Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Влегување во духовното низ тесно грло - 16.02.2010

 

За да ме одведат во духовниот свет, авторите на Зохарот и други Кабалисти морале да изградат систем на повеќе нивоа. Тоа е влез кој ми овозможува да влезам во духовноста слој по слој постепено прилагодувајќи се на секое ниво, ослободувајќи се од одредени стереотипи и навики, и стекнувајќи нов поглед на работите. Како да морам да поминам низ тесно грло од шише и да примам таков облик; инаку, нема да можам да влезам.

Страдањето ме турка одзади, додека важноста на духовната цел ме намамува од напред. Така си го пробивам патот навнатре, постојано земајќи облик кој е посоодветен за светот кој треба да го откријам.

Затоа, допрва ќе откриваме уште многу повеќе филтри за прочистување во текстот на Зохарот. Тие ќе не присилат да станеме четвртести, или тркалезни, или триаголни, и секакви облици додека не поминеме низ сите нив и не влеземе внатре. Ќе ги сретнеме на сите нивоа на нашиот ум и чувства, како и нашето гледиште и разбирање. Постојано врвиме низ разни матрици и секој нов филтер ни прави нешто ново додека конечно не се родиме во духовниот свет. Така доаѓа до духовното раѓање.

Затоа во текстот се сретнуваме со толку многу збунувачки и одбивни работи. Невозможно е да се помине низ тој материјал со вообичаени методи на проучување и вообичаени ментални напори. Ќе можеме да видиме зошто се се случило само ако Вишата Светлина влијае на нас и не промени.

Пред нас ќе застанат пречки кои само ќе исчезнат во воздух. Како да има граница пред вас (Махсом), и потоа одеднаш, ја нема! Се јавила некаква слика или отвор, и одеднаш сте поминале низ тоа, земајќи го неговиот облик.

Така оди тоа. Затоа, проблемите не можат да се решат со разум и логика, бидејќи ни еден збор од овој текст не го разбираме како што треба.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica