Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внатрешно единство на групата

 

30.04.2010

Треба да се разбере дека никој не може самостојно да постигне успех во работата за пренесувањето низ светот, бидејќи ние треба да му ја донесеме на светот силата на нашето обединување. Во сé што правиме: во ширењето, во нашите зборови, филмовите, во песните, во сé што му го пренесуваме на светот, треба да присуствува силата на единството. Затоа, ако човек е сам, ако прави нешто според свое лично убедување, тој не може правилно да му пренесува на светот.Тоа нема да даде никаков резултат.

Пренесувањето, суштината на пренесувањето, неговата големина, не се мери според убавината на создадениот клип или според напишаната статија. Се разбира, тоа е потребно за да го привлечеме човекот, за да види или прочита нешто. Но, тоа што човек прегледал или прочитал нешто, видел некој клип, па дури и се импресионирал од него, тоа сé уште не влијае врз исправувањето и соодветно не можеме да ја измериме користа.Корист може да се оствари само од внатрешното единство на групата која ја шири врската помеѓу нас. Внатре во нашата дистрибуција треба да биде формиран минијатурен модел на Адам Ришон.

Јас многу се надевам дека сé за што ние имаме намера и ќе го правиме, ќе поаѓа од силите на обединување помеѓу нас, и нема да се создаде таква ситуација, кога некој ќе управува сам, некој да не го сака тоа, некој да се согласува, а друг не . Сé мора да поаѓа само од духовна согласност, од другарска согласност, и не треба, не дај Боже, да присуствува борба на сили или друга борба, бидејќи со тоа ќе го уништиме процесот на ширење, и не само нашата порака нема да почне да работи, а ќе се случи токму спротивното : ова ќе се стовари врз нас, имено врз нас, негативните сили.

Затоа, пред сè, мораме да се обединиме, особено оние луѓе кои се занимаваат со ширење. Мора да биде формирана група во која нема мали и големи, група без притисок, без заповеди; сé треба да поаѓа од љубовта, од едно срце. Ова е нешто што ќе дејствува, што ќе работи. И јас се надевам дека токму така ќе дејствуваме. А оној што не го разбира и се обидува да наметне свои лични идеи, мора да знае дека ќе ја уништи дури најубавата идеја, ако таа не излегува од желбата на љубовта и обединувањето на сите, бидејќи сме обврзани да ја даваме нашата внатрешна, духовна сила. Ако човек го разбира тоа нека му се приклучи на ширењето. Оној кој не разбира нека да се повлече на страна.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica