Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Взаемната одговорност-не е за слабите

 

11.10.2010
Во нашиот свет човештвото постепено напредува од животинското ниво (обичното, човечкото) кон нивото "човек" (духовното, Адам= сличен на Создателот), - во заедничкиот систем на душите, во луѓето.Освен желбата за храна, секс, семејство, богатство, славата и знаењата, се пробудува желбата за духовното, стремеж да се постигне смислата на животот и неговиот извор. Таа желба се пробудува во фази, постепено, бидејки заедничката душа се состои од различни делови: Рош (глава), Тох (тело), Соф (екстремитети), три линии, Хабад, Хагат, Нехи, 10 сфироти, ГЕ, АХАП и т.н. Се разбира, не се сите делови еднакви, помеѓу нив постои разлика во нивоата на авијут (дебелината, грубоста на желбата за насладување) – шореш (0), алеф (1), бет(2), гимел(3) и далет(4). Исто така постои разлика и во тоа, како работат со желбата за насладување – без екран, со екран, пред разбивањето и после него. После разбивањето, желбите паднале од нивото на давање до нивото на примање, се измешале меѓусебно, и се пробудуваат за исправување постепено, од лесни желби до тешки во своите желби. Постојат такви, кои почнале да се пробудуваат уште во времињата на Вавилон, - со релативно мала желба за насладување.

Тогаш за првпат се случило масовно пробудување, и тие, кои осетиле во себе желба за постигнување на духовното, се нарекуваат "Исра – ел" (Тие кои се стремат кон Создателот). Аврам ги собрал и ја организирал првата група. И им ја предавал својата особина "Хесед", милосрдие. Но нивните желби биле слаби, и немало потреба од средството за исправување "Tора", методата за привлекување на вишата исправувачка светлина. Нив им бил доволен сопствениот стремеж, за да се привлече светлината, која враќа кон изворот, без да се посегне за помош од целиот систем на меѓусебната поврзаност, наречен "Тора". Се разбира, сите исправувања се остваруваат само со помош на светлината. Но слабиот авијут, кој го поседувале "прататковците" во периодот помеѓу Древниот Вавилон и Египет, им дозволувал да го откријат духовното и да се исправат себеси на природен начин.

Но после "Египет" душите веќе поседувале голем егоизам, желба за насладување, нив ги разделувала омразата – огромна, како планината Синај. Од една страна тие се мразеле еден со друг, а од друга – веќе го достигнале осознавањето на злото, го мразеле своето прогонство од духовното, и многу посакувале од него да се ослободат. Целата работа е во големината на желбата, откривањето на егоизмот. Како противтежа на егото, кое се откри при излегувањето Од Египет, душите се обврзани меѓусебно да се соединат со силата, наречена "600 илјади души". И само кога тие посакуваат така да се соединат, прифаќајки го врз себе условот за заемна одговорност, се открива светлина, која враќа кон изворот, кон Создателот. Тоа се нарекува "примање на Тора".

Првиот степен на мојата душа

Прашање: Каква е разликата во барањето кон мојот напор во однос на взаемната одговорност помеѓу првиот пат, кога јас за првпат ги исполнив условите на заемната одговорност, и вториот пат?

Разликата е во чувствувањето на недостатокот, во тоа, што јас сега имам намера да го постигнам второто скалило врз основа на првото скалило. Првото скалило се наоѓа во мене, како решимо, како состојба, во која јас веќе престојував, и не умеев да се задржам, бидејки во мене се додаде желбата за примање. И сега јас морам да ја совладам таа желба, за да го постигнам следното скалило. Претходното скалило ми помага да го достигнам следното скалило. Тие скалила не се скалила на спуштањето, туку скалила на подемот. Т.е. дури иако јас паднав, јас разбирам, зошто паднав, и знам, што треба да направам. Од своето искуство јас веќе знам ако ми успеало да ја достигнам состојбата на взаемна одговорност на првото скалило, и сега се подготвувам тоа да го направам на второто скалило. Тоа значи, дека "душата на човекот него го учи", јас веќе се здобив со искуство, јас знам што да правам. Сега ми е јасно, дека моите падови – тоа не се состојби, кога јас себеси само се губам. Јас осознавам, дека сега јас престојувам во паѓање, дека немам сили, немам врска со Создателот. Тоа е веќе осознавање на тоа, дека токму јас се наоѓам во мрак, токму јас ја изгубив врската со Создателот. Т.е. важно е тоа, дека не е изгубена, туку е присутна точката на осознавањето, контактот со духовното, решимо. И јас почнувам да работам од таа точка, а не од исклучената од духовното, состојба.

Тоа може да се изрази така: ти не го губиш претходното ниво, бидејки не си направил грев таму, ти си паднал од првото скалило затоа што тебе ти дале желба од второто скалило, повисокото. Но големината на неисправената желба од второто скалило, тој грев, кој тебе сега ти се открива, го засенува првото исправено скалило, иако првото скалило е присутно внатре во второто во исправена форма. И тоа е процес на подем, а не на паѓање – ти си се искачил на првото скалило, и тебе ти се открило второто скалило, неговата обратна страна. Во тој АХАП на Вишото ти се чувствуваш себеси "паднат", грешник. Но тоа ти се одредуваш себеси таму од своето исправено прво ниво. Токму тоа значи дека "душата на човекот него го обучува", јас веќе имам душа. Првото скалило – тоа е мојата душа. потоа кај мене ќе се појави душа, по големина соодветна на второто скалило, на третото и т.н. И секој пат кај мене ќе се пројавуваат повисоки нивоа, кои уште посилно ќе ги скриваат претходните нивоа, но кај мене секогаш ќе постојат сили, врски со светлината , за подем. Јас секогаш ќе го појаснувам секое следно скалило на подемот од тоа скалило, кое јас веќе сум го постигнал. Т.е. кај мене се појавува можност правилно да ја поставам дијагнозата, што се случува со мене, како да се привлече светлината, која враќа кон изворот. Јас веќе не престојувам во состојба на болен, кој е во бессознание – затоа што врз мене постојано делува силата на взаемната одговорност. Јас веќе ги примив неговите услови, јас ги извршувам, јас се наоѓам во состојба, кога не го губам тоа, иако лично во однос на себеси самиот, тоа кај мене може да се случува. И тогаш јас наеднаш разбирам, дека почнав да ја пробивам "дупката во чамецот". Јас уште не сум ја довршил, не ја пробив докрај, јас само почнав и уште миг, и ќе завршам тоа да го правам, и во тој миг мене тоа почнува да ми се открива. Тоа значи откривање во мене на егоизмот од следното скалило. Но претходното скалило, врската помеѓу пријателите – останува во мене. Тоа се нарекува "креваат во светоста, а не спуштаат во светоста". Затоа Баал Ха Сулам пишува, дека целата тешкотија се состои во постигнувањето на првото скалило. Но пред првото скалило човекот чувствува целосна мешаница.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica