Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ако сакаме конечно да се родиме!

Постои точно определен програм, кој ние треба да го реализираме чекор по чекор. А нам не ни се брза многу, бидејќи тоа е тешко и непријатно. Многу е попријатно да се мисли, дека ние и онака напредуваме, и сè е во ред. Ние сме малку загрижени за тоа дека недоволно брзо се движиме и добиваме малку наполнување, но тоа сè уште не може да се нарече состојба на духовно раѓање. Треба да се сфати, дека ако сакаме конечно да се родиме, тогаш сме обврзани да си поднесеме сметка, дека состојбата на светската група, и на секој од нас е премногу напната, тешка и опасна.

Истото тоа може да се рече за состојбата на народот на Израел во земјата Израел, како што предупредува Баал ХаСулам. Тој го повикува народот да се соедини за да ги избегне страдањата, и тоа навистина помага полесно да се поминат сложените состојби. Тоа е како породување, што се одвива во современа болница, во споредба со породувањата пред 100 или 500 години, кога тие честопати завршувале со смрт и на новороденчето, и на мајката. Тогаш породувањето било многу тешко и мачно, дури и без оглед на тоа што луѓето биле поинакви, многу поблиски до природата, и немало толку тешки компликации какви што има денес.

Но, како и да го ублажуваме овој премин за народот? Колку и да работиме со него, тој сепак ќе мора да помине низ тешки состојби, за да се приближи до своето духовно раѓање. Народот ќе треба да помине преку голем притисок. Но, потребно е нашата група да настапува како Мојсеј во однос на народот, објаснувајќи што се случува, зошто и што е потребно со тоа да се прави. Треба да им се разјасни на луѓето, дека ударите не паѓаат врз особината Исраел во нас, (Директно кон Бога), туку врз Фараонот, што се крие во нас. Казните се наменети за Египет, кој постои во нас, за Фараонот. А Исраел внатре во нас, (желбата кон Бога), продолжува прекрасно да живее во земјата Гошен, не чувствувајќи недостаток во ништо. Најважно е да се сфати, дека ќе треба да поминеме преку многу угнетувачка, опасна и многу непријатна точка за време на раѓањето. И преку неа ќе треба да помине и народот на Израел, и целиот свет. Сите ќе мора да се видат во многу загрозена положба, едноставно помеѓу животот и смртта. Но без тоа невозможно е да се родиш! Без таков притисок човекот не е способен да се оддели од своето его, и да се роди од еден свет во друг.

Оваа критична точка ќе треба да ја поминат сите, сите кон неа се приближуваат. Ние небаре се движиме во цевка, која станува сè повеќе се стеснува, а на самиот крај се собира во точка. Токму преку таа точка треба да поминеш, за твојот егоизам да остане овде, на оваа страна. Зависното од тоа, колку ќе можеш да се соединиш со другите, наводно подготвен да го прифатиш тоа, ти се пробиваш со својата искра преку ова минијатурно дупче во духовниот свет. Кон оваа многу тешка состојба треба да се однесуваме како кон нешто најпрекрасно и најпосакувано.

Од голема важност е влијанието на опкружувањето, кое ќе помогне да му се објасни на секој од нас и на целиот свет, дека „Не постои ништо освен Вишата Сила”, и целото управување доаѓа од еден Извор. Затоа треба да забележиме, дека непријателите на Израел, како што се Ахмадинеџад, Обама, всушност ни помагаат. Напишано е, дека „Фараонот ги приближил синовите на Израел до Создателот”. Но тоа е само во случај, ако ние се поистоветуваме со синовите на Израел, наместо со Еѓипјаните. Тогаш почнуваме да го сфаќаме овој процес, и активно со него да работиме, гледајќи, дека директно пред нас ги има сите средства за работа.

Од утринската лекција според писмата на Баал ХаСулам, 20.10.2012.  на  Каб.ТВ

Сите патишта за враќање се отсечени

Прашање: Како да се надмине општата состојба на тежина и замор, која нè зафати во последно време и која нè принудува да заспиваме на лекциите? Како сите да се разбудиме и заедно да излеземе од оваа состојба, како единствена светска група, меѓусебно поддржувајќи се?!

Одговор: Токму тоа е точката на излегувањето од Египет, за која ние толку говоревме, точка на добивање на Тора, точката на пресвртот, на раѓањето. Ние знаеме, дека раѓањето е придружувано од родилни болки – тоа е опасна состојба. Точно во моментот на раѓањето ние го чувствуваме каснувањето на змејот – откривање на каменото срце (лев ха евен), зошто поинаку, невозможно е да се родиме. Бегството од Египет се нарекува духовно раѓање. Тогаш мора да се открие нашата зла склоност – тоа се многу опасни состојби, кои нè држат под огромен притисок, бидејќи поинаку ние нема да се согласиме да бегаме од Египет. Сите овие состојби сè уште не му се многу јасни на човекот. Замислете си, дека тоа е ситуација, од која ние веќе се пробиваме во духовниот, Вишиот Свет. Од таа ситуација ние се раѓаме и се креваме над махсомот, границата со Вишиот Свет. Затоа, тоа е најнапната, најризична и највозбудлива состојба, каква што може да постои во животот на човекот. Бидејќи тоа е состојба на неговото раѓање!

Ние секогаш го сметавме породувањето за чудо, и до денес не сме сигурни како тоа ќе помине, без оглед на сите современи медицински апарати и знаења за овој процес. Но сепак, никогаш не се знае што ќе се случи – тоа е многу критична точка. Оригиналноста на оваа ситуација е во тоа, што човекот се наоѓа под страшен притисок, во смртен страв. Зошто целиот негов поранешен живот завршил, или се подготвува да заврши. А идниот живот сè уште не се гледа, и не е јасно што тој значи, бидејќи за тоа потребно е да се отвори отвор во нов свет. Човекот не сфаќа, со помош на што може да егзистира, бидејќи треба да го затвори отвореното, и да го отвори затвореното. Исто како што се случува при земното раѓање. Ако мечтаеме за духовно раѓање, треба да си ја замислиме таа состојба во многу реална форма, колку што може поблиску до своето сфаќање и чувствување. И во толкава мера ние ќе можеме да се доближиме до таа состојба, и да се подготвиме себеси кон неа. Колку подобро ќе се подготвиме кон таа состојба, толку поблиску до неа ќе се придвижиме. Т.е. нам ни е неопходен силен разум, физичка сила, добра организираност на сите дејства, која ни овозможува да поминеме преку најтешката од сите можни ситуации. Сите патишта назад се отсечени, а напред нема каде да се оди! Како во бегството од Египет, кога твојот пат наеднаш го препречува Крајното (Црвеното) море, а одзади веќе те стигнува војската на Фараонот, и нема каде да се скриеш.

Постојат различни алегорични опишувања на состојбата на духовното раѓање, и сите се многу напнати, тешки, загрозувачки. Потребно е самите ние да им одиме во пресрет, наместо да чекаме кога некој насила ќе нè повлече, или поттурне натаму. Во поинаков случај, ние се опуштаме, и само бараме, како поудобно да се сместиме, за да го оддолжиме времето. Но, ние треба самите да навлеземе во тие наводно опасни состојби. Ако јас го правам тоа со намера и свесно, тогаш сфаќам, дека тоа претставува опасност само за мојот егоизам. Тоа е напнато и непријатно, но јас свесно одам кон тоа, и самиот ги иницирам родилните маки, чувството на страдање. Излегува, дека тоа е поинаква болка – слатка.

Од утринската лекција според писма на Баал ХаСулам, 20.10.2012.  на  Каб.Тв

Нуркање со главата надолу во духовниот свет

Прашање: Познато е, дека пред да се роди, детето се врти со главата надолу. Што ова значи во процесот на напредувањето на групата во пресрет на духовното раѓање?

Одговор: Духовниот ембрион нависитна се превртува наместо со главата нагоре – со главата надолу, како што е објаснето во „Учението на Десетте Сефирот”. Ако општо говориме, тоа значи дека тој ги менува своите убедувања. Сите негови вредности „под знаењето”, „над знаењето” – сè се превртува во него, и тој го гледа, таканаречениот „обратен свет”, спротивните вредности. Желбата за давање станува за него поважна од желбата за примање – таков пресврт се случува во него. А потоа, по раѓањето, тој повторно се превртува со главата нагоре. Само за време на раѓањето тој се наоѓа во таква состојба. Тој не може да излезе од овој свет без да ги остави сите убедувања, кои ги има во главата. Главата надолу го симболизира токму тоа.

Од утринската лекција според писма на Баал ХаСулам    на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica