Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во почетокот на патот

20.10.2010
Ние го започнуваме својот духовен пат, кога се здобиваме со релативно голема егоистичка желба, која се развила во текот на илјадниците години, и воглавно, во тој циклус, благодарение на точката во срцето. Со нејзина помош желбата се развива побргу и "поагресивно", таа почнува повеќе да бара. Точката ја влече некаде, и таа ја крева главата, зголемувајки ги барањата од овој свет. Развивајки се во просторот на нашиот свет, без точката во срцето, таа припаѓаше кон желбите на масите. Сега пак, духовниот импулс ја завлекува по себе.

Човекот се уште се развива егоистички, но неговиот егоизам пораснал и сака да ја "впие" целата реалност, како материјалната, така и духовната. Токму со овие две сили човекот го започнува духовното истражување, се додека не дојде во групата, и не ја пронајде методата на исправување. Ако тој правилно го искористи тоа средство, ја изучува науката кабала, за со помош на опкружувањето да добива светлина, - тогаш се насочува кон развитокот. Притоа егоизмот се комбинира во човекот со стремежот кон давањето, добиен од опкружувањето. Постепено во неговото срце расте барање, и светлината го развива.

Да не се замислува духовното во ликовите од овој свет

Во процесот на развитокот, достигнувајки осознаена возраст, ние сме веќе снабдени со голема количина на ликови и поими за составните делови на овој свет. И затоа ние можеме да ги разделуваме и соединуваме различните ликови и поими во своите замисли или во дејствата. Затоа, кога ние ќе слушнеме за нешто, ние тоа можеме да си го претставиме, тргнувајки од тоа што нам ни е познато за "такво нешто слично", дури иако никогаш не сме го виделе тој објект и немаме никаква врска со него. А пак за духовното кај нас не постои ниту најмала претстава, никаков контакт, познавање на неговите елементи, кои ние би можеле да ги расклопиме на делови или да ги соединиме, да си претставиме нешто "слично на тоа". Ние читаме за духовните појави, и ако нешто сликовито си претставуваме, треба да сме свесни, дека тоа е самозалажување.

Во таков случај ние ги земаме познатите нам ликови од нашиот свет и од нив составуваме, во својата претстава, ликови, божемно од вишиот свет. Бидејки тоа е докажано неправилен пат, тогаш, при изучувањето на кабалата, ние се трудиме ништо да не соединуваме ( да не составуваме) во својот разум и чувствата, туку тргнувамеод тоа, како што е речено " тој кој суди нема повеќе од тоа што го гледаат неговите очи". А да се додава ( да се замислува, фантазира) не смее, затоа што тоа веќе ја означува формата, која не е преслечена во материјата.

Кабалата е против тоа, затоа што ние мораме да ја достигнеме формата, преслечена во материја. Ако пак ние почнеме да си претставуваме форми, кои не се преслечени во материја, тогаш тоа секогаш ќе бидат лажни форми, позајмени од нашиот свет, и ние никогаш нема да стигнеме до вистината.

Од утринската лекција /20.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica