Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тест за несебичност

 

Прашање: Што е љубовта на Создателот?      

Одговор: Љубовта е шанса да се исполни нечиј туѓ недостаток (сад) користејќи ги моите садови. Во нашиот свет сакаме нешто бидејќи тоа ни дава задоволство: вкусна и позната храна, луѓе кои не задоволуваат, моите деца за кои природно сум приврзан. Ова го нарекуваме љубов.

Но духовната љубов не е кога ги исполнувам моите садови со некој или нешто, туку кога ги полнам садовите на другите. Ова е целосната спротивност на тоа што сме навикнале да го мислиме за концептот на љубов. Духовниот свет е спротивен од телесната реалност. Ако се грижам за туѓите садови и сакам да ги исполнам како што тој сака да бидат исполнети, тоа значи дека го сакам тој човек. Сè додека се сакаме еден со друг и сè е во ред, склучуваме договор со Создателот да ја одржува оваа врска, дури и ако сè се промени заради различни надворешни причини. Без оглед што ќе се случи – сакам да ја задржам истата сила на љубовта и поврзување меѓу нас.

Прашањето е како може да се направи ова ако одеднаш откријам дека Создателот е одговорен за сите мои неволји? Мојот верен и сакам партнер наеднаш престанува да ме гледа и ми предизвикува секакви неволји и проблеми. Ме предава на секој начин и прави сè против мене и станува мој главен непријател. Па како можам да го одржам добриот став кон Него под такви услови?

Но спојувањето со Создателот значи дека сум поминал низ различни состојби и сум постигнал состојба во која не примам ништо од Него, ништо освен чувството на темнина. Но, над сето тоа градам врска на љубов, давање и поврзување, и покрај проблемите и страдањата кои Тој му ги причинува на моето его. Во таков случај тоа може да се нарече спојување.

Садовите во кои постигнувам спојување мора да бидат ограничени и скриени. Над нив е мојот Масах (екран) и повратната Светлина, и има спојување на садовите на давање.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 17/06/12 Шамати, 76  на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica