Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Човекот е формулата на врската

04.01.2011 -

Прашање: без опкружување невозможно е напредувањето. Како за време на читањето на Книгата Зохар може да се изгради опкружување?

Одговор: Ние градиме опкружување кога сите заедно сакаме да разбереме сé за што читаме во Зохар, во врската меѓу нас. Зохар ни црта различни форми. Што тие претставуваат?

Ако ние се соединиме еден со друг, тогаш ќе постигнеме некоја форма на врската помеѓу нас. Таа форма на врската ќе се нарекува, да речеме, "зајак". Следната форма на врската ќе се нарекува "крава", друга форма на врската – "магаре".

И можеби ние ќе дојдеме до таква врска, која веќе ќе се нарекува човек во различните фази на развојот – зародиш, доење, зреење, сé додека не го достигнеме нивото на човек. Тогаш формата на врската меѓу нас ќе добие облик на човек.

Односно тоа не сум јас, не си ти, ниту тој, туку формата на врската меѓу нас, некоја формула на врската ќе ни го даде ликот на човекот. Човек во духовното – е давање. Но што е тоа – давање? Каква форма на давање?

Тоа е одредена област меѓу нас кое ќе го наречеме човек. Таа област поминува секакви состојби за кои Зохар раскажува како за луѓе со различна боја на коса, очи и т.н. Во сето ова се зборува само за формата на врската меѓу нас. Освен тоа во науката кабала не станува збор за ништо друго. Бидејќи нема за што друго да се зборува. За желбата за насладување нема што да се каже – таа едноставно тежнее да прими насладување.

Но, колку што индивидуалнитe желби можат да се издигнат над самите себе и да се поврзат едни со други во давање, во врската меѓу нив тие ја создаваат таа заедничка форма, за која раскажува Зохар. Токму тоа е формата на Создателот, која ти ја откриваш. Затоа Зохар објаснува каква конкретно форма на Создателот ти откриваш. Тоа се нарекува човек во тебе – твоја внатрешна сличност со Создателот.

Го откриваш во не многу пријатен, поправен облик? Точно, засега си таков. И затоа Зохар раскажува какви чекори треба да правиш. Секогаш станува збор за врската меѓу душите – колку таа одговара на силата на давање, која пробудува меѓу душите омраза, грижа и други чувства. Но сето тоа – во врската меѓу нив.

Од утринската лекција за книгата Зохар “предговор кон книгата Зохар“ /04/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica