Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Божественост - еден поинаков вид на исполнување

           

Опис

Рав Др. Михаел Лајтман разговара со Европската ТВ водителка Иден Харел за еден различен вид на исполнување кој кабалата го нуди на една личност: откровението на Боженственото.

Препис


Побожност – еден поинаков вид на исполнување

Иден Харел: Океј, јас ќе почнам по малку да ја изучувам Кабалата и одеднаш работите ќе станат подобри во мојата работа, во мојот љубовен живот. Работите ќе станат подобри.

Рав Др. Михаел Лајтман: Не, не, не, не, не. Кој ви го кажа тоа? Извинете, но ова е многу далеку од вистината. Кој ви рече дека кабалата е наменета за успех во работата, на берзата, дома, или во здравјето?

Иден Харел: Не, не, навистина не е важно. Не го мислев тоа,но...

Рав Лајтман: Таа не е наменета за тоа воопшто.

Еден Харел: Не, но со сопствениот духовен развој се' се подобрува.

Рав Лајтман: Па што, ќе бидам богат?

Еден Харел: Не, не богат, но тоа ги подобрува останатите аспекти на животот.

Рав Лајтман: Не, апсолутно не. Ниедна книга не го ветува тоа. Во ниту една од светите книги – Кабала книги, во ниту една од нив нема ветување дека овој живот, дека во овој живот ќе имате подобра сметка во банка,или здравје, подобри резултати на тестот,не. Зошто би морало да биде така? Која е врската помеѓу овие две нешта?

Еден Харел: Затоа што рековте ако вие...

Рав Лајтман: Тоа е начинот на кој мудроста кабала се продава од страна на оние кои сакаат да ја продадат.

Еден Харел: Не, не, но...

Рав Лајтман: Но, всушност, во секој аспект од овој живот: во семејството, во здравјето, во успехот во мојата професија... Мудроста кабала е откровение на побожноста на една личност.

Еден Харел: И со откровението на побожноста на една личност таа ќе се најде во подобра ситуација од претходно.

Рав Лајтман: Точно, но не затоа што почнал да заработува пет пати повеќе,или успеал во нешто, или одеднаш тој е исцелен од нешто.

Еден Харел: Не, но да речеме дека одеднаш 3000 долари му изгледаат како 5000.

Рав Лајтман: Дали тие изгледаат така или не, то е сосема различно.

Еден Харел: Океј, во ред. Она што викам е...

Рав Лајтман: Тоа се нарекува тој добил исполнување, комплетност. Точно, тоа е точно. Но, тоа не е затоо што има подобрувања во вашите лекарски наоди, дека постојат тестови пред да почнете да ја изучувате Кабалата и дека постојат тестови откако ќе почнете да ја изучувате кабалата.

Уште еднаш, мудроста кабала не е наменета за подобрување на нашиот физички живот во овој свет. Причината поради која личноста се чуствува подобро кога ќе се поврзе со Побожноста е затоа што тој е поврзан со еден доставувач на моќ кој го исполнува на еден поинаков начин.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica