Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Свесност

                                                                     

Опис:


Кабалистите го достигнаа сето тоа. Но не морате да и верувата на Воспримената Реалност на збор... Тестирајте го методот на Кабала врз себе, и откријте повисоки нивоа на свесност за себе.

Превод

Кои други сетила и нивоа на свесност ги имаат достигнато другите луѓе?

Воспримање на реалноста: Свесност

Се опкладувам дека ова го гледате по втор пат... Ќе разберете зошто го велам ова подоцна.

Кабалистите достигнаа сè и ни зборат оттаму во книгите кои што ни ги оставија за нивните достигнувања. Тие содржат мапа која објаснува од каде сме дојдени, каде одиме и како да стигнеме до таму. Со нашата сегашна перцепција ние размислуваме за тоа како за таму некаде - како некаде во просторот или го користиме изразот друга димензија, но бидејќи не можеме ни да замислиме нешто друго освен согласно на формите кои веќе постојат во нашиот ум како резултат на искуствата ние ги проектираме тие форми како "таму некаде". Но сите тие проекции не се таму некаде, тие се само забавни преработки на нашето сегашно ниво на перцепција. Ние секогаш размислуваме во време - простор. Тоа ѝ припаѓа на научната фантастика и дури е и ограничување на врвната наука. Квантните физичари отворено признаваат дека тие можат само да ја опишат границата на човечката перцепција, но не можат да ја проникнат или да ја избегнат.

Кој друг начин постои да се искуси? Што навистина другите, повисоки димензии значат? Каде е нагоре, а каде е на надвор?

Погледнете го ова. Дали сте виделе нешто вакво порано? Ако не сте виделе тогаш тоа на вас ви личи како случајно распоредени точки, кои што можеби имаат некаков шематски распоред, но се целосно апстрактни. Всушност не се апстрактни воопшто, секоја точка има своја цел и без неа целта не може да биде постигната.

Ова е тридимензионална слика кодирана во дводимензионална проекција. И ако го користите вашето сетило за вид како што сте навикнати, нема да можете да ја видите тродимензионалната слика. Но постои начин да се види. Морате да се доближите блиску до мониторот и притоа вашот поглед да не биде фокусиран и потоа полека повлечете се наназад без да го фокусирате погледот... обидете се.

Ако сте успеале тогаш сликата ви се појавува пред очи - ја гледате? Сега е очигледно дека повисоките димезии секогаш постоеле заедно со пониските... и дека пониските можеле да бидат создадени само со знаењето што оваа слика треба да содржи во повисоките. Размислете за ова.

Идејата да се создаде нешто како тродимензионална слика скриена во дводимензионален цртеж, ќе ви донесе чуство на вложен труд, откритие и откровение кое што доаѓа од бескарајно повисока и квалитативно различна димензија која што никогаш не би можеле да ја замислите ако ги гледате само точките раздвоени меѓусебно со простор. И таа мисла е исто така кодирана во дводимензионалната слика!

Значи секое повисоко ниво е повеќе вклучително, повеќе креативно, многу помалку материјално и многу повеќе грижливо и намерно. Кабалистите кои имаат проникнато во повисокото ниво ни кажуваат дека тоа е апсолутна љубов.

Се разбира, дотаму можеме да стигнеме само доколку сакаме да научиме како.
Слушајте, јас морам да одам, а вие доколку сеуште не можете да ја видите сликата секогаш можете да кликнете на прашањево и да се обидете повторно.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica