Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Претставување на Laitman.com

Д-р Рав Михаел Лајтман ја поставува платформата за неговиот личен блог- Laitman.com- којшто содржи негови дневни објавени одговори на прашањата кои ги поставуваат јавноста и учениците. Тоа се одговори во духот на мудроста кабала, а во врска со она што го слушаме на вести, со духовните доживувања на Кабалистите, теми кои ги интересираат жените, и многу повеќе во целина. Одете на блогот: Laitman.com – Кабалата и значењето на животот :Личен блог на Михаел Лајтман

Препис

Запознавање со Laitman.com

Добивам многу пораки што доаѓаат до мојата и-меил адреса или на различни адреси, во рамките на нашиот систем. Во нив луѓето поставуваат различни прашања, да не ги споменуваме личните прашања кои луѓето ги поставуваат: прашања во врска со напредокот на душата, како да се напредува уште повеќе, каква е врската, и кој е патот; или прашања што се јавуваат и кај луѓето кои се веќе на патот. Има луѓе кои не се секогаш тука, со нас, и има луѓе кои учат со нас.

Имам блог на хебрејски, руски, шпански, јазик, на многу јазици. Таму добивам писма и прашања од целиот свет. Има такви кои не се согласуваат и ме критикуваат. Сакам да им се заблагодарам на овие луѓе, бидејќи тоа ми помага да разјаснам што мислам, и на кој начин ја гледам мудроста Кабала.

Јас не се осмелувам да ја преземам целата мудрост Кабала врз себе. Можеби постојат и други -вие треба да проверите. Оваа критика помага во разјаснувањето на нештата, и се надевам дека луѓето ќе влезат на „блогот", и ќе ми пишуваат, на начин на кој не можеме да се расправаме, или да се иритираме едни со други. Ќе ги истражуваме вашите прашања до моментот кога ќе откриеме зошто сме живи, што е животот, што е смислата на нашиот живот, која е нашата цел, кои средства ни се на располагање за да ги претвориме во дело нашите животи, и што е толку посебно за нашата генерација?

Кои се проблемите кои се единствени за нас, за нашите деца, за народот на Израел, за земјата Израел, и за целиот свет. Има многу работи со кои сме поврзани, и затоа вреди да се испитаат, бидејќи мудроста Кабала има нешто да каже во врска со сè. Можеби додека предавам, или држам лекции, јас не се изразувам доволно добро.

Гледам дека на сите „блогови" има кратки прашања и одговори кои се повеќе лични. Прашањата се поставуваат лично. Понекогаш прашањето не е поставено на фин начин, но тоа е во ред- Ми се допаѓа. Можете да кажете дека на некоја личност и е важна одредена работа, и тој едноставно не сака да ви додева, но, тој сака да објасни нешто, бидејќи тоа е „болна точка" за него, и се прашува зошто ги кажувате нештата на овој начин. Можеби е сосема спротивното, можеби е вистина; можеби е лага.

Така, за навистина да проучиме како стојат работите, ние зборуваме за нашиот живот, за нештата кои се сеуште важни. Значи, нашите животи сами по себе не се толку важни, но она што е уште поважно е дека можеме да излеземе од животот. Ова е многу, многу поважно, отколку овој живот, затоа што може да ја достигнеме вечноста, целовитоста и бесконечноста.

Да се справиме со тоа. Ова е причината зошто го отворив „блогот" и се надевам дека ќе се сретнеме таму. Со нетрпение очекувам да ве сретнам. Па, пишувајте.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica