Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е тоа конгрес?

                                                                             

Скалила на возвишувањето

Програмата е наменета за тие луѓе, кои можеби никогаш не присутсвувале на конгрес или сакаат да се подготват за него.Генерално, што е тоа конгрес?


Конгрес, тоа е дел од исправувањето на целиот свет, јас би рекол, до тој степен, бидејки исправувањето на светот се состои во тоа да сите ние станеме како едно соединение."И мојот Храм ќе биде Храм за сите народи, и сите ќе се соединат како еден човек со едно срце. "Љуби го ближниот свој како себеси" – тоа е големо правило во Тора, и кога сите разделени души ќе се соединат – тие всушност доаѓаат до совршена состојба, до вечниот свет.Конгресот, јас би рекол, дека е најважно и најефективно дејство кон духовниот напредок на човекот. и сите зборови кои ги кажав, претставуваат заклучок – најважно дејство кон духовниот напредок на човекот: мажот, жената и дури младината. Во што се состои? Во тоа, што кога во едно време се соединуваат многу луѓе на едно место, и се заедно поврзани многу часови со една тема, со една цел, и кога сето се поврзува во една тема, ние предизвикуваме голема сила одвнатре, која се нарекува светлина, која враќа кон изворот. Бидејки ние се занимаваме со извадоци, вистини, со материјалите од науката Кабала, зато сите ние чувствуваме колку тоа делува, не' менува и не' продвижува нас, за ние навистина да станеме тие, кои го чувствуваат и го откриваат Создателот. Бидејки целта на науката Кабала е да се открие Создателот од суштеството тука, во овој свет. За да ние ја почувствуваме вишата сила, да се искачиме над тоа што се нарекува "ангел на смртта".За да дојдеме до обликот на вечниот живот токму тука, во овој свет. И тоа кон добар живот, неограничен од сите аспекти.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica