Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во потрага на духовен глад

12.07.2011

Ако Создателот ја направил желбата и сака да ја наслади, тогаш е непознато што уште се бара од нас? Нека ја открие нашата желба и нека ја исполни. Но, работата е во тоа што кон желбата создадена од Него за наслада, која е поставена во нас од природата, ние треба да додадеме сопствен стремеж, глад, апетит, затоа што заедничката желба за исполнување нам не ни дава чувство дека таа постои.

Слично на тоа како што не се чувствуваат себеси оние кои постојат на неживото, растителното и животинското ниво, вклучувајќи го и човекот кој води несовесен, животински живот. Но, стремежот да се почувствува Создателот, односно да се открие во себе чувството на давање е садот, спротивната страна на Светлината во кој се открива тоа својство. Тогаш овој сад се исполнува со Светлина.

Затоа не верувај дека е можно „да се трудиш и да не најдеш"! Бидејќи сè се наоѓа пред тебе, затоа повели, ти можеш да откриеш сè, ништо не е скриено од тебе! Само недостатокот од твој личен стремеж ја крие Светлината од тебе. Нам ни недостига само сад – сопствена желба, чувство на глад, жед, недостаток на исполнување, страдање. Но тоа страдање мора да го има заради отсуството токму на тоа својство, појава кое треба да се открие.

Всушност, нам ни недостига само едно – стремеж кон давање! Затоа не е доволна една желба, направена од Создателот, бидејќи тоа е природа, заедничко својство. И не е доволно едноставно да се развие таа желба. Гледаме дека желбата се развива од неживото ниво и ја раѓа растителната и животинската природа, но тоа не овозможува да се почувствува суштината на животот, бидејќи секој постои внатре во самиот себе.

Така и живее човештвото во текот на целиот свој илјадагодишен развој, затоа што тоа е развој само на едноставната желба за наслада и толку. Така нема да отидеш подалеку од интересите за своето постоење, од животинскиот живот. Со ова само се одржуваме себеси во живот, а не го достигнуваме неговиот извор, причината, целта кои се над едноставната желба за исполнување. Сето ова е во Оној, кој ни ја дава желбата, ја раѓа, во нејзиниот Создател.

Затоа во својата животинска состојба треба да пронајдеме како да се вооружиме со стремеж кон Него, со сад за откривање на Создателот, односно со причината за животот, највистинскиот живот на човечкото ниво и неговата цел.

Сè зависи од тебе

Бидејќи во нас нема стремеж кон давање од почеток, ние треба да го собереме, да го оформиме, да го организираме самите, за што ни е дадена работата во група, со други луѓе кои се наоѓаат пред нас, како „помош од спротивната страна". Всушност, јас не работам со никакви луѓе, желби кои ми изгледаат туѓи, туку врз својот однос кон нив, затоа што треба да научам да се однесувам кон нив како кон самиот себеси.

И бидејќи гледам спротивни односи – поделби, омраза, оддалечување, од друга страна наместо тоа, јас треба да достигнам привлечност, љубов, близини, со што се издигнувам од животинското ниво на нивото на Создателот. Затоа што постојат само два вида односи – однос за примање и однос за давање, кои се спротивни еден на друг.

Токму според својот однос кон ближниот јас можам да се проверам себеси и да се обидам да изградам, да оформам во себе потреба да се доближам до него, потреба од љубов, над целата омраза и поделби кои се откриваат во мене во однос на другите. Откривањето на злото се покажува само во односот кон ближниот. И тоа веќе е исто така голема обука можна под услов ако сакам да се доближам до него, искористувајќи ги за тоа сите свои сили и можности. Тогаш откривам дека се движам во сосема спротивна насока, оддалечувајќи се, оттурнувајќи се и мразејќи.

Токму овие својства ги нарекувам „зол почеток", бидејќи сфаќам дека соединувањето, зближувањето, поврзаноста и љубовта се „добриот почеток", својството на Создателот (доколку ми се открие). Сè се препознава во односот кон ближниот. Затоа овој свет е изграден така што во него има многу други луѓе. Ако го погледнам целиот свет и сè она што се наоѓа во него: човештвото, неживата, растителната, животинската природа, својот живот, односите со луѓето – купопродажбите, во семејството, со роднините и туѓите луѓе, блиските и далечните, ако сето ова го гледам како средство за достигнување на својството за давање, тоа значи правилно да се искористи овој свет. Тогаш можам да кажам дека сите се дадени за да ми послужат и помогнат мене, а јас – за да Му служам на Создателот.

Целиот свет е создаден за мене. Ако човекот се согласи дека одозгора целиот свет е изграден правилно и сè е организирано за него да му помогне да се вооружи со стремеж, да му се овозможи да вложи напори со чија помош ќе добие желба за давање над заедничката желба за наслада, направена од Создателот, тогаш тој ќе успее. Законот: „Вложи напор и најде" или „Не верувај дека си вложил напор, а не си нашол" говори дека сè се наоѓа пред тебе, сè ти е дадено, а останатото зависи само од тебе!

Игра во духовниот свет

Прашање: Утринската лекција се дели на пет делови. Дали намерата треба да остане иста во секој дел од лекцијата?

Секако! Нема ништо друго освен тоа, бидејќи целата Тора зборува само за врската помеѓу нас. Само во првиот дел од лекцијата зборуваме како треба да се однесуваме кон врската помеѓу нас, како со помош на таа врска треба да го откриеме заедничкото својство на давањето – Создателот. Тоа е како вовед во реализација, како кога пред играта ти ги објаснуваат правилата на играта. Тоа е првиот дел од лекцијата. Вториот дел е самата игра. Овде треба да се обидеш:

1. постојано да мислиш на мрежата на поврзаноста меѓу нас;
2. постојано да слушаш што вели Зохарот;
3. да поврзуваш, да го соединуваш текстот од Зохар со врската со другарите која си ја претставуваш, таа да добие форма за која раскажува Зохар.

Се разбира, Зохар зборува за поврзаност помеѓу нас на многу високи нивоа. Но, во степенот на тоа колку се гледаш себеси на тие високи нивоа, во тие состојби, толку и ќе растеш, слично како детето кое се гледа себеси како возрасен, затоа што врз тебе ќе дејствува Вишата состојба опишана во Зохар.

На сребрен послужавник

Прашање: Можеме ли на луѓето да им ја предложиме гаранцијата како залог за безбедност?

Може. Ако најдеш директна врска, разбирлива за сите и која ја поврзува гаранцијата со безбедноста, тогаш ќе ти се јави можност да се обраќаш кон народот со повик за обединување како еден човек со едно срце, во заедничка љубов, над сите разлики помеѓу нас.

Повели, дејствувај, но со задолжителен услов од твоите зборови луѓето да бидат убедени дека меѓу гаранцијата и безбедноста може да се стави знак за еднаквост. Во принцип, нашето ветување треба да задоволи некоја нивна желба:

• гаранција = безбедност;
• гаранција = евтини производи;
• гаранција = слобода;
• гаранција = добра клима.

Не е важно што ќе биде всушност, но идентичноста треба да има свое место. Тоа е основата на рекламата, на агитацијата, приодот кон луѓето.

Затоа ние треба да ги научиме потребите на разните кругови, кон кои сакаме да се обратиме и треба да поминеме соодветна подготовка. Ние не се спремаме да им продаваме секојдневни производи – напротив, ние ќе им донесеме на сребрен послужавник вистинска „бонбона". Тоа ќе биде како духовна хранлива смеса за бебиња, а тие ќе треба само да ја отворат устата.

Еве што треба да почувствуваат тие – дека не се потребни никакви напори, туку само да го примат подарокот. Затоа почнуваш со малку: погледнете филм, отворете веб-сајт, прочитајте книга. Дури тоа не е ни работа – едноставно пасивно учество.

Друга е работата да се притисне копче – за човекот тоа веќе е проблем, тешка работа. Самиот тој би притискал цел ден на него, но кога ти му го предлагаш тоа, тогаш дури и едно притискање станува сериозен предизвик.

Треба да се сфати природата на човекот и да се користат начини на давање кои ќе го привлечат – филмови, изложби, песни, сè она што може да послужи како убава обвивка за нашата порака, за да почне таа постепено да се усвојува. Како и да е, пораката треба да биде блиска до човекот и посакуваното.

Распространувањето е деликатна работа, но во неа треба да станеме професионалци.

Зборувај кога имаш нешто да кажеш

Прашање: Како да се обратиме кон светот со пораката за гаранција? Со што можеме да го заинтересираме, да го возбудиме човекот?

Ние не можеме да го повикаме човекот кон гаранцијата и затоа треба да му ја прикажеме добивката, да му демонстрираме што ќе има со тоа. Рекламите ми ветуваат море од наслади: „Купи, едноставно не знаеш каква среќа ќе добиеш". Може ли во тој стил да се рекламира гаранцијата? Ако не може, тогаш е подобро да не се зборува за неа.

Затоа треба да подготвиме правилно објаснување, такво, после кое човекот нема да издржи дома и ќе отиде на укажаната адреса. Ако се има што да се каже, вреди да се започне разговор. Но, ние сè уште не сме способни за тоа и затоа учиме.

Во денешно време немаме со што да го привлечеме светот кон гаранцијата. Тој од почеток не чувствува потреба за тоа, бидејќи гаранцијата не е храна, секс или семејство, не се пари, власт или знаења.

Тогаш како да ја преоблечеме во секојдневна облека и да ветиме дека тоа е нешто го познаваат, што го разбираат? На луѓето треба да се обраќаме според нивните желби или пак да се подготвиме на најсериозен начин, но сепак да чекаме повик од нивна страна. Уште малку појави на криза, уште малку проблеми и согласно со нив и спротивно на потребите кои се појавуваат, ние ќе можеме да разговараме со луѓето. И обратно, не може да се допре до човекот ако нашата понуда не одговара на неговата желба.

Рекламата се обраќа кон оние желби кои се поставени во нас од почеток, таа искусно се прилагодува на нив примајќи ја формата соодветна на дадената наслада. А во што може да се претвори насладата од гаранцијата и единството?

Затоа што „подарокот" треба да биде таков што човекот ќе ја препознае добивката: „Ќе имам повеќе храна, повеќе секс, повеќе семејна топлина, повеќе поддршка, почести, ќе добијам сила, образование, пари...". А ако не, останува само апстрактната идеја: „Луѓе, ајде да живееме сложно".
Ние треба да најдеме пристапи кон човекот, да учиме такво обраќање, кое ќе му покаже дека вреди. Каква добивка ми носи гаранцијата и обединувањето?

Денес можеме да кажеме дека со тоа се овозможува рамнотежа со природата, справување со еколошките проблеми, со наездите на медузите, со сончевата активност, со безработицата.

Но, нашата порака треба да се испраќа во јасна, кратка и едноставна форма, без филозофски паралели меѓу гаранцијата и цената на сирењето. Во очите на човекот тие треба да бидат јасно поврзани меѓу себе: „Ако стапиш во гаранцијата, ќе имаш по десет пакетчиња сирење дневно. Ако не стапиш, нема да можеш да купиш ниедно". Еве до кој степен треба да бидат јасни и очигледни нашите објаснувања.

Поправка по правилен редослед

Луѓето во светот припаѓаат на сите делови од Малхут, која е создадена од Создателот. Секој во неа си има своја улога. Во самата Малхут има пет нивоа на желбата за примање, поделени според развојот, по карактерот, по способноста за сопствено поправање, по своите природни карактеристики. Овие карактеристики се условени од духовната структура, која се состои од десет сфирот во висина и ширина, три линии, дванаесет парцуфим и многу други делови кои се вклучуваат еден во друг.

Како резултат на ова, секој човек има свое посебно поврзување на својствата, своја подготвителна системска основа. Овде сè зависи од неговото место во заедничкиот систем. Светлината дејствува врз него однадвор, последично еден по друг, пробудувајќи ги одделните делови по редослед на растењето на авијут од основното (нулто) ниво до четвртото. Припадноста кон еден или друг дел од заедничкиот систем не зависи од нас.

Меѓутоа, сите ние сме поврзани меѓусебно и кога се пробудуваат душите кои спаѓаат во нултото ниво на авијут, тие со себе го носат тоа ниво во сите останати категории. Потоа се буди првото ниво и исто така ги буди сите свои „ќерки – филијали" во останатите категории.

Во "Предговорот на Книгата Зохар", објаснувајќи како се издигнуваме во поправањата, Баал ХаСулам го опишува распоредот на тој подем. Најпрвин, во светот Асија, ние конечно ја поправаме Светлината Нефеш, а претходно и Светлините Руах и Нешама. На тој начин, целосното поправање на нивото Нефеш дозволува и до некаде поправање на Светлината Нефеш, на сите нивоа.

Во целина, тоа е многу сложен систем чии делови се поврзани меѓу себе. Исто како што се поврзани клучните системи на органите – циркулаторниот, лимфниот и другите. Тие ги опфаќаат сите делови на телото и затоа ако допреш некој дел од нив, влијаеш на целиот организам. Значи, ние немаме контрола; кој и кога треба да се пробуди во заедничкиот систем на човештвото. Секој пристапува во процесот на поправање според својата желба.

Но, безусловно, има делови кои се поправаат први според силата на својата чистина, такви како прататковците, а има и делови кои ќе бидат поправени подоцна.

Соодветно, делот кој се поправа прв, се нарекува „Израел", односно „директно кон Создателот" (јашар-Ел). Затоа, како и во времето на Авраам, имаш група. Кабалистите од сите поколенија се собирале во група, бидејќи во неа предизвикуваш во животот дел од заедничкиот систем и извршуваш поправање.

Групата е составена од разни сектори на Малхут, но тоа нас не нè интересира. Доволно е тоа што се собрале другари кои сакаат поправање. Групата е секогаш неопходна, бидејќи заедничкиот систем не е еднороден, туку е изграден според нивоата на желбата и поделбата.

Безусловно целиот свет ќе се движи етапно кон поправањето. Исто како што после некоја сериозна несреќа докторот по ред работи со повредените органи и делови од телото, бидејќи сите тие се зависни еден од друг и се разликуваат по важноста за организмот. Кон тој принцип треба да се придржуваме, носејќи му поправање на светот.

Од утринската лекција - 12.07.2011     Следете на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica