Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Создателот не постои надвор од нас

 21.03.2011 - Прашање: Како можеме да го замолиме Создателот за помош и да сакаме само да даваме, без да примаме ништо за себе?

Одговор : Токму за тоа и се молиме. Го молам Создателот да ми даде прилика да давам, при тоа „да му се даде на Создателот" значи да ѝ се даде на групата бидејќи е напишано, „Јас живеам меѓу Моите луѓе." Ова е истото.

Нема друг Создател. „Јас живеам меѓу Моите луѓе" значи дека Тој станува разоткриен во групата. Заедничката сила на групата се вика „Создателот." Да се дава на групата како целина значи да му се даде на Создателот.

Ние за ова размислуваме во световна смисла и затоа ни се чини, „Што е толку специјално кај групата? Што можам да им дадам? Без поврзување?!" Но кога навистина би излегле од себе и би дошле во состојба на давање на другите, би ја откриле Вишата стварност, место овој свет. Само што ние не го постигнуваме тоа.

Се јавува прашање: Но многу филозофски учења исто така застапуваа давање на општеството и го сметаа гласот на народот за гласот на Господ? Сепак, тоа не е точно, бидејќи не ја користеле Светлината која нè поправа, внатрешната сила присутна во општеството.

И на крај, што има да каже науката за кабалата? Немате ништо свое сем желбата. Во таа желба се наоѓа специјална сила наречена „Создател", која е таму скриена уште од почетокот. Можете да ја разбудите во групата ако навистина сакате да напредувате до таа сила, да ѝ дадете на групата. Таму ќе дојдете лице в лице со крајните резултати – со себе, со групата, и со Создателот.

Сè е во групата, во давањето кое го стекнувате надвор од себе. И нема разлика дали давате на групата или на Создателот. Давањето на групата значи давање на келим, или желбите на другите, а давањето на Создателот значи дека сте повеќе вклучени во заедничката сила на давање која владее во тие желби.

Мораме да се одвоиме од религиските идеи, од нашата вродена вера во некаков Создател кој владее некаде горе на небото и влијае на нас оттаму. Видете колкава моќ врз нас има овој стереотип! Но всушност, нема Виша Сила надвор од нас! Таа сила е во групата, во врската помеѓу нас. И не постои ништо освен таа стварност, која вие ја откривате. Не постои ништо надвор од стварноста.

Со сè подлабоко навлегување во овие идеи, почнувате да сфаќате дека ова е мошне материјалистички пристап.

Од утринската лекција 21.03.2011, "Зохар"

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica