Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што разбираш ти ?

06.02.2011 -
Прашање: Во материјалниот свет ние ги гледаме јасните закони на развитокот. Во духовниот свет исто така дејствуваат јасни закони. Зошто тогаш во периодот на подготовката ние не наоѓаме ниту еден закон, ниту една причина? Дури поимот на времето станува нејасен.

Одговор: Јасно е дека ти сé уште не рабираш каде се наоѓаш – како новороденчето туку што појавено во светот. Твоите побарувања во врска со тоа несфаќање се разбирливи. Не е јасно само едно: зошто ти не разбираш дека таков е редот на поминување на скалилата?

Детето од своето незнаење ќе дојде до разбирање. А меѓуфазите кои ние не можеме да ги разбереме поминувајќи преку нејасни замаглени состојби –укажуваат токму на напредок. Нешто ни е нејасно, нешто ни е јасно, помалку јасно и повеќе јасно. Невозможно е да се расте поинаку. Дури и најмногу јасните нешта во нашиот свет не се толку јасни. И во духовното подоцна – исто така.

Но таму станува збор за развојот. Во нашиот свет на неживото, растителното и животинското ниво ние не се развиваме во вистинска смисла. Ние само гребеме слој по слој од природата на овој свет, секој пат манифестирајќи ја малку повеќе состојбата во која се наоѓаме. Дури и тогаш ние не ја осознаваме, туку се трудиме малку да се наполниме и се празниме уште повеќе. Тоа не е развој.

Јасноста и очигледноста е фикција. Кога би ни било јасно што да правиме, ние не би направиле толку глупости до сега. Напротив, глупаво е да се мисли дека живееме во свет кој го разбираме. Воопшто не. Напротив, како со доенчињата и малите деца со нас, исто така, владее заматување на сетилата, ние исто така не ги разбираме случувањата и сме конфузни. Сепак ние постепено ја откриваме ситуацијата вложувајќи напори и барајќи разбирање од повисокото скалило, од Вишата сила, таа да дојде, да нè наполни и да нè осветли
Токму тое е единствениот можен развој, вистински процес на растење. На никој друг начин.

Од утринската лекција според статија на Рабаш од 06/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica