Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во духовното-желбата означува дејство

 

16.06.2010
Само неправилната поврзаност со Создателот го тера суштеството да мисли, дека од Создателот му доаѓаат сите проблеми. Вистинската поврзаност со Создателот се наоѓа над знаењето, над садовите за добивање. Таму човекот е во единство со Создателот. Желбата за задоволства прави многу планови, но ако сите се покријат со намерата поради давање, тогаш тие ќе се сведат кон една цел за спојување.


Нашата желба никогаш нема да посака да дава по своја воља, и затоа за да ја исправиме, ние секогаш се креваме кон вишото, за да се вклучиме во него. Духовните скалила се разликуваат не по количествените показатели, туку по видот и квалитетот на врската со Создателот. Затоа се тие толку различни. Сите дисциплини ги применуваат елементите на аскетизам, за да се заузда егоизмот. Само кабалата дозволува да се привлекува светлината, која носи слобода, а не ограничување.


Ние имаме потреба само за откривање на Создателот, и треба да страдаме само од недостаток на давање, од неприсутсвото на Создателот во нашиот видокруг. Неопходно е да се открие природната духовна поврзаност помеѓу нас, многу подлабока и посилна од било каквите врски на овој свет.

Групата за мене станува дом, во кој јас се состанувам со Создателот, и тогаш станува јасно, дека Тој не ми закажал прием мене, туку на сите нас. Осознавајки ја својата ништожност, јас ја откривам големината на целта. Така се натегнува тетивата на лакот, кој како стрела ќе ме исфрли нагоре. На пријателот секогаш може да му се додаде расположение, давајки му нови сили. Потоа тие сили, многупати зголемени, ќе се вратат во групата.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica