Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е душата?

Прашање: Што е „душа” во науката кабала?

Одговор: „Душа” (Нешама) е сад, наполнет со Светлина од скалилото на Бина. Ако над својата материјална, „животинска” желба за примање јас развијам однос кон ближниот, и сакам да бидам приврзан кон него, тогаш чувствувам отфрлање, одбивање. Продолжувајќи ја таа врска понатаму, јас почнувам да го презирам ближниот, а потоа да го мразам. Сè започнува од нултото, неутрално ниво. Секој пат, сакајќи добро да се однесувам со ближниот (+), јас наместо тоа манифестирам негатив (–). И што поголеми се моите напори (↑), толку поголем негатив ми се открива (↓). Така јас поминувам пет фази – од нултата до четвртата, на која се открива омразата – и таа се открива токму тогаш, кога јас сакам да достигнам љубов. Тоа се случува генерално при подем, и посебно на секое скалило. Додека не стигнам до „дното”, додека не продрам во желбата во целата нејзина длабочина (авијут) – омразата не ми се открива. И во секоја етапа постојат пет такви фази, кои ја сочинуваат конструкцијата АВАЈА.

Значи, душата е суштина на духовниот сад за давање на ближниот, или Создателот. Во нултата, првата и втората фаза овој сад е постојан, и неговото наполнување се нарекува „Светлина Нешама”. А во третата и четрвтата фаза, сè до крајот на поправката, јас го откривам врз непостојана основа, и затоа тој се нарекува „Нешама”, според веќе достигнатата постојана состојба. На таков начин сè се одвива во нашите заемни врски, во откривањето на омразата и љубовта, меѓу нив. Јас цело време се стремам да ги откријам, да ги изградам тие односи, одам како бик под јарем, како натоварено магаре, впрегнат, фокусиран на таа насока, и тогаш стекнувам душа. Тоа значи, дека душа немам ниту јас, ниту ти – но меѓу нас ние можеме да дојдеме до такви односи, кои ќе се наречат „Нешама”. И токму со тоа ние ќе ја завршиме нашата поправка, бидејќи останатите две нивоа – Хаја и Јехида – ќе се манифестираат поинаку, во други услови, во тие димензии, каде што имагинарниот свет веќе исчезнува...

И затоа Баал ХаСулам вели, дека сите имаме една душа. Тоа поле, таа врска, што се протега помеѓу нас, се нарекува „душа”, и таа е една. Сега таа се нарекува „Нешама”, а на крајот од поправката ќе се нарече за нас „Јехида”. Самиот збор „Нешама” е дојден од кабалата: тој означува различни видови на Светлина, која го наполнува поправениот сад во фазите, кои претходат на крајот од поправката. Во тој период ние само делумно ги присоединуваме Светлините Хаја и Јехида на непостојаната основа, и во Бина свети само мала Светлина од Светлината Хохма – одоздола нагоре.

Да се гледа Создателот во пријателот

Прашање: Зошто, поправајќи го својот однос кон ближниот во љубов, јас се здобивам со ново знаење за светот?

Одговор: Секогаш станува збор за твојата желба. Постојат само садот и Светлината – желбата и она што во неа се случува. Целата работа е во тоа, како јас од мојата желба се однесувам кон тебе, т.е. кон „туѓинецот”. Поинаку кажано, во мене е зацртан некој туѓ лик, а јас морам да ја поправам мојата желба во однос на тој лик, да ја претворам желбата во спротивност – и во согласност со тоа, да откријам нова состојба. Јас никогаш не излегувам од самиот себеси. Мене ми е потребно само да се променам себеси, својот лош однос, својата омраза, претворајќи ја во љубов. И тогаш во нашите односи јас ќе го откријам духовниот свет. Како и да е, сè се случува внатре. Пред нас се појавува огромен свет, меѓутоа сите сфаќаат, дека таа слика е зацртана во нас. Баал ХаСулам пишува за тоа во Воведот во Книгата Зохар. Но од каде тогаш во мене се појавува твојот лик?

Тој е резултат на дејството на Создателот. Сите нивоа на природата – неживото, растителното, животинското и човечкото, - сите скалила на развитокот на желбата, од нултото до четвртото, ме водат кон Создателот, кон постигнувањето на Вишата Сила. А сè што јас чувствувам однадвор, значи – тоа е Создателот. И затоа Рабаш пишува, дека во пријателот или барем зад него, треба да се гледа Создателот. Значи, надворешниот лик во мојата перцепција е искра, дел од Светлината, од Создателот. На таков начин, благодарение на разбивањето на садовите јас наеднаш ги откривам другите, туѓи луѓе надвор од себеси. Во мене се создава „дипол”: јас и уште некој. Тој некој сега засега го зазема местото на Создателот, за со него да ги спроведувам вежбите за самоусовршување. Меѓутоа, во суштина, освен човекот и Создателот не постои ништо друго. И затоа треба да сфатиме дека со своите поправки во кругот на пријателите, ние помагаме да успее целиот свет. И оттука е јасно она, што го пишува Баал ХаСулам на крајот од Предговорот кон Книгата Зохар: ако Исраел се поправа себеси, тогаш од него се фрла Светлина врз целата друга реалност. И ништо повеќе не е потребно, тоа ни е доволно, за да се поправиме себеси. На таков начин, мојот пријател – не е пријател, туку Создател, кој го внесува во мене тој лик во позадината на сите други нивоа на реалноста. Во четвртата фаза на развојот суштеството почувствувало срам пред Создателот – и токму затоа јас го мразам пријателот, кој го гледам пред мене. Ова е резултат токму на тој срам.

Да се вратиме кон знаењата, што човекот ги стекнува при поправката. Без тие знаења едноставно не може ништо да се направи. Во спротивно, како тој ќе ја расте својата љубов? Секое скалило се состои од чувство и разум – и невозможно е да се напредува само со едно од нив. Бидејќи насладувањето се состои во постигнувањето на дејствата на Создателот. Тој сака ние да го откриеме Него како вршител за доброто, и чинител на добри дела. А за таа намена, ти мора да знаеш како Тој тоа го прави: со која мудрост, во каква форма, со каква грижа. Мудроста тука е неопходна, и тоа длабока мудрост – ти небаре се преслекуваш во Создателот. Во нашиот свет додека самиот не созрееш, и не станеш татко – нема да ги сфатиш родителите. Така и во духовното, спојувањето е задолжително – без него нема да го сфатиш Создателот: кој е Тој и што е Тој. И, како последица на тоа, доаѓа љубовта. Додека не го сфатиш Создателот, не можеш да го засакаш Него. Како возрасни, ние се сеќаваме на различни случки од детството – на сè, што правеле нашите родители, што вложиле во нас, со што жртвувале заради нас, и почнуваме да ги сфаќаме, да ги сакаме многу повеќе, отколку во детството. Така е и со Создателот.

Општеството на иднината се раѓа меѓу нас

Кога го читаме Зохар, не треба да забораваме, дека се зборува само за врската помеѓу нас. Сè зависи од односите меѓу пријателите, и во тие односи се открива духовното. Формите на поврзаноста меѓу нас ја цртаат пред тебе сликата на реалноста. Затоа што и сега ти ги гледаш само тие форми на поврзаноста. Во секој случај ти го перцепираш светот согласно своите решимот (информациски гени), и од тоа се создава сликата на светот, кој ти си го замислуваш. Затоа што не постои свет надвор од тебе, постои само она, што ти си го замислуваш внатре во себе.

Сега ти се наоѓаш меѓу луѓето, во нашиот свет, си се родил, и си се развивал во наше време, но твојата перцепција на светот исто така се гради и од тоа што си поврзан со целиот свет. Дете, оставено во шумата, кое никогаш не видело луѓе, го перцепира светот согласно решимот – во вид на шума, животни и друга природа, бидејќи околната средина тоа не ја перцепира на ниво на човек, туку на многу пониските нивоа – неживото,  растителното и животинското. А ти ја перцепираш реалноста исто така на човечко ниво. Но во односите меѓу сите овие делови – неживата, растителната, животинската и човечовата природа, ти ја откриваш својата реалност.

Целокупната реалност, целиот свет е она, што се открива меѓу разбиените делови на суштеството, затоа ние велиме, дека перцепцијата на светот е субјективна. Ако не постојам јас - не постои светот, и нема за што да се говори. Баал ХаСулам пишува за тоа во „Воведот во книгата Зохар”. И затоа, ако ние сакаме да напредуваме кон повеќе прогресивни форми на перцепција, треба да ги пробудуваме напредните видови на поврзаност помеѓу нас. Не е чудно, дека така бара науката кабала. Сега ти ќе развиеш многу понапредни, сложени врски помеѓу сите, и во нив ќе откриеш многу повисока, многу понапредна, повнатрешна реалност. Сè зависи само од дејствата за поврзување.

Сега дојде време, кога сите врски помеѓу нас во нашиот свет се распаднале.. Ние тоа самите го гледаме и светот нè принудува да влеземе во нови врски. Светот уште не знае, од каков вид треба да бидат тие нови врски. Во исто време ние сме слушнале за тоа, но треба да почнеме да ги остваруваме. Тоа ќе мора да го направиме. Токму за тоа говори науката кабала: оставете ги сите измислени работи, почнете да се занимавате со изградба помеѓу вас на правилно општество на иднината. И тогаш, согласно со вашата поврзаност, која вие сакате да ја изградите, ќе добиете помош од Вишото, од природните сили. Интегралната природа, која сега се открива, ќе ви помогне, ќе влијае врз вас, и вие ќе почувствувате до кој степен сте соодветн на нејзиниот општ напредок, и ќе успеете. Природата може да ја наречеме Создател – тоа не е важно, бидејќи станува збор за закони. Тогаш каде можеш нешто да промениш, за да го забрзаш својот развој. Сега за првпат во историјата ти можеш да го забрзаш развитокот на човештвото. А претходно, секогаш си бил зависен од силите што те движат напред. Одвнатре се откривале секакви нови врски меѓу луѓето, се создавале нови општествени формации – после племенскиот поредок следел робовладетелскиот, потоа – средниот век, потоа – капитализмот, и сега ние се движиме кон комунизмот. Ова се петте вида на општествени формации.

Но што го унапредувало човештвото? Само општествените промени, новата поврзаност, која се открива помеѓу луѓето. Меѓутоа сега, во овој последен, петти период на развојот, ти не можеш да откриеш нови врски, кои се манифестираат во природата, на природен начин. Ти ќе ги откриеш во негативна форма, бидејќи си обврзан да ги надополниш. Затоа што тука сè зависи од твоето свесно напредување – ти мораш сето тоа да го постигнеш, ти мораш да се уподобиш на Природата. Токму во тој процес ние сега се наоѓаме. Затоа, ние само градиме помеѓу нас нова општествена формација, го забрзуваме овој процес, кој ќе треба да го помине целокупното човештво. Тоа се нарекува да се биде „царство на свештенството” и „свет народ” – да се покаже пример, да се биде водич. Но ние тоа го градиме во групата, меѓу нас, и сите – само во нова поврзаност.

Од Блогот на М. Лајтман на руски јазик, од утринската лекција, 17.12.2012,  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica