Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

"Витамини" за духовно растење

Баал ХаСулам. Книга „Шамати”. Статија „Нема никој освен Него”: Речено е: „Нема никој освен Него”, што значи дека не постои никаква друга сила во светот, која би можела нешто да стори против Создателот. А причината за тоа, што човекот гледа, дека во светот постојат нешта и сили што го негираат постоењето на Вишите Сили, е желбата на Создателот... Користа на овие отфрлања е во тоа, што човекот со нивна помош добива потреба и целосна желба Создателот да му помогне, затоа што гледа дека поинаку тој е изгубен.“

Човекот се фокусира на спојувањето: не постои друга сила, освен Природата, Создателот, Вишиот и јас сум споен со Него. А тоа што сега се пробудува во мене – во разумот и срцето, во мислите и желбите - сето тоа е само за посилно да се залепам за Создателот, за таа сила. Со помош на што јас сакам да се припојам, да се залепам? Да почнеме од тоа, дека кај мене постои само желба да не се одделувам во мислите од Создателот. Во сето што сега се случува со мене, во сè што слушам, гледам, вдишувам, чувствувам - јас постојано мислам само на спојувањето со Создателот, обидувајќи се да се задржам во разбирање, во сфаќање колку што можам, согласно со моето скалило, дека само една сила дејствува во мене, во сите мои клетки, во целиот разум и срцето, во сите желби и мисли, внатре во мене и надвор од мене.

Бидејќи сè што гледам и што влијае врз мене е само истата таа сила, освен која не постои ништо друго. Таа ми се прикажува во многубројни манифестирања, цртајќи во мојот мозок слика на светот исполнет со звуци, бои, нежива, растителна, животинска природа и луѓе. Сето ова, Таа ми го црта, но не за да ги избришам нив, затворајќи ги очите како ништо да не постои. Напротив, целата оваа слика јас треба да ја перцепирам како да има само еден корен – истата Сила, која дејствува внатре во мене и надвор од мене, и влијаејќи врз мене од двете страни само Таа Сила сето тоа го создава. Точката, во која јас чувствувам дека тоа е така, дознавам, и од неа можам да утврдам таков однос кон Создателот е мојата основна базична точка, која морам да ја израснам, и од неа ќе расте Човекот во мене. Бидејќи освен оваа точка, сè е дадено од Создателот. Оваа точка е слободна, и јас ќе треба да работам на неа, за да ја „залепам” за Создателот.

Значи, постои Виш корен, Виша точка, и постои точка внатре во мене од тој корен, а на средината помеѓу нив се создаваат секакви пречки. Тие пречки можат да се поделат на мои внатрешни пречки– вродени и стекнати особини, желби, мисли, и надворешни пречки– светот околу мене. Но најважно меѓу точката на Создателот и мојата внатрешна точка е постојано да чувствувам дека сите овие слики кои се пробудуваат во мене, во сетилата и разумот, не нè разделуваат, туку напротив доаѓаат за јас уште поцврсто да се закачам за Создателот, и така да станам посилен, и да растам. За да растам и зацврстам, пречките се делат на два вида: внатрешни и надворешни. Надворешните пречки јас ги совладувам обично со тоа што поцврсто се држам за Вишиот. Внатрешните пречки ги победувам со поголемо разбирање на Вишиот. Така се соединуваат разумот и срцето.

Прогонство  и "ло лишма" 

Прашање: Во што се разликува „прогонството” од состојбата „ло лишма”?

Одговор: Човекот го чувствува прогонството откога веќе престојувал на високото скалило и затоа може да сфати дека сега отишол во прогонство. Прогонство е паѓање откога човекот нешто дознал, почувствувал, се наоѓал во контакт со Создателот. Сега тој чувствува дека се исклучил од сето тоа барем во некоја мера. Скалилата на прататковците: Аврам, Исак, Јаков, за кои раскажува Тора – се скалила на разбирањето, достигнувањето, чувствувањето на давањето, особините на Создателот, Негово откривање. Додека одење во Египетското прогонство е оптоварување на срцето, чувствувано од човекот, откога веќе ја достигнал состојбата наречена „прататковци” (почетната состојба).

„Ло Лишма" е почетната состојба на човекот кој учи и се обидува да се крене со сите средства кои ги има на располагање. Тој сè уште престојува во егоистичките намери. Тој мечтае да го достигне давањето, ја чувствува вредноста на оваа особина, и би сакал да се оддели од себеси самиот. Но и тоа одделување тој го посакува заради себе, чувствувајќи колку притоа ќе му биде добро. Чувството, дека дури и при стремежот кон давањето тој сепак дејствува заради своја корист, се нарекува „ло лишма”. Но само под услов ако тој го цени давањето, а не дека тоа му помага да се оттргне од проблемите во животот, или во надеж дека ќе добие духовна награда. Тој сака да престојува во давање, бидејќи такво влијание взши врз него Светлината. Човекот дури не знае што значи да се престојува во давање. Но внатре во него се раѓаат некои нови чувства, се формираат желби, стремежи, кои го тераат да го цени давањето. Тој дури не знае од каде тоа доаѓа. Тоа е резултат на влијанието на Светлината, која враќа кон Изворот. А потоа тој стремеж станува сè повеќе и повеќе свесен, и човекот сам почнува да се држи за него. На крајот, тој доаѓа до состојба кога посакува само давање, оттргнувајќи се од своите лични интереси.

Затоа е потребно многу пати да се помине преку оптоварување на срцето, преку многу препреки. Му покажуваат дека во животот му остануваат вредни само оние нешта, од кои тој не може да се оддели – колку тој сè уште се грижи за нив, и не може да се крене над својата егоистичка љубов кон некои луѓе или пристрасноста кон нешто. Исто така, тој гледа колку не е способен да се поткрене над својата омраза кон некој или нешто. Светлината му помага да направи такво разјаснување. На крајот, со помош на голема работа и молитва, човекот стигнува до тоа, што се обидува да се крене над сето тоа и „речиси” го достигнува давањето. Тогаш Вишата Светлина го довршува тоа скалило за него, како што е речено: „Вложил напори – и нашол”. Важно е да се забрза својот напредок преку интензивна работа во групата. Сè зависи од опкружувањето.

Пополнување на богатството на егоизмот

Групата  на Аврам излегла од Вавилон, се реализирала, станала народ и го достигнала крајот на својата поправка на нивото на Првиот храм – Светлината Мохин де-Хаја. Веднаш после тоа почнало паѓањето – со други зборови – низа на прогонства. За време на Вавилонското прогонство народот на Исраел сè уште престојувал на духовно ниво, повисоко од она при излегувањето од Египет, - и веднаш после уништувањето на Вториот храм, конечно паднал. Во почеток биле разбиени садовите за давање, духовниот дел од народот, а потоа садовите за примање, што резултирало со тоа, што желбата се потчинила на егоистичката намера. Во првата фаза алтруистичката желба само ја променила насоката, но сè уште не се разбила вистински, и дури во втората фаза разбиените садови за примање се вклучиле во желбите на народите на светот, спуштајќи ја врз Исраел целата тежина на прогонството, кое денес стигнува до својот крај. Во споредба со него, претходните прогонства биле во „привремени цик-цак линии надолу”, и само во последната фаза, народот на Исраел се измешал со сите народи на светот, им се приклучил во вистинска спротивставеност на Создателот.

Значи, ако сите други прогонства се проценувале според претходните скалила, тогаш последното го фрлил Исраел на дното, лишувајќи го од сите духовни светови. Во Вавилон тоа сè уште бил народ, иако малку разединет. Кога Аман му дал стимул за сплотување, на Мордехај му биле доволни само Светлините Хасадим, за да ги соедини луѓето. Но денес тие не би биле доволни, бидејќи разбивањето е многу подлабоко, и бара многу посилна поправка. Во времето на Мордехај евреите биле разединети во давањето, но не чувствувале омраза еден кон друг, и било многу полесно да се соединат повторно.

Во статијата 144 од „Шамати” Баал ХаСулам пишува: „Аман рекол, дека според неговото мислење јудејците ќе можат да се уништат”, т.е. да се разединат уште повеќе, да се внесе во нив уште поголема егоистичка желба која ќе ги разбие садовите за давање, ќе ги натера да се мразат еден со друг, и ќе ги потчини на власта на садовите за примање.” „Затоа што тие се разединети и секој е одделен од ближниот свој, и затоа ќе ги совлада нашата сила. Бидејќи такво разделување доведува до оддалечување на човекот од Создателот, и Тој нема да им помогне ако тие се оттргнати од Него”. Такви се законите: Светлината не може да влијае врз разединети желби.

„…Затоа тргнал Мордехај да го поправи тој порок, како што е речено: „Се собрале јудејците за да ги одбранат своите души”. Односно, благодарение на обединувањето ги спасиле своите души. Не постои ништо, освен силата на соединување и силата на разединување. Втората е претставена од Аман, Фараонот, и т.н. а првата – напротив, од праведниците на секое поколение. Значи, „прогонството” и „ослободувањето” се проценуваат според степенот на единството или разединетоста. Не треба да си замислуваш некои временски периоди, растојанија, народи...Суштината е во соединувањето: народот се соединил повеќе – тоа е скалило на Првиот храм, се соединил помалку – скалило на Вториот храм, уште помалку – прогонство, во кое состојбите сепак зависат од сплотеноста.

Сите сили на нечистотијата, насочени кон дезинтеграција, пробудуваат во народот на Израел егоистичка желба. Но зад тие сили безусловно стои Создателот – бидејќи не постои никој освен Него. Тој ги предизвикува тие сили, за народот да ја почувствува целата тежина на својата положба, да доживее несреќи, и заради безизлезноста, да почне да се буди во пресрет на единството. Значи, вистинско прогонство е кога сите садови за давање работат за Фараонот. Тие градат за него богати градови Питом и Рамсес. Поинаку речено, работат стремејќи се кон давање, а плодовите на нивниот труд одат кај егоистичките желби. Токму тоа е давање - заради примањето, кое го пополнува „богатството” на егоизмот. Дури и оние, кои што не се согласуваат, не можат да излезат од тоа ропство, бидејќи егоистичката корист ги задржува во лушпата на самољубието, терајќи ги и понатаму да даваат заради исполнување на своите садови за примање – желбите. Со тоа желбите растат, останувајќи постојано незадоволени, и ние се вртиме во тој круг, сè додека не Го повикаме Создателот – со други зборови, сè додека не се случи глобална криза. Токму тоа сега се случува. Да се надеваме, дека ќе успееме да ги разбудиме и да ги повлечеме со нас „Египќаните”...

Од утринската лекција, 27.11.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica