Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ве очекуваме сите вас во ноември

12.08.2010

Во ноември во Тел-Авив ќе се одржи меѓународен кабалистички собир, на кој ќе се соберат сите кои ја изучуваат кабалата во рамките на нашата Академија во Израел и во целиот свет. Тоа ќе бидат три дена на соединување! Ние организираме такви собири пред се, затоа што постои наредба на кабалистите, согласно на која ние мораме да ги спроведуваме средбите и собранијата, за да се соединиме. За тоа пишуваа Рабаш и Баал Ха Сулам, а тоа произлегува и од делата на Ари и Рамхал, дури и од напишаното од раби Шимон и Аврам.

Бидејки исправувањето се случува само благодарение на соединувањето на душите, а соединувањето започнува од општењето. Но внатре во општењето постои една идеја: да се достигне такво соединение, кое ќе се нарече "Создател", давање, духовен мир. Внатре во тоа соединение се откриваат световите (оламот) – т.е. од скривањето (аламот) преоѓаат во откривање, и се повеќе и повеќе се открива Создателот, наместо да се крие позади световите/скривањата.

Со други зборови, во врската помеѓу нас се повеќе се открива давањето, љубовта – тоа и се нарекува откривање на Создателот. И кога таа особина се открива меѓу нас, ние почнуваме да чувствуваме дека живееме и постоиме внатре во него, искачувајки се над чувствувањето на овој свет. Откривањето на Создателот може да се реализира под услов, ако ние ги извршуваме дејствата во рамките на овој свет, почнувајки од тука, и ги продолжуваме веќе во духовниот простор, кој се открива во врската помеѓу нас. Затоа ни е неопходно така да се среќаваме и соединуваме, користејки ги сите можности, кои ги дозволува овој свет: физички или виртуелно – за да ги воспоставиме многу поблиски врските. Ние сакаме насекаде да разгласиме за ова случување и да приклучиме кон него што повеќе луѓе, без никакви ограничувања. Секој човвек, од секое катче во светот, може да допатува и да земе учество, ако чувствува, дека тежнее кон оваа идеја. Задачата на учениците на Академијата – е да се подготви ова собирање, а самиот собир е наменет за сите што имаат желба!

Танецот – е најсериозната внатрешна работа

Постојат такви дејства за време на нашите средби, кога јас морам да се откажам од секаква критика и едноставно да се спојам со сите. И како јас можам тоа да го сторам? Токму за сметка на тоа, дека ќе скокам и ќе пеам заедно со сите, како дете, поништувајки се. Таквиот однос ме присоединува кон општата состојба, и тогаш јас добивам можност да излезам од ограничувањата и да почувствувам некое духовно провејување! Нам ни се чини, дека тоа е лекомислено однесување – но така нам ни се чини, затоа што ние не го распознваме во него духовното, бидејки е тоа светлината на бесконечноста!

Ние не сме способни со своите инструменти за воспримање во него барем нешто да распознаеме. Затоа нам ни се чини, дека тоа е неживо, безживотно (нефеш) – но само од нашето "кли" зависи, ќе можеме ли ние да ја видиме во него целата духовна светлина НАРАНХАЈ. Се, што доаѓа од соединувањето, дури најмалото, - тоа е веќе совршенство. Затоа токму во таков облик ние имаме можност да фатиме некое духовно чувство – токму кога ти скокаш заедно со останатите. Сите овие танци дојдоа кај нас од великите кабалисти – од Баал Шем Тов. И Рабаш не терал нас така да танцуваме. Но тоа не е едноставно лекомисленост – внатре во танецот постои сериозна мисла и многу голема работа: ти наеднаш тоа не го сакаш, и во тебе со огромна брзина се менуваат мислите "за" и "против", раѓајки страшни сомнежи – но ти продолжуваш да скокаш...

Но тоа не е некаква медитација, ти не се исклучуваш од реалниоста. Ти цело време си исправен пред прашањето: што јас правам и зошто, што тоа ми дава, кој ме тера на тоа, и со кого заедно јас скокам, што нас не поврзува?! Ти ја поминуваш својата внатрешна работа од почеток до крај – за тоа време додека танцуваш. Тој танец те обврзува да ги премислиш сите возможни мисли, какви што постојат против него! Против соединувањето, кое ти не го сакаш! Твојот разум цело време се бунтува во борбата против тоа – и ти мораш да правиш разјаснувања. Затоа танецот се претвора во исцрпувачка внатрешна работа. Ти излегуваш од него едноставно исцеден, без сили – и не затоа што си скокал, туку затоа што внатре си поминал толку многу разјаснувања. Ти танцуваш внатре во себе – во своите внатрешни подеми и падови! А тоа дека притоа ти надворешно скокаш – е само за да ги пробудиш во себе тие внатрешни состојби. Ти надворешно скокаш: се креваш и спушташ, а внатре истовремено се случува огромен број на други подеми и падови – и тоа е најглавното! Без надворешните дејства ти не ќе можеш да извршиш внатрешни! Едното нема да успее без другото. И затоа танецот се претвора во уникатно средство за работа – затоа Баал Шем Тов и првите хасиди, кои беа кабалисти, ги втемелија овие традиции.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica