето преку она, што се нарекува наше тело, т.е. во  нашите 5 сетилни органи. Кабалата му овозможува на секој човек да развие дополнителни сетилни ограни и да го почувствува другиот свет, над постоењето во животинското тело.

„Игри на умот“ или „Кој игра со нас?“

Книгата Зохар како да говори за непознат за нас виртуелен свет. Вчера гледав научно-популарен филм „Игри на умот. Нашиот мозок нè мами“. Научниците дојдоа до заклучок, дека нашиот мозок, добивајќи електромагнетни сигнали, ни црта свет, кој не постои.

Прашање: На крајот на краиштата, тие заклучуваат дека сите ние сме во одредена игра, со која не е познато кој управува, и не е јасно со каква цел. Дали би можеле да го продолжите тој филм и да објасните, кој игра со нас?

Одговор: Во делот на Кабалата „Воспримање на реалноста“ ние учиме, дека целокупната реалност која ја чувствуваме – се чувствува во нас, ни ја „црта“ нашиот мозок во форма на слика, наводно на светот околу нас. Надвор од нас нема ништо – ниту простор, ниту нешто што го исполнува. Сè што чувствуваме, чувствуваме субјективно ние. Сè се случува само во нас. Ние зборуваме за сè, за нас и за светот околу нас, навидум објективно, небаре тој постои и надвор од нас и без нас, но нашето воспримање работи само во однос на нас, нашите сетилни сетилни органи. Кабалистите говорат за релативноста на нашето воспримање, според Ајнтштајн, веќе речиси 6000 години. Книгата Зохар, напишана пред 2000 години, раскажува за Земјата во облик на топка. Опишани се еволуцијата, сите промени во природата и општеството, современата криза и нејзиното решение. Нам ни останува само да ги примениме тие знаења, и со нивна помош да излеземе од кризата во нов поглед на светот.

Од утринската лекција, 25.11.2013, на каб.Тв

„Игри на умот. Нашиот мозок нè мами“

Последните откритија на научниците буквално го потресоа научниот свет: тие докажале, дека нашиот мозок нè мами, и целиот свет – небото, сонцето, дрвјата, па дури и собата, во која престојуваме, - всушност постојат само внатре во нашата свест. Онур Јилдиз (биолог): „Надворешниот свет е слика, склопена во мозокот, како резултат на пренесувањето на информациите за него преку електрични сигнали. Зрелоста на јаболкото, цврстината на штицата, вашите мајка и татко, домот – сето тоа ние го воспримаме преку електрични сигнали, кои ги восприма мозокот“. Повеќе од тоа, физичарите тврдат, дека во надворешниот свет, надвор од нашиот мозок, не постои дури ни светлина. Но тогаш на кој начин ние ја воспримаме реалноста? Обидувајќи се да одговорат на ова прашање, научниците дошле до заклучок, дека нашиот мозок на необјаснив начин ги забележува невидливите електрични импулси, сигнали, кои доаѓаат од надворешниот свет. И мозокот самиот ги трансформира во разнобојни слики. „Во мозокот на секој од нас владее целосен мрак, бидејќи светлината не може директно да влијае врз мозокот, но притоа ние гледаме живописни слики на светот, додека реално тоа се надворешни сигнали. Не треба да заборавиме, дека и нашето тело исто така е воспримање, кое се формира во мозокот“. Но како мозокот ги добива тие сигнали? И кој ни ги праќа? Кој им диктира на луѓето како треба да го гледаат светот? И што, ако сè, што сме навикнале да прифаќаме здраво за готово, се покаже како наша фантазија? Во 2012 година научникот од НАСА Рич Терил истапи со сензационална изјава – математичките и физичките пресметки, кои тој ги правел веќе долг период покажале, дека нашиот свет е најсложена дигитална програма, напишана специјално од некој. Научниците сметаат, дека ние живееме во гигантска компјутерска симулација, создадена од програмер од иднината. Павел Свиридов (дописен член на Руската академија на науките): „ Тоест ние постоиме и се чувствуваме како реални објекти седејќи во фотеља или на каучот пред телевизорот, и разгледуваме некој свет, кој за нас реално не постои, туку претставува некоја одредена проекција на брановите од телевизискиот етер.“           

Да стане подостапна теоријата на Терил, како пример тој го земал светски познатиот приклучок за игри Play Station и претпоставил, дека веќе после 30 години, човекот ќе совлада такви компјутерски игри, кои целосно ќе можат да го симулираат реалниот живот, во кој ќе има стотици херои. И секој од тие виртуелни херои ќе има своја судбина. Терил смета, дека нашиот живот исто така претставува компјутерска игра. „И Нешто решило да создаде некој вид на лабораторија, во која ќе дејствуваат анимирани играчки. И Тоа праќа сигнал, Тоа нè прави од ништо, од етер, и нè тера да дејствуваме, да правиме претстави“. Покрај тоа, научниците тврдат, дека компјутерски генијалци веќе денес почнале да создаваат виртуелен свет, кој во најскоро време ќе стане пореален од оној, чиј дел сме ние. Така, според пресметките на Терил, веќе постојат повеќе од сто милиони приклучоци за игри, и секоја од нив може да ја репродуцира судбината на 10.000 виртуелни херои. Тоа значи, дека многу бргу ќе дојде време, кога во витуелната реалност ќе живеат повеќе луѓе, отколку во реалниот свет. „Ние го воспримаме овој свет како практично реален, т.е. ние се одзиваме, се наоѓаме во местото на збиднувањето, ја следиме логиката на водачот и сл. Де факто овој свет не постои. Тој се склопува од некои виртуелни карактеристики на својствата на брановите од етерот, рефлектирајќи се во нашиот мозок“. Но најчудното е тоа, што, според мислењето на американскиот научник, светот што нè опкружува се развива исто, како и реалноста во добра компјутерска игра. И во виртуелната игра, исто како и во обичниот живот, има градови, коли, дрвја и луѓе. Секој херој во компјутерската игра има своја судбина. Виртуелните луѓе, исто како нас, тагуваат, се радуваат, склучуваат бракови. А некој цело време внимателно го набљудува виртуелниот свет, и создава сложени ситуации за своите херои. Според истиот принцип, смета научникот, изграден е и  нашиот свет.  „Нè гледа нас, суштествата, ракоплеска – браво, одлично! Затоа, колку е посложена судбината, колку поинтересни се постапките, толку поинтересна е претставата. Затоа ги зближува принципиелно спротивните луѓе, бидејќи од спротивностите се создаваат интересни композиции“. И, ако тоа навистина е така, може да се испостави, дека сме само мало делче од гигантската компјутерска фантазија. Што ако навистина околу нас нема ништо, и светот се состои само од празнина?               

Картал Ѓоктан (д-р по медицински науки, физиолог): „Секоја информација за светот, во кој живееме, стигнува до нас преку нашите 5 сетилни органи. Односно, ние го спознаваме светот, гледајќи со очите, допирајќи со рацете, вдишувајќи мирис, чувствувајќи го вкусот со јазикот и воспримајќи ги звуците преку слухот. Од самото раѓање, целосно сме зависни од тие сетилни органи. Ние дури не можеме да претпоставиме, дека светот што го гледаме може да биде поинаков, различен од постоечкиот свет, кој го спознаваме со помош на тие сетила“.      Но кој може да каже точно, дека нашите очи не нè мамат? Последните откритија на научниците докажале, дека човекот ја восприма надворешната реалност така, како што ја гледа мозокот. Слух, допир, вкус, мирис – секој од овие осети и воспримања се пренесува во мозокот како електричен сигнал, и се восприма во соодветните мозочни центри. „Кога велиме дека гледаме, ние всушност го гледаме ефектот, создаден во мозокот како резултат на трансформацијата на светлината во електричен сигнал. Сè што гледаме, допираме, слушаме и го нарекуваме материја, свет или универзум, всушност претставува само електрични сигнали, кои се рефлектираат од некои надворешни објекти или извори на енергија, кои се пренесуваат во мозокот и формираат во него визуелна, вкусова, тактилна, мирисна или звучна информација“. Излегува, дека реалноста претставува дешифрирани од страна на мозокот електрични сигнали, добиени однадвор. И сите зачудувачки живи и прецизни слики, кои ги гледаме во текот на животот, се формираат само во визуелниот центар на мозокот, чија димензија е само неколку кубни сантиметри.

„Постои можност реалниот свет, кој се наоѓа надвор од нас, многу да се разликува од оној, што го гледаме. Или во него можат да постојат многу суштини и димензии, кои нашите сетилни органи не ни ги пренесуваат, бидејќи не се програмирани за нивно воспримање“. Но ако никогаш нема да успееме да определиме како навистина изгледа светот, од каде може да дознаеме каков е тој всушност? Каде е гаранцијата, дека не сме дел од создадениот модел, и не нè набљудува некој? Бидејќи некој ни диктира какво треба да биде небото, тревата, или вкусот на храната која ја употребуваме. „Кому всушност му припаѓа внатрешното око, кое гледа, го восприма виденото и реагира на него? Филозофите од времето на античка Грција не престанувале да размислуваат за духот во машината, малиот човек во малото човече и т.н. Каде се наоѓа „јас“ што го користи нашиот мозок? Кој е тој, со чија помош ние го спознаваме светот? Како што велел светиот Франциско Асизски, ние цело време го бараме оној, кој всушност седи внатре во нас“. Но ако нашето тело и мозок не постојат, ако надворешниот свет е навистина празнина, тогаш што претставува разумот? Можеби токму нашата свест е единственото реално нешто. Покрај тоа, некои истражувачи претпоставуваат, дека зад границата на материјалниот свет постои неверојатно голем број на невидливи за нас светови, во кои, по нејзин избор после смртта на телото, може да отпатува душата. И бројот на тие реалности постојано расте.

Олга Листопад (биохемичар): „Опсегот на нашето воспримање е многу ограничен. На пример, ние не ги гледаме инфрасоничните бранови, ултравиолетовата светлина, инфрацрвеното зрачење, ние не ги воспримаме гама-зраците. Но другите животни го воспримаат светот токму така. Пчелите го гледаат светот во ултравиолетов дијапазон, затоа за нив се забележиви многу предмети, растенија, кои ние не ги гледаме“. Фактот, дека надвор од нашето воспримање постојат други светови, во 2012 година го докажа група на математичари од Универзитетот во Оксфорд. На научниците им успеало со формули да го докажат она, што уште во 1950 година го кажал познатиот американски научник Хју Еверет. Тогаш физичарот ја објавил теоријата, дека мислата и настанот влијаат врз светот што нè опкружува. Тој претпоставил, дека секој нов настан предизвикува поделба на вселената, што значи бројот на нови реалности постојано расте. Но дали може човекот да се преместува од една реалност во друга? И ако во оваа реалност на Земјата се сруши астероид, секогаш ќе постои можност да се преместиме во онаа реалност, каде што космичкото тело пролетало покрај планетата. „Ако со голема секира не може да се расече комарецот на 100 дела, тоа не значи, дека комарецот е неделив. Кога ќе имаме техничка можност, ние тоа ќе го направиме. За да се направи тоа, потребна е одредена опрема, која функционира според принципите, кои веќе денес се откриени“.                              

Согласно теоријата на Еверет, постојат онолку други реалности, колку што има варијанти на развој на секоја ситуација. На пример: возачот на автомобил го гледа пешакот, кој истрчал на патот. Во едната реалност, возачот, за да го избегне прегазувањето, загинува сам, во другата – тој стигнува во болница и останува жив. Во третата, загинува пешакот. Сигурно постојат и други варијанти на развојот на оваа ситуација. Но тогаш излегува, дека бројот на алтернативните сценарија е бесконечен, а тоа може да значи само едно – ние живееме само во едниот од многубројните паралелни светови, но воошто не во единствениот. Оваа теорија ја потврдува и рускиот научник Јуриј Иванов. Физичарот тврди, дека човештвото веќе открило најмалку две реалности – тоа се микро и макро световите. „Дел од овие светови ние научивме да ги гледаме: на пример да земеме обичен микроскоп и да видиме живи суштества, кои се невидливи со голо око. Истото го правиме кога го употребуваме телескопот – ние гледаме нанадвор. Но треба да сфатиме, дека тој опсег кој го гледаме е многу мал“. Макросветот се луѓето, животните, зградите, дрвјата – сè што човекот може да види. Додека микро светот е милион пати помал од нашиот. Во него се одвиваат свои процеси и постојат свои закони. Излегува, дека структурата на нашиот простор и паралелните светови можеме да ги споредиме со „матрјошките“, во кои една во друга се сместуваат реалностите. И секоја што следи, е помала од претходната.                      

„Постојат докази, дека и на квантно ниво, на нивото на елементарните честички, ние гледаме како различните реалности, различните вселени заемно се прелеваат една во друга, или постојат во вид на „матрјошки“, или се заемно поврзани меѓу себе. Тогаш тоа е можеби најдобро сфаќање на светот онаков, каков што е“. Микро и макро световите ги поврзуваат невидливи бранови, кои можат да станат проводници во другата реалност. Иванов тврди – за да се најде во намалена копија на нашата реалност, човекот мора да се смали неколку десетици пати. „Во услови, кога телата ја менуваат големината со смалување или зголемување. Притоа, ако ја промениме фрекфенцијата до степен, кога нашите сетилни органи и уреди ќе престанат да ги воспримаат тие атоми, или материјални објекти, тогаш тие едноставно ќе се изгубат од нашето видно поле. Односно, навидум ќе исчезнат“. Така, ако замислиме, дека човекот се смали 100 пати, тогаш тој со помош на осцилациите на брановите ќе може лесно да се движи по многубројните микрогранули, од кои е составена нашата реалност. „Променувајќи ја сопствената фрекфенциска состојба, можеме да исчезнеме од овој свет и да се пројавиме во друг.  Исто како што ги менуваме радио станиците. Тогаш тој свет ќе биде реален за нас. На таков начин тие светови можат да коегзистираат, без да си пречат еден на друг“. Кога патникот ќе ја достигне потребната дестинација со помош на специјалните технологии, тој повторно вештачки ќе ја смали фрекфенцијата на вибрирање на атомите, и така повторно ќе стане со нормална големина. Ако сличните технологии станат реалност, тие ќе ни откријат апсолутно фантастични можности. И тоа значи, дека човекот ќе може лесно да патува во паралелните простори.

„Ако се менува фрекфенцијата на своето опкружување и на својот апарат, за нас, ако седиме нема ништо да се промени – како што течело времето, така и ќе тече, како што пиевме кафе, така и ќе пиеме. Тоа ќе се случува за оние што останале. Тие ќе видат дека со нас нешто се случило, ние се претворивме во магла и се изгубивме од видното поле на нивните сетилни органи и уреди“.  Ние не знаеме како навистина изгледа нашиот свет – дали живееме во целосен мрак, или пак реалноста е исполнета со живи бои. Ние не можеме со сигурност да речеме, дека очите не нè мамат, а предметите што се наоѓаат околу нас, навистина постојат, и дека тоа не е фантазија на нашиот мозок. Но што ако навистина сме дел од виртуелна игра, и постои Тој, кој нè гледа одозгора, кој ни праќа сигнали, кои ние ги нарекуваме интуиција? Што ако судбината претставува однапред програмирани параметри на комјутерската игра?  И ако тоа навистина е така, тоа може да значи дека еднаш играта ќе заврши, екранот ќе се изгаси, и сите ние ќе исчезнеме...

Оригинал на руски

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica