Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Целта на твојот живот

Опис

Филм за патувањето на Кабалистот Михаел Лајтман, Доктор по медицина, во прекрасното Мексико, по повод издавањето на неговата книга " Целта на Твојот живот " на шпански јазик.

АРИ Филмови ( во соработка со Кабала TВ )

Целта на Твојот Живот

Посета на Михаел Лајтман на Мексико 15 Јануари 2007

Разкажувачот: Мексико—една од светските навистина антички цивилизации. Некои од најразвиените Индијански култури цветаа тука во период од три илјади години. Денеска речиси сто и десет милиони луѓе живеат во Мексико. Тие живеат на различни начини. Некои од нив се многу сиромашни, па сепак, живеат рамо до рамо со богатите, но како и да е, Мексиканците се топол и пријателски народ.

Во Јануари 2007 Кабалистот Д-р Михаел Лајтман доби покана во Израел од најголемиот мексикански издавач Планета да отпатува во Мексико. Планета е издавачка куќа која ги издава најдобрите светски книги, а нивната последна книга Целта на Твојот живот доживеа голема популарност. Сето започна со кратка презентација.

Прашање: Значи, оваа книга не учи дека целта на нашиот живот е тука, на лицето на Земјата?

Рав Лајтман: Попрецизно,мудроста на Кабала ни објаснува како да го организираме животот во овој свет.

Прашање: Која е најзначајната преобразба низ која поминува личноста која што ја проучува Кабалата?

Рав Лајтман: Тој почнува да чувствува дека се на овој свет е поврзано. На начин на кој една клетка е поврзана со целото тело и функционира во интерес на целото тело. Дека ние сите сме поврзани меѓусебно и дека на тој начин мораме да го организираме човечкото општество.

Раскажувачот: Ова беше само почетокот, почеток на еден фасцинантен маратон кој што се чинеше дека нема крај.

Рав Лајтман: Јас бев научник кој се занимаваше со био-кибернетика, како човечкото тело функционира,како извршува одредени работи, како е управувано. Од таму, дојдов до следново прашање "Зошто постои телото? Што му е потребно да се чуствува добро? Како може да постигне хармонија со природата?"

Природата не управува, па сепак, има еден дел каде што не е така, бидејќи правилното однесување треба да биде додадено, и тоа е она што ние треба да го научиме.

Да ја осознае мудроста на Кабала, човек не мора да е религиозен или Евреин. Тој едноставно треба да се запраша самиот себе " Што е целта на мојот живот?"

Прашање: Дали Кабалата е тешка за разбирање? Или зборуваме за промена во перцепирањето?

Рав Лајтман: Човек не ја разбира преку интелектот. Тој ја осеќа преку своите чувства, преку желбата да има среден живот, желбата за мирен живот, да знае за што живее.

Факт е дека ние не знаеме што ќе се случи во следниот момент. Нашите пет сетила не ни ја даваат таа информација. Тие исто така не можат да ми кажат дали се движам во правилна насока во животот, или пак, ако започнам нешто, дали ќе бидам успешен или не?

Тоа значи дека постои уште едно, големо срце во светот, и дека неговите информации се скриени од мене и затоа не успевам.

Прашање: Колку е важна врската помеѓу човекот и природата и како мудроста на Кабала се поврзува со тоа?

Рав Лајтман: Се додека ги разбираме и се придржуваме кон законите на природата, се чуствуваме добро, ќе бидеме успешни. Кога одиме против нив,секогаш добиваме удари. На човечко ниво, ние не ги знаеме законите на природата воопшто, па затоа и постојано грешиме.

Прашање: Како ќе знаме кој е, а кој не е Кабалист?

Рав Лајтман: Кабалист е личност која што ја чуствува силата позади материјата. Таа знае се што се случува во нашиот свет и со нас и со неживиот, растителниот и живиот свет во глобала, правецот во кој светот се движи и која е целта на тоа.

Прашање: Човештвото постои многу долго време. Зошто шестото сетило остана скриено?

Рав Лајтман: Да, така и ќе остане со додека човештвото очајува во својата желба за развој.

Прашање: Дали егото е главна причина за ваквата криза?

Рав Лајтман: Да.

Прашање: Зошто е важно ова знаење да се сподели со сите луѓе?

Рав Лајтман: Затоа што како стојат денес рабтите, ако не знаеме како сме изградени, ако не го познаваме светот во кој што живееме, ке се доведеме до уништување.

Раскажувачот: Со се што се случуваше, речиси и не приметивме како одминува времето па побрзавме на вечерашната презентација на книгата во Израелско-Мексиканскиот центар, каде што беа собрани повеќе од двестотини и педесет луѓе.

Рав Лајтман: Мудроста на Кабала ни кажува дека човечкиот егоизам ќе се развие до своите крајни граници, и тогаш тие ќе увидат дека сиот овој развој базиран на егото не им носи среќа. И тие ќе треба да знаат што треба да прават.

Разкажувачот: Ова за нас беше непозната земја. Различен менталитет, но чуството на поврзаност беше во воздухот а зборовите продираа во срцата на луѓето.

Рав Лајтман: Затоа, и во ова наше време луѓето се во потрага по оваа наука која што им е толку многу потребна.

Ако научиме и почнеме до го чуствуваме овој дел од светот кој во исто време е скриен од нас, ќе бидеме способни да гледаме низ материјата на овој свет како да е провидна. Ќе ги видиме силите кој што управуваат позади материјата. Како резултат на тоа,ние ќе го познаваме светот во кој живееме. И ќе започнеме да се градиме себеси на еден прекрасен начин.

Разкажувачот: Тие поставуваа прашања едно по друго, и ни заблагодаруваа од длабините на своите срца.

Домаќинот: Дозволете ми да ви ја врачам оваа награда за вашата книга "Целта на Твојот живот" од Рав Лајтман Михаел Лајтман.

Разкажувачот: Но денот сеуште не беше завршен, имавме и радио шоу вечерта.

Прашање: Дали тоа значи дека слободниот избор не функционира како што би требало?

Рав Лајтман: Не функционира воопшто.

Прашање: Дури и ако нема духовен пат?

Рав Лајтман: Не! Никој во нашиот свет нема слободен избор. Ни еден од нас не е слободен.

Прашање: Не сме слободни?

Рав Лајтман: Не! Дали вие одбравте каде и кога да се родите и во какво семејство да се родите и со какви особини?

Прашање: Јас не избрав каде да се родам, но јас избирам да станам наутро,што да облечам и што да јадам.

Рав Лајтман: Момент, тоа не е така. Вие не ги избравте вашите родители, образованието кое го имате, особините со кој сте родени, и сега како возрасен, вие сте резултат на се што ви било дадено, а кое вие не сте го одбрале.

Денес вие функционирате согласно на тоа што сте го добиле.Каде е тука Слободниот избор?

Дури и биолошките истражувања ни кажуваат дека за се постои одреден ген. Постои ген кој ве прави да бидете крадец, ген кој ве тера да пиете, кој ве прави добра или лоша личност или добар во различни работи.

Прашање: Ако постои ген за се,каде сме ние? Каде е нашата слобода?

Рав Лајтман: Кога би можеле една личност да ја прегледаме комплетно, ќе откриеме дека нема ништо слободно во неа. Слободни ќе бидете само под услов да се воздигнете до состојба на информација, до Горниот свет, каде се поврзувате со силите кои ве управуваат.

Раскажувачот: Оваа книга објаснува како ние сме управувани од Горе, од информатичкото царство. И како можеме да го подобриме управувачот подобро да управува со нас.

Рав Лајтман: Затоа, знаењето на тоа информатичко царство и управувањето со нашиот свет ќе ни помогне да го изградиме нашиот живот. Затоа, во овие времиња, кои како што рековте не се добри времиња, времиња на криза и очај, дрога, терор, атомска закана. Постои голема побарувачка за мудроста на Кабала во светот, бидејќи таа ни помага да дознаеме како да го изградиме човештвото правилно за да постигнеме среќа.

Прашање: Дали тоа значи дека живееме во времето на крајот?

Рав Лајтман: Ние само што започнавме да живееме. Не е крајот, туку почетокот на почетокот.

Кога би извршиле промена од земање кон давање, тогаш сите особини на човекот ќе се свртат кон доброто, кон исправни постапки. Со самото тоа, тој ќе го слее животот кон целото човештво и ние ќе достигнеме повисоко ниво на постоење. Значи,не е крај, туку е почеток.

И посакувам се најдобро не целата Мексиканска нација. Ги запознав како топли и пријателски настроени луѓе. Посакувам оваа држава да цвета и да биде успешна.

Сега сме во генерација која мора да не доведе до врвот на духовната пирамида, да можеме да го видиме Создателот од Горе.

Целата пирамида е пирамида на нашето его. Издигнувајќи се над неа, ќе ја достигнеме небесната пирамида, врвот на Создателот.

 

 

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica