Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Алатка за “прегорување“на срцата

11.08.2010

Прашање: Вие велевте: да се достигне Зохар, треба да се направи "отвор во срцето". Кој го прави тој "отвор"?

Светлината! Самиот јас не сум способен за тоа. Само светлината! Како преку зголемувачко стакло,лупа, зраците на светлината се собираат заедно и достигнуваат таква моќ, што "ја прегоруваат" твојата желба за насладување, и на тоа место се создава "отвор". Тоа е навистина така!

Прашање: Во што е причината дека не ни успева да го направиме тој "отвор"?

Ние не се грижиме за тоа да се случи! Ако две срца се соединуваат меѓусебно со своите желби – тоа се нарекува "отвори" во ѕидовите на срцата. Ѕидот го означува целото срце.Но нам ни се потребни разбиени срца. Ако моето и твоето срце се "пробиени", и ние ги соединуваме овие "дупки" меѓусебно – работата е завршена! Јас го посакувам истото што и ти, а ти го посакуваш истото што и јас. Ние веќе се наоѓаме во врска! Двајца се соединија – и во врската меѓу нас царува особината на давање, таму се случува откривање. Каква е моќта на тоа откривање?

Врз база на се`, што постои во твоето и моето срце, освен ова разбивање, освен овие "отвори", кои се соединија меѓусебно. Во твоето срце постојат илјадници пречки, семожни мисли и грижи, - и кај мене исто. Колку ние ќе можеме да ги совладаме нив и да бидеме поврзани заедно врз база на сите овие пречки, постојано одржувајки се себеси над нив, за да престојуваме во заедничкиот осет, во особината на давање, бидејки само во партнерство ние можеме да престојуваме во неа - толку ние ја постигнуваме особината на Создателот во врската меѓу нас. Ние веќе го пробуваме и го чувствуваме вкусот на давањето.

Прашање: Како ние ги соединуваме "дупките" во нашите срца?

Тоа го прави светлината. Нам ни е потребно само да сакаме тоа да се случи. Не постои друго дејство! Читајки ја Книгата Зохар, ти сакаш овие зборови да ти го "продупчат" тој "отвор", за тој да се отвори.

Ние се наоѓаме во светот на бесконечноста...

Ние се наоѓаме во океанот на светлината на Бесконечноста, која ги содржи сите свети имиња на Создателот, кои треба да се откријат во нашите желби, во мерка на сличноста на таа или друга особина на Создателот, содржана во во таа бесконечна светлина. Таа заедничка сила – се нарекува "Тора". Се разбира, дека ние денес не сме способни да ја оцениме и спознаеме – тоа е над нашите способности и желби. Но тоа, што ни е дадено да го направиме: благодарение на светењето, кое стигнува до нас од оваа бесконечна светлина, ако ние посакуваме да и се уподобиме – ние можеме да достигнеме некоја делумна сличност и да го почувствуваме во себе како откривање на "светото име на Создателот".

Светоста – над "телото", давање, особина на Бина. Бидејки "името на Создателот" – тоа е духовен сад, "кли", исправена желба (т.е. со намера за давање). Нашата желба, со силата на светлината ќе добие таков облик ( намера) што ќе може да воспостави врска со Создателот – т.е. со светлината, со Тора ( имињата на Создателот). Така постепено, чекор по чекор, од влијанието на светлината О''М, ние откриваме во себе посебни особини и дејства, слични на светлината, на Тора. И сето тоа се осеќа и се мери во нас и во однос на нас, кои примаме, во мера на нашата сличност на особините на светлината, според законот на соодветноста. Само станувајки слични на светлината, ние ќе можеме да ја осетиме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica