Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Време на созревање

Баал ХаСулам, “Време е за дејствување”: Веќе долго време од ден на ден ме прогонува грижа на совест, поттикнувајќи ме да излезам од вообичаените рамки, и да создадам фундаментално дело, кое ќе ги содржи вистинските знаења за науката кабала, и да го проширам низ народот, за со негова помош луѓето да се запознаат со основите, и да дојдат до правилно разбирање на општите категории од најголемо значење во нивните вистински облици и пројавувања.

Треба да сфатиме колку е тешко кабалистот да излезе надвор од своите рамки. Бидејќи постојат многу сериозни ограничувања за откривање на науката кабала. Дури и сега, кога не е сé потполно откриено, ние гледаме: во голем дел основите на своето битие над животинското ниво, човештвото ги има добиено од кабалата. Во различните историски периоди таа на различни начини го збогатуваше светот: преку грчките антички мудреци, преку тие или други ученици, кои ги објавувале нејзините знаења. Оттука произлегоа религиите: прво јудаизмот, а потоа христијанството и исламот. Оттука се појавија секакви верувања кај источните народи, утврдени уште од Аврам. На крајот на краиштата сé произлегува од делчињата на науката кабала, која говори за силите кои дејствуваат во светот и го водат човекот кон однапред предодредена поправка.

Врз таа база луѓето создавале филозофски пристапи, метафизички учења, теолошки доктрини и др. Таквите слични теории силно го отежнувале патот кон вистината. Бидејќи луѓето потонувале во хаос, откорнувајќи од науката кабала одделни описи на системот и составувајќи од нив секакви концепти, секој на свој начин. Со самото тоа тие се обидувале да ги потврдат сопствените претензии кон вистината и моќта, побивајќи ја вистинитоста на кабалата.

Вреди да учиме од тие примери: луѓето добиваат од науката кабала визија за системот и го претвораат во тоа што им одговора. Токму затоа постоела забрана за откривање на кабалата. Бидејќи, ако Светлината влегува во неподготвен сад, тоа се нарекува “незрел плод” и им носи големи несреќи и на народите на светот и на народот на Исраел. Тој им пречи на народите да ја добијат вистината, а врз Исраел предизвикува омраза и го оддалечува од поправката. Како последица на тоа, мудреците беа многу внимателни и не ја откриваа науката кабала. Дури и да слушнал човекот за неа, тој не можел да добие никакви податоци. Во последниве триесет години кабалистичките книги го заземаа своето место на полиците во книжарите, но не и насекаде. Порано тие воопшто не можеле да се најдат.

Згора на тоа, кабалистите им поставувале тешки услови на потенцијалните ученици и дури ширеле негативни гласини, за да не му дозволат пристап на еврејскиот народ до науката кабала. Бидејќи ако човекот не е одреден за неа, не гори со вистинска желба, тогаш сé уште не смее да се сврти кон оваа мудрост. Прво мора да заврши некои одредени фази од развојот. Бидејќи сите ние сме делови на заедничката желба, која постепено созрева. Дури денес дојде времето, кога нема веќе од што да се плашиме. Напротив, ние мораме да ја шириме науката кабала, т.е. да дејствуваме со спротивни методи.

Во суштина, Баал ХаСулам бил прв кабалист кој им ја открил оваа наука на масите. Тој напишал голем број материјали за широката публика, вклучувајќи го весникот “Народ” и различни статии. Кој знае колку размислувања, немири и напори тоа го чинело, почнувајќи уште од почетокот на минатиот век од Варшава, кога тој решил дека друг излез нема и неопходно е да им се обрати на сите.

Од утринската лекција – 23.08.2012 на  Каб.Тв

Без вознемирување, сé се одвива според програмата на создавањето

Од писмото на Баал ХаСулам (№52): “Повикувајте Го Создателот бидејќи Тој е близок т.е. кога Го повикувате Создателот за да ве приближи кон Себе, бидете убедени дека Тој веќе е близок со вас, зошто кога не би било така, сигурно дека не би Го повикувале Него.

Ако во човекот се буди некоја желба, тоа значи дека му е дадена од Создателот. Тие желби можат да се чувствуваат како благодарност, молба или жалба, незадоволство. Што и да почувствува човекот, тоа чувство секогаш доаѓа од Создателот. Задачата на човекот е само да осознае дека таа желба не произлегува од него самиот. Исто така и зборовите со кои Му се обраќа на Создателот внатре во себе, во своето срце – пратени се од Создателот. Човекот во овој случај не извршува никакво самостојно дејство, бидејќи Светлината, будејќи ја желбата, целосно ја одредува нејзината реакција врз себеси. Потоа, кога на човекот му се чини дека небаре Создателот одговара на неговата молитва, молба, - тоа е исто така дејство на Светлината врз новосоздадената желба, со која таа работи за да предизвика во неа одредена реакција.

И така сé се движи чекор по чекор, согласно програмата на создавањето и процесот кој ние мораме да го поминеме. Од човекот се бара, над сите случувања, само да осознае дека е вклучен во работата на Создателот, во процесот на работата на Светлината врз него, врз неговиот сад, желбата. Негово единствено учество во тој процес – е осознавање на фактот дека сé прави Создателот. Човекот треба само да се приклучи кон случувањата, да се согласи, да посака до таа мерка, за да биде однапред подготвен за сите тие дејства. Тоа ќе значи дека се наоѓа во спојување со Создателот.

Од утринската лекција – 23.08.2012  на Каб.Тв

Во опкружување на апсолутно добро

Нашето пробудување за Создателот обично започнува од создавањето во нас на некоја претензија кон Него. Многу ретко Му се обраќаме на Создателот со благодарност, почесто – со жалби и незадоволство. Во човекот секој пат се будат такви претензии. Но ако тој сепак се наоѓа во групата и продолжува да учи, привлекувајќи кон себе Светлина, тој почнува да сфаќа дека сите проблеми, страдања, злобност на срцето, срамот – сите ситуации кои му ги приредува Создателот во животот, токму најнепријатните, пред сé се повикани да му покажат, дека сé доаѓа од Создателот. Како второ, тој треба да сфати дека не треба да моли за поправка на сите овие проблеми, зошто тогаш ќе се обраќа кон Создателот од својот егоизам. Но човекот треба да Му се обрати на Создателот над сите тие проблеми, согласувајќи се со Него, радувајќи се и согледувајќи во сите тие дејства, кои предизвикуваат во него секакви непријатни реакции – добро и милост на Создателот, кои го придружуваат цел живот. Тој треба да побара поправка на својот однос кон Создателот. Треба да се потруди да се поправи себеси надвор од сите свои непријатни чувства, воспримајќи ги како препреки, над кои тој може да се крене ако посака да ги восприма како добра помош во достигнувањето на особината на давање. Тогаш сите тие непријатни ситуации, болката, срамот, хаосот, напротив, ќе му се причинат како помош и милост од страна на Создателот, кој Му ги праќа на човекот за да ги ги прими како добро, и над нив да замоли за своја поправка.

По завршувањето на таа фаза човекот бара можност да биде подготвен за сé што доаѓа од Создателот, однапред давајќи благослов на сето добро и лошо. Токму тоа значи да се прими директното и индиректното управување на Создателот, како што е речено: “Одзади и однапред Ти ме опфаќаш”. Односно суштината на нашата работа не е да молиме да ни се тргнат непријатните чувства, ситуации, влијанија, препреки и да се решат сите проблеми. Наместо тоа, треба да се биде подготвен да се види раката на Создателот во сите тие дејства, кои се намерно испратени за да го изградиме над нив нашиот правилен однос, да ги формираме садовите на давање. До тој степен, кога тие препреки и проблеми не само што ќе престанат да ни пречат, туку дури и ќе видиме во нив посебна милост и добронамерност. Тогаш нема да го молиме Создателот да ги поправи нашите проблеми, туку самите ќе ги поправиме нашите особини поради тоа што ќе ја видиме користа од нив. И наместо семожното зло, во истите тие места ние ќе видиме само добро.

Од утринската лекција – 23.08.2012  на Каб.Тв

Совршената работа се одвива на две нивоа

Прашање: Се добива некоја противречност: од една страна, кога доаѓа препрека јас не треба да Го молам Создателот да ја тргне. Но од друга страна, во материјалниот свет морам да вложам многу напори за да го решам проблемот. Зошто тоа е така?

Одговор: Тоа не е едноставно да се разбере. Постои внатрешна работа за поправка на човекот, која се однесува на неговиот внатрешен осет. Но истовремено, тој мора да извршува надворешни дејства за да го поправи тој проблем, ако тој се манифестира и во надворешниот свет. За сметка на тоа, тој извршува надворешна поправка. И така светот како таков не постои - сето тоа се негови лични желби. Човекот треба да сфати, дека ако дојдената препрека се проширува и во надворешниот свет, тогаш тој мора таму да ја поправи, колку што е можно. Истовремено со тоа тој работи внатрешно, поправајќи го својот однос со Создателот. Во врска со влијанието на препреката врз самиот човек, тој мора да се крене над таа пречка со верба над знаењето. Но поради тоа што таа доаѓа до него преку надворешниот свет, предизвикувајќи во него некои нарушувања, тој мора да ги поправи материјалните проблеми со овоземни, достапни на него начини. Така човекот треба истовремено да дејствува на две нивоа: и во внатрешната работа и во надворешната. Токму тоа се нарекува совршена работа.

Интегралноста лекува

Прашање: Каква ќе биде медицината во интегралното општество?

Одговор:  При преминот кон интегралното општество најмногу промени ќе претрпи медицината. 90% од лековите ќе станат непотребни и штетни. Луѓето едноставно ќе станат здрави, бидејќи ќе конзумираат нормална количина на храна, и тоа корисна. Односно ќе има минимален број на медицински работници. Ние ќе преминеме кон медицина блиска на Природата, притоа ќе преминеме кон неа по природен пат – само поради тоа што човекот во тој однос ќе стане повеќе урамнотежен. Ние ќе откриеме дека наеднаш ќе исчезнат многу болести, бидејќи интегралноста лекува. Тоа е огромна сила која нè доведува во рамнотежа дури и на нашите физиолошки нивоа.

Од серијата „Интегрално Општество“ - 23.08.2012  на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica