Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во хармонија меѓу две светла

Сите циклуси на времето, освен седмицата, се поврзани со космичките системи: нова месечина, утро, ден, вечер итн. Тој како да е создаден од човековиот разум. Работата е што се наоѓаме во многу интересен систем – зависиме и од Месечината и од Сонцето. Овде се појавува двојност, според која се направени сите календари: муслиманскот е според месечината, христијанскиот според сонцето, а календарот на јудаизмот е комбиниран и според сонцето и според месечината. Затоа во муслиманските календари празниците не се поврзани со определени дати и „паѓаат“ различно – еднаш во зима, па на лето, на пролет, на есен. Христијанските празници исто така се менуваат, календарите се менуваат. Додека пак, еврејскиот календар не се менува затоа што тој е направен според средната линија: не е според десната, како муслиманскиот, а не е ниту според левата, како христијанскиот, туку според комбинација од двете сили на природата – примањето и давањето, затоа што зависиме и од Сонцето и од Месечината, односно и од својството за примање и од својството за давање. Не можеме да бидеме само под една линија и затоа нашиот календар никогаш не се менува. Истовремено, тој е многу сложен! Постојат посебни настани – „швита“ и „јовел“, еднаш во четири години има високосна година, два пати во 27 години се случува соларна ротација итн. Меѓутоа, самиот календар, направен пред неколку илјади години, никогаш не се менувал.

Реплика: Значи според овој календар може точно да се одреди што и кога ќе се случи во иднината?

Одговор: Доколку е направен врз основа на двете сили кои постојат во природата, тогаш ти се движиш заедно со природата, користејќи ги сите нејзини сили во хармонија. Токму ова претставува сончево – месечевиот календар. Месечината ни го покажува односот на Земјата кон Сонцето или, ако јас сум Земјата, тогаш Месечината со своите мени ми го покажува мојот екран: колку исправно се однесувам кон Создателот или кон Светлината, менувајќи се во сите свои фази – од целосно губење на Месечината до целосно појавување (полна Месечина) и повторно нејзино губење. Четирите седмици меѓу губењето и целосното појавување на Месечината и повторното губење и појавување прават ист таков циклус, како и денот: „И би вечер и би утро – ден прв“. Со други зборови, јас станувам кон Сонцето, а потоа Сонцето влијае врз мене така што мојот егоизам почнува да се издига и се појавува левата линија која го спушта Сонцето кон заоѓање и ја создава ноќта и Месечината. Притоа мените на Месечината се во согласност со појавите во разните соѕвездија – сето тоа е толку целосна, а истовремено и едноставна слика, што колку повеќе се проучува и навлегува во тоа, толку повеќе се појавува чувство на апсолутна хармонија. Како музичар, кој ја чувствува мелодијата и вели: „Прекрасен акорд, прекрасна комбинација на инструменти, но овде недостига една нота да биде изведена од труба“. Така и кај нас се појавува чувство на целосна хармонија. Тоа е чудесно. Затоа се вели дека достигнувањето на Создателот всушност е совршенство.

Од утринската лекција, 13.03.2013год. на Каб.тв

Ден на соединување со Создателот 

Сабота е посебен ден кој ја претставува врската на Зеир Анпин (Сонцето) со Малхут (Земјата). Затоа саботата како да е создадена врз соединувањето на Земјата и Сонцето, кога Земјата во текот на шест дена целосно се исполнува со светлината од Сонцето. Од друга страна, таа врска се остварува и преку Месечината, затоа што Сонцето и Месечината, таканаречените „две големи светла“ се еднакви по величина, само што Месечината свети со одразената сончева светлина. Додека пак, Земјата, која се наоѓа помеѓу нив, ја затскрива Месечината од Сонцето, па затоа ние ги гледаме мените на Месечината, кои ја претставуваат врската на Месечината и Земјата, а Сонцето ја рефлектира големината на нивното поврзување, соединување. Шест дена тоа е соединување на Зеир Анпин и Малхут. Кога Малхут, односно Земјата достигнува заситеност, тогаш седмиот ден би требало да одмори. Ова се однесува за Малхут, за Земјата, за човекот, па дури и за животните, всушност за целиот свет. Но, тоа не значи дека човекот треба да се одмара, бидејќи сабота е време на најголемиот напор во духовната работа. После шест дена поправање на Малхут и изедначување на Зеир Анпин, во сабота се случува нивното обединување, соединување. Затоа сабота ја претставува љубовта, врската за која се пее во „Песна на Песните“ – целосно обединување на битието со Создателот. Шесте дена работа претставуваат подготовка за ова соединување. Човекот се врти во своите фази како Сонцето или Месечината – наутро станува, навечер легнува, а седмиот ден тој е подготвен за соединување, затоа што седмиот стадуим е љубовното соединување, кога тој целосно се поправил себеси во сличноста со Создателот. Значи, првите пет дена од седмицата се денови за работа, шестиот ден е соединување на сите тие работни денови во еден, а седмиот како завршен ден на целата работа и резулатот од неа е целосно неработен ден. Бидејќи сето тоа излегува од израмнувањето на десната и левата линија, така седмиот ден веднаш бил прифатен и на Земјата од групата на Авраам (еврејскиот народ) како ден за одмор. Останатите народи го прифатиле денот за одмор преку религиите кои произлегле од истата таа кабала. Со тоа што сметале дека средната линија спаѓа во саботата, кај муслиманите (десната линија) ден за одмор е шестиот ден од седмицата, а кај христијаните (левата линија) – првиот. Оваа разлика ќе постои сè додека не се соединат во средната линија. Поинаку до Создателот не можеш да се издигнеш. Затоа сите религии постојат само за да осознае човекот дека треба да се издигне над нив и да се соедини во една – но не религија, туку во кабала.

Кога паѓаат завесите

Баал ХаСулам, „Предговор кон Книгата Зохар“, т.20: Нашето тело во неговата лоша форма, кое ни е дадено во сегашноста, не одговара на нашата суштина затоа што и тоа и сè, со што се има здобиено ќе исчезнат без никаква трага заедно со целиот систем на гадост кој е нивниот извор. Додека пак, секој кој треба да изгори, е сличен на веќе изгорениот, исто како никогаш и да не постоел. Суштината на душата (нефеш), наметната во ова „тело“, е исто така само една желба, но тоа е желба да дава, која произлегува од системот на четирите чисти светови АБЈА. Таа постои вечно, бидејќи оваа форма на желба која дава е слична на Изворот на животот и е непроменлива.

Ние се наоѓаме во бесконечна реалност, а сите светови (оламот), односно сокривањата (аламот) се само „филтри“ кои ни ја прилагодуваат сликата на Бесконечноста, нивоата на сокривањата кои постојат само во нашата перцепција. Тие ќе исчезнат откако ние ќе можеме да го поништиме своето „тело“ – егоистичката желба. Меѓутоа, таа желба треба да ја откриеме. Каде се наоѓа таа? Затоа што денес практично сите мои желби дејствуваат на „животинско“ ниво. Поголемата желба за наслада се појавува само кога ќе почнам да вложувам напори во работата за давање и да откривам сè што е спротивно на желбата за давање. Наспроти десната линија настапува левата, наспроти чистината – гадотијата. Овде, долу, зад „линијата на духовната перцепција“, ние се наоѓаме во привиден свет, каде што нашите желби, како што е речено „се слични на животинските“. Но, доколку, работејќи во група, во распространување, во соединување заради пријателите, заради човештвото, а во крајна линија, заради Создателот, ние покажеме стремеж за нагоре, тогаш го откриваме своето расипано „тело“, односно желбата за примање со егоистичка намера. За да ја поправиме оваа желба, треба да ја промениме нејзината намера во алтруистичка. Самата желба за примање останува, а врз неа ја градам желбата за давање – душата. Нејзината суштина е во моето давање на сите. Дарувајќи ги сите, сакајќи ги сите, над своето „тело“ јас ја развивам душата. Така и доаѓаме до поправање. Тогаш овој свет пропаѓа, а јас ги гледам сите светови до светот на Бесконечноста. На крај останува само тој, а поминатите состојби, извршувајќи си ја во мене својата работа, исчезнуваат. Ние и сега постоиме во светот на Бесконечноста. И сега исто така, сè зависи од мојата намера. Нема ништо цврсто и непоколебливо – сè се прикажува и се случува само во моите својства.

Меѓу стегите на слободата 

Издигајќи се во Бина, човекот (Малхут) се поништува себеси над целиот егоизам кој се разоткрива во него. Нека му нудат секакви исполнувања, но тој сепак претпочита да се поништи себеси и да биде внатре во Бина. Ембрионот е најстрашната состојба за желбата за наслада. Замисли си дека се враќаш назад во мајчината утроба – полошо ништо не може да биде: остануваш без воздух, без светлина, без никаква слобода на движењето. Во сите свои чувства, желби и мисли ти си затворен во самица, како меѓу стеги од кои не можеш да мрднеш ни внатрешно, во својата свест, ни надворешно. Тоа страшно чувство на влегување во духовната матка е духовна клаустрофобија... Но, ти ја претпочиташ оваа состојба затоа што ако се наоѓаш внатре во Бина, во својството за давање, тогаш тебе не ти треба ништо повеќе! Ти ја прифаќаш таа темна самица како ветената земја, како Рајската Градина. Заменувањето на својот приоритет од Малхут на Бина, почнувањето да се цени својството за давање е условот за влегувањето во духовниот ембрион.

Од утринската лекција, 13.03.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica