Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во состојба на очекување на животот

Книгата „Учение на Десетте Сефирот”, раскажува за градбата на нашата душа, и за дејствата што таа ги извршува. Но сега таа душа е неподвижно замрена, небаре е во состојба на очекување, на готовност, во својата минимална нежива состојба. Таа се буди и оживува зависно од тоа колку ние учиме и ја изучуваме. Тоа ние можеме да го правиме дури и несвесно, без да си даваме отчет како сè се случува, едноставно само читајќи ја книгата. И тоа е добро – со тоа ние веќе ја пробудуваме Светлината која враќа кон Изворот, но само со моќ на неживото ниво пуштаме „крв” во системот. Ако пак сакаме свесно да учествуваме во оваа работа, и да чувствуваме како Светлината работи во нас, односно не само да го читаме “Учението на Десетте Сефирот”, туку свесно да го привлекуваме и да го пробудуваме влијанието на Светлината, тогаш во својата душа влеваме различни количини на животворна Светлина, и душата се разбудува. И тогаш ние ги чувствуваме нејзините дејства, преку што достигнуваме сфаќање, достигнување, чувство, соучесништво. Сè зависи од тоа, во која мера ние се поистоветуваме со прочитаното, сфаќајќи дека станува збор за нашата душа. Душа се нарекува „божествената искра од Вишото”, односно желбата за насладување, поправена со намерата за давање. Друга виша честичка во нас не може да постои. И така постепено, ние постојано полека напредуваме, благодарение на тоа што ја привлекуваме врз себе силата, која ја влева во нас силата на духовниот живот. На крајот, човекот почнува да ги чувствува, и практично да се вклучува во сите процеси, за кои таа книга говори. На ист начин, како што сето опишано во книгата, го достигнувал нејзиниот автор.

Како да молиме, за тоа да се исполни?

Прашање: Што е молитва?

Одговор: Молитва е работа во срцето. Но зошто тоа е работа? Зарем јас не знам, што сакам? Не. Јас не знам ниту што сакам, ниту што треба да посакувам. Во тоа се состои нашата работа – да се оформиме себеси правилно. Но, ако тоа е желба, што можам јас да направам? Бебето плаче, без да ги знае причините, едноставно му е лошо. Додека пак човекот, кој поминал преку откривање на ралични решимот (информациски гени), го доживеал вкусот („таамим”) на примањето и давањето, веќе знае заради што му е лошо, и заради што му е добро. Затоа тој може да ја посочи конкретната желба. Тоа не е едноставно безоблична желба, чиста потреба, туку желба, во која веќе постојат секакви слики, внатрешни разлики. Што се бара од нас? Да не плачеме како бебето, туку точно да разјасниме што сакаме. Да речеме, јас сакам да го засакам пријателот, кој ми е непријатен. Тогаш треба да чувствувам потреба за тоа. Речено е: „Направи ја својата желба иста како неговата”. Но како тоа да го сторам, ако немам никаква желба за тоа?

Прави дејства – од нив ќе видиш, во колкава мера не го сакаш тоа. Меѓутоа, вршејќи дејства, ти вложуваш сили, и тие сили ќе предизвикаат кај тебе жалење, дека ти не го посакуваш она, кое што всушност треба да го посакуваш. Да речеме, јас сакам да купам куќа, но за тоа треба да вложам напори – да одам на работа, тешко да работам. Јас за тоа ниту имам сили,  ниту желба, но имам желба да купам куќа. Тоа е неправилно. Човекот треба да ја обработи својата желба така, да таа биде поврзана со целта. Значи, што е молитва? Молитвата - не е молба сама од себе, која јас сега ја изговарам. Молитвата – е редослед на моите дејства, во кои јас ја формирам молбата, со која потоа живеам, и секој пат јас сè повеќе ја обработувам, ја поправам својата желба, за мојата молитва да стане уште поправилно формирана, префинета, точна.

Молитва се нарекува Малхут, желбата, и јас мора постојано за тоа да се грижам. Јас немам ништо друго за што да се грижам, освен за правилната желба. Затоа е напишано: „Дај Боже, да се молам цел ден”. Не е молитва, кога човекот паѓа ничкум или ги чита зборовите од молитвеникот. Не. Молитва е кога откривам внатре во себе, како што е речено за Малхут: „Јас сум – молитва”. Тоа значи, дека човекот вели: „Ова е мојата  молитва, мојата желба!”, а не нешто напишано, научено или слушнато од некаде. Затоа, да се исчистиш себеси од сите надворешни влијаниј, и да ја откриеш внатре во себе својата вистинска желба, своето лично „јас”, токму тоа се нарекува „Јас сум – молитва”. Токму тоа е Малхут. На таква молитва човекот добива одговор од Вишото, затоа што тоа е – откриена желба.

Од утринската лекција, 19.11.2012, на Каб.Тв

Максимално поцрнување во Опкружувачката Светлина

Човекот доаѓа да учи, сакајќи да дознае, сфати и да го почувствува духовниот свет, но сè уште не поседува правилни сфаќања за тоа што значи примање и давање, за себе или за другите. Тој знае да се грижи само за себе, и да дејствува согласно со својата желба за насладување. И целата негова работа се состои во тоа – да прави дејства, што ќе ја привлечат Светлината, која враќа кон Изворот. Единствено на што треба да мисли е како да ѝ се отвори на Светлината, да ѝ даде можност да влијае врз нас, и да ги промени нашите особини. Треба цело време да се грижиме само за тоа , како да ја достигнеме оптималната состојба за таквото влијание: да зајакнеме во поврзаноста со групата, во учењето, во намерата, да организираме сè што е потребно. Нашата задача е да го доведеме целиот тој збир на услови во најдобра форма, за Светлината да влијае врз нас. Светлината е постојана, меѓутоа јас мора постојано да се превртувам, изложувајќи се на нејзиното влијание – те од една, те од друга страна во своите мисли, намери, дејства, во работата со книгите, со групата, со себеси, во односите со блиските и далечните луѓе, во сè.

Ако човекот постојано мисли на тоа, и ги базира врз тоа сите свои надежи, сфаќајќи, дека ништо нема да му помогне освен влијанието на Светлината, тогаш брзо постигнува резултат. Тоа значи дека тој ја „чека Светлината на Создателот”, небаре ја чека зората. Тој чувствува како во него се менуваат вредностите, свртувајќи го кон давањето и љубовта, кон излезот од самиот себеси кон пријателите, кон сфаќањето на групата, кон нејзината внатрешна слика. Токму во тоа тој почнува да го гледа својот живот. Тој чувстува, дека во него се присутни две желби. Едната е природната егоистичка желба за примање, која сè уште е останата во него. А втората желба е гладот, кој постепено се развива во него, потребата, празен вакуум, кој тој сака да го наполни со својот стремеж за соединување. Откога човекот ќе ги почувствува тие две желби во себе, благодарение на Светлината, која создава во него ново празно место, тој веќе добива некаква усмереност. Претходно кај него постоела само точка, која не давала никаква насока. А сега, меѓу тие вакуми се појавува поврзаност, определувајќи насока „од себеси кон ближниот”, и така човекот напредува. И најважно е постојано да се превртуваме, насочувајќи се кон максималното влијание на Светлината, која враќа кон Изворот, на најоптимален, најефикасен начин.

Од утринската лекција, 19.11.2012,  на  Каб.Тв

Гладот е прекрасно чувство, кога трпезата е веќе подготвена

Прашање: Нашето напредување се базира врз желбата. Дали желбата, која ја генерираме во групата треба постојано да расте? Или ние треба да чувствуваме како таа доаѓа и се губи?

Одговор: Од сите дејства во нашиот живот ние гледаме, дека со нас управува само желбата за насладување. Целокупниот материјал – суштината, е желбата за примање. Во неа нема ништо, што би престојувало во неподвижност, во апсолутно мирување. Ако ја „запреме” материјата – таа ќе исчезне. Иако ние гледаме неподвижни предмети, сепак нивната материја е активна, нивните атоми не престануваат со интеракција, нивното постоење е само во движењето. Не постои ништо непроменливо. Бидејќи промените се израз на потребата: во сегашната состојба јас не доживувам многу убави чувства, а во следната се надевам дека ќе ми биде подобро. Тоа се однесува и на неживата, растителната и животинската природа. Секое движење произлегува од потребата да се достигне нешто подобро од сегашната ситуација. Прашуваш, дали може ситуацијата да се менува само кон подобро? Такво нешто не е можно. Бидејќи таа е составена од комбинација на две спротивни сили: желбата да насладува и желбата за насладување, од Создателот и суштеството. Тие постојано се менуваат: те едното, те другото превладува – и така ние одиме напред, како да правиме чекори со двете нозе.

Затоа промената на состојбите не може да се чувствува на прагот, на преминот кон подобро или кон полошо. И всушност, промената кон полошо воопшто не значи влошување. Затоа што јас не се враќам кон она, што веќе било, - мене само ми додаваат свест за поголемо зло. Духовниот напредок има квалитетен, а не квантитетен карактер. Вчера јас почувствував зло и ја поправив својата состојба, а денес го чувствувам тоа зло уште посилно, уште подлабоко, во врските со неговите основи, во комбинација со другите – јас го чувствувам сè подлабоко. Секој пат тоа се пројавува во сè поголема желба за примање – и јас, поправајќи ја, се искачувам на повисоко скалило. Така излегува дека двете линии – десната и левата – наизменично израснуваат една над друга. Така јас се искачувам. Нема друг начин. Без желбата јас не можам да ја почувствувам Светлината, но кога Светлината доаѓа и ја засенува желбата – како да го продолжам патот без уште поголема желба?  Јас поминувам непрекината низа на подеми и падови. Нашиот проблем е во тоа, што ние не ги поистоветуваме паѓањата со подемите. Меѓутоа и паѓањата се подеми, но во желбата за примање, која ни ја подготвуваат за да ја поправиме.

Замисли си, дека си гладен, и пред тебе се појавува трпеза со доручек: салата, јајца, урда и др. Ти каснуваш, и го продолжуваш патот. После неколку километри повторно огладнуваш – и наеднаш пред тебе се појавува трпеза со ручек: супа, главно јадење и десерт. Се најадуваш до наситување и одиш понатаму, сè додека не добиеш апетит, и тогаш се појавува трпеза со вечера. Така во духовното треба секој пат да се празниш. Притоа твојата желба секој пат се зголемува, но соодветно со тоа, ти подготвуваат наполнување. Ќе дојде време, ќе проработи Вишата Светлина, и вие ќе почувствувате дека тие падови се слатки. Јас како да гледам трпеза со јадења на два километри пред мене, и веќе го чувствувам нивниот мирис. И тогаш се радувам, дури посакувам да огладнам уште повеќе, за да седнам на трпезата подготвен. Опкружувачката Светлина влијае врз мене однадвор и го осветлува подемот, кој се крие зад падот. Но тоа се случува кога јас веќе работам со духовните парцуфим. Во секој од нив јас ги чувствувам „мирисите”, Опкружувачките Светлини на следниот парцуф. И тогаш падот се претвора во исчекување.

од утринската лекција, 19.11.2012, на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica