Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тропање на вратата на Создателот

Со цел да достигнеме љубов, ние прво треба да достигнеме страв од Создателот.

Првата фаза што треба да ја превземеме во овој процес се случува на ниво на обично дејство, како што е напишано: " ние ќе сториме, и ние ќе слушнеме! " ( " Наасе ве Нишма " ). Во нашиот свет, ние се грижиме за нашите блиски бидејќи нашата добросостојба зависи од нив. Меѓутоа, ние не ја искусуваме оваа природна грижа во однос на општеството и на Создателот.

Одтаму, ние мораме да вложиме многу труд со цел да го создадеме почетокот на таквиот страв во нас. Ние вложуваме голем напор во групата со цел да се обединиме. Читаме и слушаме многу за нефункционалниот систем на поврзување помеѓу нас, кој што беше намерно уништен од Создателот за да ние се стремиме повторно да го создадеме.

Ние се трудиме да се однесуваме како да се сакаме едни со други, како да си требаме едни на други.Овие обиди се, всушност, практични дејства и покрај фактот дека тоа е игра, површинско однесување.

Но на почетокот ние мораме да " направиме " и потоа ние ќе " слушнеме "! Да " слушнеме " е вториот дел кој зависи од Вишата Светлина, Создателот.Ако ние вложиме доволно напор, Светлината ни ја открива оваа можност: Го отвара влезот во нашите срца наречен " влез за оние кои тропаат на вратата на Создателот " ( Петах Ле Дофким Би Тшува ).

И тогаш ние почнуваме да ја чувствуваме желбата за дарување, отварање внатре во срцети низ кое чувствуваме грижа за другите, како мајката Бина за своите деца. Ние стануваме таа мајка Бина во однос на целиот систем на души со кој што треба да се обединиме со цел да им дадеме.

Јас го приспоив Создателот за мене со цел да му дадам на Него. Јас дарувам и така станувам привидно над Него. Нас ни недостига само оваа растрепереност. Кога еднаш ќе ја добиеме, почнуваме да разбираме како овој став се развива во љубов.

Од првиот дел на Дневната Лекција по Кабала 22/7/2010, Дел, " Вие Стоите Денес, Сите Вие "

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica