Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вие сте избрани од милијарди души 18.02.2010

 

Само преку Зохарот ќе можеме да излеземе од прогонство и да се спасиме, и нема сомневање дека сега сме во специјална состојба.

Мораме да му заблагодариме на Создателот што не избрал за оваа мисија; а од друга страна, тоа е голема одговорност. Да имаме вера дека Создателот ќе не води низ сите пречки и дека тие само ќе не зајакнат.

Уплашен сум и инспириран, а истовремено загрижен и вознемирен. Мораме да бидеме свесни за нашата голема одговорност. Сите генерации кабалисти, луѓето кои ја достигнаа целта на созданието и желбата на Создателот, се во истиот систем на кој и ние сакаме да му припаѓаме. Тие веќе се поправиле себеси во овој расипан систем на општата душа (Адам ХаРишон) и не подготвија за тоа, оспособувајќи не да го прифатиме како глобален систем каде веќе не се разоткриваат само одредени, поправени души, како што беше случај пред Рабаш. Тој беше последниот во низата кабалисти кои ни ја пренесоа Кабалата, методот на поправање. Тие специјални души ги има во сите генерации како капки во океанот.

Сега, по првпат во историјата од времето на последното прогонство, сакаме да го достигнеме последното избавение. Тоа е вистинскиот излез од Египет. Уште повеќе, се случува во специјално време – пред самиот празник Пурим, кој го симболизира Крајот на поправањето. Овие услови се навистина несекојдневни.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica