Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

АР"И (Рав Исак Лурија),човек на Создателот

05.08.2010

Статијата на Баал ХаСулам "Предговор кон книгата Паним Меирот", т.8: Речено е од мудреците: "Нема поколение, во кое не би постоеле Аврам, Исак и Јаков". Меѓутоа овој човек на Создателот: Рав Исак Лурија – се трудеше и ни ги пренесе знаењата, намножувајки ги, и ги надмина своите претходници. И кога би јас можел да зборувам, тогаш би го прославувал тој ден, кога се откри неговата мудрост, речиси како денот на дарување на Тората. Нема зборови да се изрази важноста на неговата духовна работа за нас.

Навистина, целиот метод на исправување ни е дојден од Ари. Тој реализирал се' што било основоположено од сите претходници кабалисти. Душата АРИ во заедничкиот систем на душите завзема такво место, што од него и понатаму светлината почнува да делува на сите души, доведувајки ги до конечното исправување ( Гмар Тикун). До пред АРИ целиот развиток се случувал по скалилата 0,1,2,3 и само АРИ, со своите исправувања во системот на душите, влегува во 4-та фаза и почнува да го гради вистинскиот Малхут, во негов конечен облик. Тој ја претставува сфирата Јесод ( претпоследната пред Малхут) и затоа се нарекува Машиах бен Јосеф (Јосеф ја означува сфирата Јесод), после кој веќе почнува да се исправува самиот Малхут. Сите претходни души спаѓаа во душите од подготвителната кон исправувањето фаза. И само почнувајки од АРИ, започнува заедничкото пробудување на сите души.

Се разбира тоа е процес кој завзема стотина години, но АРИ и го отвори патот на светлината, од претходните три фази кон последната, четврта, - и започнува исправувањето! Машиах – тоа е откривање на светлината во заедничкиот систем на душите. Таа светлина преку Јесод вледува во Малхут. АРИ ја отвора портата на светлината и затоа се нарекува Машиах бен Јосеф. Машиах – тоа е силата на исправувањето.

АРИ ја изразува оваа сила, која поминува преку неговата душа. Наоѓајки се во заедничкиот систем, тој прави исправувања во својата душа и сега преку неа светлината протекува во Малхут и влијае врз душите. Но сега од нас зависи да ги подготвиме нашите души кон искачувањето од Малхут во Бина. Овој процес веќе се однесува кон исправувањето на Малхут – Машиах бен Давид.

Светот – тоа е врска помеѓу душите

Прашање: Кога АРИ умре – тоа значи дека умре Машиах бен Јосеф?
Ама ние говориме за душите! Каква врска тоа има смрта на физичкото тело? Душата може да работи во заедничкиот систем без да се открие во овој свет. Постојат многу такви души. Телото од нашиот свет – тоа е една од надворешните последици на душата, која им помага на другите души. Постои само врската помеѓу душите. И постојат такви врски меѓу нив, кои ни се видливи и разбирливи, со кои ние работиме заедно, ги пренесуваме еден на друг знаењата, впечатоците. А постои и таква врска помеѓу душите, кога тие не се способни да ја почувствуваат својата реална состојба, и затоа ја воспримаат врската помеѓу душите во вид на сликата за овој свет.

Што претставува нашиот свет и духовниот? Во духовниот свет мене ми се открива длабоката, внатрешна врска помеѓу нашите души. А овој свет се нарекува такво чувство, кога јас не сум способен да ја откријам внатрешната врска и ја откривам во надворешен облик, многу неодредено и магловито, неуверено, размачкано. Светот ( олам) – тоа е степен на скривањето (алама). Јас престојувам во заедничкиот систем на душите, но врз мене делува скривањето, кое ми го прикажува тој систем во таков лажлив облик на овој свет. Но тоа е тој ист систем! Не постои повеќе ништо, освен единствената конструкција на Адам Ришон – системот на поврзаните меѓу себе души.

И ние со вас – сме нејзини делови. Само наместо сите души и мрежата што ги поврзува, ние го чувствуваме овој свет. Затоа тој се нарекува последно скалило, целосно откината од вистинскиот осет, како при губењето на свест – како човек, кој лежи со затворени очи и гледа некакви ликови во бунило. Но фактички, јас се наоѓам во истиот систем – само што јас не сум способен да го осетам и го замислувам во некој искривен облик! Како што е речено: "Секој суди зависно од степенот на сопствените недостатоци". А кога пред мене ќе се разоткрие вистинската слика, јас ќе се вчудоневидам, зошто излегува дека се било апсолутно не такво, какво што јас го замислував.

Но не постојат одделени еден од друг светови – постои единствена конструкција, која ние ја откриваме по мера на исправувањето на своите желби. Постојат пет нивоа на нивното исправување и согласно со тоа ние откриваме пет состојби на реалноста – пет светови, 125 скалила. Поради тоа ние и живееме, Создателот не создал друг свет. Постојат веќе исправени делови, кои делуваат активно, а другите сеуште се разбиени и не ја осеќаат правилната поврзаност помеѓу сите души. Затоа тие треба да ја разберат обврската за исправување, својата должност во однос на другите, себеси и заедничкиот систем, кој ги подржува и кој се нарекува Создател.

Постои ново над сонцето!

Прашање: Зошто е речено во Зохар: "Не постои ништо ново под сонцето, а над сонцето постои ново"?
Над сонцето постои ново, бидејки светлината не му носи на суштеството нови желби (келим). Суштеството треба да препознае внатре во себе, да посака, направи напори, да најде нови желби, нови недостатоци на наполнувањето. Светлината на сонцето – тоа е светлина на Бесконечноста. Суштеството ја чувствува како директна светлина, како минимално светење "нефеш де-нефеш". И само на сметка на многуте истражувања на сопствените спротивставувања во однос на светлината, егоизмот во однос на давањето, суштеството, со свои напори, ги открива новите недостатоци во себе, во споредба со откривањето на големината на Создателот.

На тој начин тоа ги открива новите можности за давање, и затоа минатата светлина "нефеш де-нефеш", чувствувањето на Создателот, со оглед на Неговата големина, се чувствува како бесконечна "јахида", на светлината НАРАНХАЈ. Откривањето на оваа голема светлина, големината на давателот, ја предизвикува светлината "над сонцето"- над знаењата, желбите, наполнувањата, кои стигнуваат директно од Создателот до суштеството. Затоа светлината на сонцето за него – тоа е само светење на животот. Но сето останато суштеството го гради над сонцето, додавајки кон првичната желба стремеж на љубов.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica