Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Спознавајќи ги имињата на Создателот

Статија на Баал ХаСулам "Науката кабала и нејзината суштина". Поглавје "Изрази во духовното": Духовното нема облик и затоа не постојат знаци, со кои би можеле да се користиме. И дури ако е кажано за него генерално, дека тоа е обична светлина, која се спушта и се привлекува кон тој што изучува, додека не се преслече на него и не се достигне со него во степен, доволен за откривање на Создателот, тогаш тоа е само јазик на алегории и приказни, бидејки сé, што се нарекува во Духовниот Свет-Светлина, не личи на светлината на сонцето или свеќата.

Духовните поими – за човекот кој не го осеќа духовниот свет, -се целосна збрка, апстрактни зборови. Како за малото дете, кое сеуште не ја разбира смислата на зборовите, и кое само ги повторува по возрасните – ти го прекоруваш: "Што си направил?", и тој одговара со радосно ехо: "Што си направил?"! Односно ние не разбираме, за какви духовни појави говорат овие зборови, како истите тие мали деца, повторувајки ги по кабалистите нивните зборови. Но постепено ние мораме да се приближиме кон нивната вистинска смисла и да осетиме, што стои позади позади тие зборови.

Сите духовни поими ја изразуваат желбата и осетот внатре во желбата – бидејки во целата реалност не постои ништо, освен тоа. Постои желба, духовниот сад – и тоа што влегува внатре во таа желба. Тој впечаток внатре во желбата се нарекува светлина. Желбата се дели на 5 нивоа: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин, Малхут – и согласно на тоа ние откриваме во неа 5 светлини: нефеш, руах, нешама, хаја, јехида. А збирот на сите овие пет светови и петте желби го одредува "името на Создателот" – на некој, кој на мене влијае. Зошто Тој ги создал во мене тие желби, Тој ми даде екрани за нив, Тој направил така за јас да го почувствувам Неговото влијание токму на таков начин – сето го сторил Тој!

Но јас само ги чувствувам последиците од неговите дејства. И затоа се, што јас откривам, се нарекува "работа на Создателот". И јас Го нарекувам со тоа име, кое ми го дава збирот на желбите и светлините што ги осеќам во нив – односно целиот мој впрчаток. Токму така и се создаваат називите во духовното. Се што нам ни е потребно – да се разбереме самите себе! И кога ние ќе се разбереме себеси, тогаш внатре во себе ќе го откриеме Создателот! Затоа Тој така се нарекува "Боре" ( "дојди" и "види"). Името на Создателот – тоа сум јас, кој ја осеќа во себе Неговата особина на давање, кое се пројавува во мене. Затоа, во почеток ние, како деца, ги повторуваме неразбирливите зборови, кои ни ги кажуваат кабалистите: Кетер, Хохма, бина, АБ, САГ... Но на крајот ние мораме да го достигнеме нивното чувствување и да разбереме, што тие означуваат.

Од утринската лекција 06/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica