Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Учителот не може да ја изврши работата наместо ученикот

Во универзумот нема никакви одделни фрагменти туку сè е целосно, но ние во своето воспримање сме способни да ги фаќаме само одделните детали. Секој поединечен елемент на сметка на својата средина, може да се изрази себеси во однос на другите, добивајќи сили и поддршка од тие што го опкружуваат. Како резултат, опкружувањето му дава сили да се соедини со него. Секој посебен фрагмент е должен да ги восприми сите други фрагменти како единствено тело, целиот универзум како еден систем. Бидејќи постои правило: „Исраел, Тора и Создателот – се една целина”. Без Создателот јас не можам да го воспримам универзумот како единствена целина.

Бидејќи, ако присуствува Создателот, тогаш тој универзум има единствен Корен, кој целиот тој универзум го соединува во една целина – освен мене. Затоа, ако јас го чувствувам тој единствен корен, тогаш ја воспримам целокупната реалност како целосна – освен себеси. И во мера, во која сакам да се поврзам со целата таа реалност, јас преку неа можам да добијам сили од Создателот, и да се соединам со Него. Секој во оваа реалност има една иста цел и исти можности. Сè зависи само од тоа, како човекот ги користи тие можности. Тој мора да помине преку сите фази, и не може да добие поголемо пробудување, од она што самиот го дал на опкружувањето, како резултат на своите напори да се соедини со него. Во спротивно, тоа пробудување нема да претставува лично негово, заработено. Истото се однесува и на нашето учење, и на она, што има право учителот да му каже на ученикот. Сè зависи од желбата на ученикот, во спротивно ќе излезе, дека учителот му ја одзема слободата на избор, и му ја краде можноста да вложи напори. Тоа е забрането да се прави. Тоа би било исто, како небаре сочувствителната мајка ги прави домашните задачи наместо детето. Но зарем тоа ќе биде корисно за него? Тоа ќе порасне како незнајко. Во духовната работа невозможно е да се примени такво залажување, бидејќи секое наградување се дава само заради напорите: „Колку страдање – толку награда”. Садот самиот ја изнесува Светлината од скривањето, и ја открива.

Од Блогот на М. Лајтман на руски јазик,  20.12.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica