Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

7 милијарди жители на духовните светови

 

25.05.2010

Прашање: Како проверувам дали навистина сум се воздигнал на духовното скалило,ниво и дали не се разочарувам со цел да го задоволам мојот егоизам?

Одговр на Д-р Лајтман: Од Светот на бесконечноста до нашиот свет и назад кон Светот на бесконечноста, се протега една скала на духовни скалила, кои што се разликуваат во јачината и грубоста на желбите (Желбата да се прима) и нејзиниот изглед, кој што се претвора во желба за давање. Сите разлики се само во изгледот. Како што се воздигнувам низ скалилата, ми се зголемува желбата да давам, да станам еднаков со оние кои постојат на следното повисоко ниво; сè уште мојот карактер, карактеристиките,од самото потекло, остануваат исти.

Затоа, секој од нас кој што се возвишува на исто ниво, дава на различен начин, на свој личен начин.. Во нашиот свет, кој што ни изгледа како само еден чекор во духовиот свет - има 7 милијарди луѓе и сите се различни. Слично, на кое било едно од овие 125 нивоа на духовните светови, постојат 7 милијарди луѓе , и сите се различни, но, тие постојат во заедничка форма.

Во духовниот свет сè постои во името на давањето, но, секое ниво се разликува во видот на давање. Ни изгледа дека единствената разлика е во количеството: да се даде помалку или повеќе. Сепак, 125те нивоа не се разликуваат во количеството на давање, туку секое од нив е апсолутно различна врска со Создателот, друг вид на поврзување. Затоа, тие се разделени едно од друго.

Воздигнување во духовниот свет

Прашање: Како оние од повисоките нивоа им помагаат на оние од пониските да се искачат на нивоата на духовното скалило?

Одговор на Д-р Лајтман: Повисокото ниво се поврзува со неговата пониска остојба (Каднут) и се симнува во пониско ниво, претставувајќи се себе си како помал. Ние го правиме истото кога си играме со децата. Сакаме децата да успеат, и така се симнуваме на пониско ниво и им дозволуваме да победат во играта. Се симнуваме на пониско ниво за да воспоставиме врска со нив.

Ова е како ментор кој што меѓу децата се однесува како да е ист со нив; постепено тој започнува да се менува, формира поубаво однесување, така што децата ќе го гледаат како пример на исправно дете. Прво, менторот прикажува пример на исправно дете, но како возрасен, така што децата можат да се поврзат со него. Знаеме дека децата побрзо учат од други деца отколку од возрасните.

Затоа, средината им влијае на луѓето, само ако луѓето во неа се еднакви. Пријателите мора да бидат еднакви.Така, тие можат да си служат како пример еден на друг. Ако почувствувам дека мојот пријател е поголем од мене, јас не сум му веќе пријател. Јас учам од она ниво на кое што сум. Истото се случува и во духовниот свет. Оние од повисоките се симнуваат во пониските нивоа, и стануваат еднакви до оние од пониските нивоа, и правејќи го тоа, тие се обединуваат со оние од пониските нивоа. Пониските не се занемаруваат себе си пред повисоките, бидејќи тие изгледа дека се еднакви; затоа, тие се обединуваат на исти нивоа. По ова, оние од повисоките нивоа можат да ги воздигнат и понесат оние од пониските ниво нагоре со нив.

Со цел да се воздигнат со повисоките, пониските мора да ги поништат своите желби да добиваат (АХАП), но остануваат обединети со повисоките, како еднакви во желбите да даваат (Галгалта ве Еинаим). Така, кога некој од повисоко ниво се спушта на мене, нема да го согледувам како повисок, бидејќи тој станал исто со мене. Ако возраен човек висок седум стапки си игра со дете додека се поврзува со емоциите и однесувањето на детето, тоа нема да го согледа како возрасен човек висок седум стапки. Детето мисли дека возрасниот е ист како него. Без оваа сличност од детската перспектива, не би имало никаков контакт меѓу нив!

Вистината е дека не можам да се обединам со никој што не е на исто ниво со мене, на исто ниво, со исти квалитети, ни помалку , ни повеќе. Така, може да има врска меѓу нас, но, претходно не може! Ова се како бранови од висока фреквенција: Ако преминеш малку зад границите на фреквенцијата, врската исчезнува. Истото се случува и со духовното поврзување: Мора да постигнеме апсолутно прецизно совпаѓање, ни повеќе, ни помалку, на исто ниво. Инаку, нема да има контакт; едниот нема да навлезе во другиот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica