Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Треба да се стремиме само нагоре

Колку посилно се стремиме кон давање, толку повеќе ни ги зголемуваат нашите желби за примање. Ако пак се зголемуваат нашите желби за примање, тогаш ние одеднаш паѓаме и доаѓаме во темнина, имајќи потреба за нивна поправка. Затоа одново ни се потребно желбите за давање. Затоа, ако се стремиме кон спојување во давање, тогаш тоа е доволно за да цело време се нишаме горе-долу како на лулашка: час во примање, час во давање. И секој пат ќе напредуваме, зголемувајќи ги и желбите за примање и желбите за давање.

Ако пак мислиме само за своите желби за примање и за нивната непоправливост, постојано проверувајќи што има во нив, тогаш ништо нема да ни успее. Само посилно ќе ја откриваме нивната празнина и ништо повеќе. За да не не остават со нашите егоистички желби во таква состојба без надеж за поправка се случи разбивањето, после кое во желбите за примање продреле искри на давање. Со помош на тие искри, желбите за примање можат да се поврзуваат со желбите за давање, пречејќи им и нарушувајќи го нивниот мир. На таков начин, тие го внесуваат во желбите за давање, во Галгата – Ејнаим својот егоизам. И во таков облик желбите за примање, АХА”П исто така добиваат можност за поправка. Од ова може да се сфати колку е неопходна широка дисеминација на науката кабала.

Од утринската лекција по статии од Шамати – 30.08.2012, на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica