Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

125 скалила за приближување до Светлината

27.04.2011
Нашата перцепција на целата реалност е многу променлива, ние не знаеме како да се однесуваме кон самите себеси, кон светот во кој се наоѓаме. Каде сме сега, што чувствуваме, дали ова е сон или јаве? Дали овој свет е објективна реалност или само наше повремено чувство во искривените органи за перцепција?

Можеби кога ќе ги исправиме своите својства од примање во давање ќе почувствуваме сосема поинаков свет. Но тоа не значи едноставно подобро да го разбереме тој свет и да ги чувствуваме сите органи за перцепција, само повеќе развиени. Јас можам сосема да ги изменам своите чувства, својата перцепција која е подесена за примање за да престанам да ја воспримам реалноста егоистички и да почнам да ја чувствувам во давањето, во стремежот кон ближниот.

Се случува наместо својата желба да добијам желби од други луѓе и да почнам да ја чувствувам реалноста преку нив. И тогаш чувствувам сосема друг свет, друга реалност!

Друго прашање: кој ја црта таа реалност пред нас? Кабалистите велат дека тоа е Вишата Сила, една и единствена, освен која нема друго ништо, која е добра и прави добро на сите, без исклучок, и на грешниците и на праведниците. Тоа е Вишата Светлина која се наоѓа во апсолутен мир и ние можеме да ја откриеме, само се споредуваме со Неа преку своите својства.

Постојат 125 скалила на такво согласување, во зависност од тоа колку можам да се поправам себеси и да станам сличен на Вишата Светлина, на доброто, она што дава и подарува среќа. Ако се здобијам со такви својства, тогаш во рамките на добиеното својство на давање, ќе ја почувствувам во себе Вишата Светлина. Едноставно ќе постојам во тоа својство на давање и затоа ќе го чувствувам.

Значи постои сила на давање која се нарекува „Виша Светлина" и сила на примање која се нарекува „творба". Но, ако творбата добие сила поголема од силата на примање, односно сила на давање, тогаш таа сила која почнува да владее со него, тој ја чувствува како надополнување: екран и емитуваната Светлина, степен на давање кој на творбата и дава чувство на исполнетост.

Уште едно прашање: како да се однесуваме кон Вишата Сила? Ќе можеме ли некогаш да ја почувствуваме неа самата, или само ќе си ја претставуваме по својствата со кои ја восприемаме, по предизвиканите чувства, мисли, желби во нас?

Кабалистите велат: „Не, самата Виша Сила е Ацмуто, самата суштина на Создателот која ние не можеме да почувствуваме и за нас е недостижна. Тој нема форма која ние би можеле да ја воспримаме. Но онолку колку што ќе се обидеш да се доближиш и станеш како Него, толку повеќе ќе можеш да ги разбереш разните својства кои се однесуваат кон давањето.

Тој се однесува кон тебе како „некој што дава", но во Него самиот нема ни давање ни примање – Тој е повисоко од сето тоа. Тоа се само Неговите односи кон творбите кои се нарекуваат „давање", „љубов", „подарување". Но дали бидејќи е кажано дека Тој е „добар и нè прави среќни", „нема друг освен Него", „Јас својата претстава (АВАЈА) не сум ја сменил", „Донесен е закон и не треба да се прекрши", односно дека Тој е постојан, добар и совршен ние можеме да Го молиме за било што?

Дали е можно да Го молиме Тој да се измени и да се сожали на нас? Станува збор за односот на творбата, која на тој начин го чувствува Создателот, па така и раскажува за тоа, како што е кажано: „Тора зборуваше на јазикот на луѓето". Затоа, сите наши молитви и односи кон Создателот, се во суштина однос кон самиот себе, како јас се проценувам самиот себе, како сакам да се изменам на страната на давањето.

Но сите тие промени се случуваат само кај творбите кои, благодарение на своите промени, чувствуваат како се менува сликата на Создателот.

Цртање слика на Создателот во себе

Прашање: Ако не Го чувствуваме Создателот како можеме да ги добиеме Неговите својства и да станеме слични на Него?

Одговор: Човек не чувствува ништо надвор од себе, од своето тело, било тоа да е Создателот, пријател или група. Затоа од почеток треба да работиме на своето давање на ближниот, за да го сакаме како самите себе. Но, ако јас можам да го достигнам давањето на ближниот, значи дека ќе можам да давам и на Создателот.

Ако пак работам само за Создателот, а не и за ближниот тоа значи дека не сум спремен да работам ниту за Создателот.
Значи додека не водам независна сметка, „надвор од својот интерес", останувам внатре во себе и добивам резултати од работата, награди. Односно, целата работа се однесува само за групата, во која што можеме да создадеме место за откривање на Создателот.

Не добиваме никаква Светлина, се исполнуваме само со своето давање! Јас го „произведувам" тоа својство во себе, со помош на Силата која доаѓа кај мене и ми дава можност за давање, каде што ја чувствувам Силата на Создателот која се претвора во мене. Тоа и ме исполнува.

Јас никогаш нема да откријам ништо „надвор од себе", дури и ако се зборува дека „излегуваме надвор од себе" и се поврзуваме со други. Сето тоа е моја имагинација, мое воспримање, како јас да излегувам од себеси.

Кажано е дека Малхут на светот Ацилут се нарекува „слика на Создателот". Но, кажано е и дека треба да Му носам радост на Создателот со сите состојби кои ги добивам од Него. Но што значи да се добиваат од Него состојби, кога тие зависат од желбата која се буди во мене, повеќе или помалку, од моето одолевање на својата егоистичка желба и нејзино исправање.Како тоа е поврзано со Создателот кој не се менува? И што воопшто можам да Му дадам?

Немам на кого да ја давам, немам од кого да ја примам мојата работа. Како резултат откриваме дека ги исправаме само своите својства и никаде не излегуваме надвор од нив. А самото својство на давање е чисто својство, јас не можам да работам за некаква негова „корист". Можам да го ценам како лично, возвишено својство согласно својот треперлив однос кон светот и ближниот кои ми го влеваат ова чувство на величење на давањето и љубовта.

Верба во мудреците

Прашање: Ако човек од детството го воспитуваат религиозно, го учат дека постои еден Создател, зошто тогаш луѓето веруваат во разни нечисти сили?

Одговор: Како можеш да веруваш во Создател кој никогаш не си го видел и почувствувал? Зарем е можно да се бара нешто од човек кој верува на еден расказ? Едни ќе ми раскажат вака, други поинаку, но ни првите ни вторите ништо не виделе со сопствени очи. И јас не сум видел. Слепа верба не треба да се има!

Затоа кабалата зборува само за реалните сфаќања – да се суди е можно само за она што се гледа со свои очи. И да не се отстапува од овој принцип. Создателот треба да се осознае, да се открие, а не да се поверува. Кабалата вели: постои една Виша реалност, сè уште непозната за тебе, скриена. Знаеш дека со кратковиди очи без очила можеш да гледаш само на метар од себе, а со очила, можеш на километар.

Така значи, постои дополнителна можност уште повеќе да се рашири своето восприемање, гледање, сфаќање, чувствување – до безгранични предели! Исто така и кон нив да се додадат нови својства, да се откријат секакви нови димензии. Сето тоа е можно. Ќе добиеш теорема како во науката. Ти им веруваш на кабалистите дека ако направиш определени дејствија, за кои тие зборуваат, ќе можеш да достигнеш такво ново восприемање – да се достигнат сфаќања, сознанија, чувства. А не едноставно да веруваш.

Всушност, во што верувам јас? Јас верувам во нивната метода. Го прифаќам тоа со знак прашалник и го остварувам во пракса. И гледам дека таа метода е многу логична, таа јасно ми објаснува како можам да се променам со помош на опкружувањето, како треба да дејствувам според Силите кои постојат во Природата. Верувам во тоа дека оваа метода ќе го даде посакуваниот резултат.

Но, самите дејствија се сосема јасни и објасниви. Сосема е реално дека со помош на опкружувањето можам да работам против својата егоистичка природа за да го достигнам нејзиното спротивно својство. Тоа се нарекува „верба во мудреците", кога ги следам нивните совети.

„Браќа, колку сакам да ве прегрнам и да се претвориме во браќа"

Ако посакуваш да видиш соединета и единствена група која се наоѓа во заемна, внатрешна гаранција, траба да влијаеш и да ја влееш својата сила во неа, својата желба, својството на давање. Сакаш да навлезеш меѓу пријателите, за и тие да се исполнат со ова својство! Со тоа се означува „сакај го ближниот како самиот себе", значи се стремиш да ги исполниш дури и пред себе, нив во прв ред.

Тоа е многу очигледна работа, што може да има неразбирливо тука? Сакам да си ги претставам пријателите така што тие се соединуваат меѓу себе и јас ги исполнувам до самиот крај! Значи, јас не мислам на лична корист или награда, туку само на блиските, пријателите, Шхина. И ако јас мислам само за нив, нема да имам ни паѓања, ни излети – јас ќе ги живеам нивните желби.

Чувствувам паѓање од тоа што моите желби се забранети, мојот егоизам не чувствува дека нешто може да го исполни. Тој не се бори за исполнение, па јас паѓам во зимски сон и чекам да се промени состојбата со текот на времето. Ова запирање се случува затоа што во мене не се открива нова желба. Ако сега ја почувствувам во себе, јас веднаш би се разбудил и би посакал да го добијам целиот свет! Сè зависи од желбата. Се случува, ако во мене се открива голема желба, јас целиот да горам, ако желбата е мала, јас сум мирен, а ако желбата се крие, тогаш јас умирам.

Но, сево ова се случува само ако јас работам со својата сопствена желба! Ако работам со туѓи желби, секогаш ќе се обновувам. Таа желба нема да зависи од мене, кај мене секогаш ќе бидат желбите на другите и затоа нема да има никакви излети и паѓања, а јас ќе се кревам и кревам. Јас ќе се кревам и спуштам од друго, не од желбата, туку од Светлината и според тоа колку повеќе ќе успеам да давам, уште повеќе да се оттргнам од желбата за примање и да ја искористам за давање за да ја додадам во давањето на Создателот.

Цената на духовните простувања

Баал ХаСулам, „Откривање на мерките, криење на двете": Кажано е: „Тајната на Создателот е за оние кои треперат пред Него".

Ова значи дека тајните на Тора се откриваат само на оние кои треперат пред Создателот, кои ја чуваат величината на Создателот со цела душа и со сите сили, кои никогаш нема да допуштат лош збор кој се однесува на Создателот.

Ова правило најсурово се однесува кон криењето на кабалата, бидејќи многумина паднаа како жртви на откривањето на овој вид и од нив почнаа сите љубители на магиите и амајлиите, а исто така и приврзаниците на практичната кабала кои подмолно ловеа души и останатите измамници кои користеа сурогати од науката, излезени од рацете на неодговорни ученици.

Намера за давање – тоа е Светост, а намерата за примање во какви било форми е сквернавење. Правилото „тајната на Создателот е за оние кои треперат пред Него" означува дека Создателот се открива само на оние кои работат на давање.

Магиите, црвените конци, светата вода, медитацијата и другите слични средства претставуваат голем проблем и затоа кабалистите грижливо ја криеле мудроста на кабалата.
До ден денес во еврејскиот народ има луѓе кои се прославиле и создале богатства од продажба на благослови и чудеса. Се разбира, обичниот човек има потреба за тоа, верува во тоа и од тоа добива сериозна психолошка поддршка. Познато е дека благодарение на внатрешната убеденост можно е да се справи со многу проблеми, вклучувајќи и болести.

Станува збор за нарушување на многу строга забрана, за пречка на патот на човекот кон науката кабала. Значи, останувајќи без поддршка, тој може да пристапи кон барање на решенија и да си го постави прашањето: „Како да се подобри ситуацијата на работите?"
Одговорот би бил: „Можеш да си помогнеш, само ако се промениш. Ти треба да се поправиш себеси, своето его. Создателот е добар и прави добро и затоа тебе ти е лошо, а треба да назначиш место за поправање". Тогаш луѓето би се приближиле кон вистината.

Но, наместо тоа, тие живеат во лаги, купувајќи си ги своите „простувања" и „осигурителни полиси" за определени суми, оставајќи го проблемот без решение.

Распространувајќи ја науката кабала, ние треба да се грижиме за тоа Вишата Светлина постепено да дејствува на луѓето, сè додека не почнат да сфаќаат дека реално решение нема и несреќите нема да пресушат, за што е потребно вистинско поправување.

Власт на магиите

Прашање: Може ли да се случи човек кој дошол во кабала со себе да ги донесе своите претходни мистични погледи и амајлии?

Одговор: Кај новите има периоди кога тие веруваат во силата на предметите од материјалниот свет и во некакви посебни дејствија. Сите ние сме поврзани во заеднички систем и затоа секој од нас го сее тој вирус. Прашањето е дали човек ќе може да му се спротивстави и да остане независен во точката – ембрион во својата душа. Тој постепено се избавува од мистиката, но по патот сè може да се случи.

Ние сме како мали деца кои се воодушевени од волшебни играчки. Фаќајќи се за нешто во животот, добиваме увереност, нè смирува ритуалот на кој сме навикнале, нè привлекуваат „надприродните" можности. Сето тоа е психологија.

Прашање: Како да ја препознаеме во себе власта на амајлиите?

Одговор: Имаш ли нешто во својот живот на што придаваш посебно значење, нешто поголемо од материјален предмет? Се разбира, стара семејна фотографија може да ти биде многу драга, ако на неа се наоѓаат луѓе кои ги сакаш. Но, нема ли да ставаш нешто повеќе материја од овој свет? Немаш ли посебни чувства за, да речеме, мантилот на својот учител? Нели ти се чини, наметнувајќи го, дека се поткреваш во духовниот свет?

Во ниеден материјален предмет, во ниедно материјално дејствие не треба да се гледа нешто духовно. Со самото тоа ти се поклонуваш на идолите. Амајлија може да биде која било работа која не се однесува на внатрешната намера, на насочување на групата кон единство, на создавање „место" за откривање на Создателот.

Од утринската лекција - 27.04.2011    на  каб.тв   следете

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica