Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Чив е овој празник?

13.04.2011 -
Прашање: Што да правам ако не сум евреин и не го празнувам Песах?

Одговор : Па празнувај, што е проблемот? Зошто да не си поврзан со него? Значи ти си поврзан со „Израел" – со желбата која е упатена директно со Создателот (јашар-Ел). Освен тоа, можеш да го празнуваш овој празник во чест на некогашната група кабалисти кои ја поминале целата патека на подобрување и кои се распрскани со цел денес да ни помогнат нам да се поправиме.

Празнувајќи го Песах, се поврзуваме со таа група, не со народот, туку токму со таа група кабалисти. Секој што сака да излезе од моменталната состојба во духовниот свет, треба да ја почитува и цени таа група која ни направи пат и ни напиша книги со инструкции според кои ние исто така можеме да одиме напред.

Ние ги чествуваме нашите учители, без разлика на која националност припаѓаме. Ние ѝ припаѓаме на таа група, сакаме да бидеме блиски до неа. А потоа, кога ќе влеземе во духовниот свет, ќе се покаже дека сме заедно со нив, дека нашата група не е само пријатели од целиот свет, туку дека се и тие.

Најбитно е тоа дека тие, кабалисти од сите поколенија, некогаш се откажале од Вавилон, за да застанат на духовниот пат. А ние сме со нив, во истата група.

Од утринската лекција според статија на Рабаш - 13.04.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica