Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да создадеме Човек!

Книга Зохар. Глава „Насо", т.172:

…„Слика на човекот" – како лик на еден човек, кој ги содржи сите форми, т.е. три лика, лев-бик-орел, се вклучени во ликот на човекот од страната на Малхут во него, бидејќи човекот (Адам) ги содржи Зеир Анпин и Малхут...”„Ликот на човекот”, кој ги вклучува тајните, што биле кажани и утврдени пред создавањето на светот на седумте цареви, кои царувале во нестабилен свет, без оглед на тоа дека се разбиле, и не можеле да егзистираат.“

Слика на човекот – тоа е она, што ние го градиме во врската помеѓу нас, сè додека не го добиеме Адам ХаРишон. Напорите, што секој од нас ги вложува во соединувањето, ја градат таа нова слика, наречена „Адам ХаРишон”. Адам ХаРишон, создаден одозгора при слегувањето на световите, бил како прототип, ангел, бидејќи е создаден без нашите напори. А со нашите напори тој се претвора од животно во човек. Истото го гледаме во процесот на еволуцијата: ние дојдовме до завршетокот на животинскиот развој, и сега треба да се искачиме на следното скалило, наречено „Човек”. Затоа се случува откривањето на науката кабала, кризата ги зафаќа сите области на животната активност на човекот, и се создаваат сите услови за од нашите напори да ја изградиме оваа слика, наречена Човек. Бидејќи таа се гради само во соединувањето меѓу сите, со помош на интегралното воспитување.

Претходно такво нешто немало. Адам ХаРишон бил само слика што претходи, како пример на неживото, растителното и животинското ниво, за време на ширењето одозгора надолу и разбивањето. Ние целосно сме се развиле на неживото, растителното и животинското ниво. Тоа бил правилен развој во лесна форма на егоизмот. А сега ние треба да започнеме да ја составуваме сликата на Човекот – и внатре во себе, и во целиот свет.

Вредни удари на егоизмот

Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон ТЕС”, т.107: „Откога човекот ќе се удостои на откривањето на Светлината на Создателот во таква мера, што секое прекршување направено од него, вклучувајќи го дури и злонамерното, се претвора за него во заповед, тој станува весел и радосен за сите доживеани маки, горки страдања и многубројни грижи, кои ги поминал во својот живот од времето на двојното и единечното скривање. Бидејќи тие за него сега се претвораат во обична подготовка за извршување на заповедта, и добивањето на голема и прекрасна награда за неа довека.“

Од овие зборови излегува, дека колку повеќе сум страдал, толку повеќе сега ќе добијам. Тогаш, значи дека вреди да страдам, за потоа да добијам голема добивка? Така тоа излегува на нашиот јазик, во нашето егоистичко воспримање. Минатото не се брише – поправката се состои во тоа, минатото да се претвори од горко во пријатно. Наместо желбата што страдала од темнината и празнината, војните, болестите, болката, односно недостатокот на наполнувањето, сега ние чувствуваме наполнување, а внатре во него – награда и љубов.

Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон ТЕС”, т.108: „Тоа е слично на приказната за евреинот, кој верно служел во куќата на еден господин, кој го сакал него, како себеси. И еднаш се случило господинот да замине, оставајќи ги своите обврски во рацете на заменикот. А тој човек бил непријател на Израел. И тој го сторил следното: го обвинил евреинот и како казна го удрил со стапот пет пати пред сите, за добро да го понижи.“

Станува збор за егоизмот и точката во срцето на човекот – за тоа, како егото сега владее над човекот и ја опсипува со удари точката во срцето, која се нарекува јудеј (јехуди) од зборот „единство” (ихуд). Таа точка сака да се соедини со Создателот и страда поради тоа што не може тоа да го стори. Токму тоа значи, дека таа добива удари од својот егоизам.

„Кога се вратил господинот, евреинот отишол кај него и раскажал за сè што му се случило. Домаќинот многу се разлутил, го повикал заменикот и му наредил веднаш да му даде на евреинот в раце по илјада дукати за секој удар, претрпен од него. Ги земал евреинот, и се вратил дома. Таму жената го нашла како плаче. Многу вознемирена, таа го прашала: „Што се случило помеѓу тебе и господинот?” Тој ѝ раскажал. Тогаш таа прашала: „Зошто тогаш плачеш?” И тој одговорил: „Јас плачам затоа, што тој ме удрил само пет пати. А да ме удреше барем десет пати, сега јас би имал десет илјади дукати”.

Во овоземна претстава, оваа приказна се чини жестока и егоистичка, но ние сфаќаме дека Тора раскажува за внатрешниот свет на човекот. Оној што тоа го разбира, ќе ја преведе правилно. „Човекот е мал свет”, во кој постојат две спротивни страни: точка во срцето и самото срце. И срцето ја мрази точката во срцето, која се стреми кон единство со Создателот.

Колку поголема желба за насладување се открива во нас, која се нарекува жестоко, егоистично срце, толку посилно тоа ја задржува точката во срцето, не давајќи ѝ да напредува. А таа прави секакви обиди да се оттргне од него и да напредува, и затоа страда заради неговата власт и своето ропство, од болно прогонство. Помеѓу нив сè повеќе расте напнатоста и борбата, а точката во срцето чувствува сè поголема болка од неможноста да се соедини со Создателот. На таков начин се создава сад. И затоа, кога доаѓа наполнување, кое се нарекува „домаќинот што се вратил”, тогаш наградата се чувствува во истите страдања, во тие празнини, кои се формирале во текот на прогонството. Самата желба за насладување не се претвора во желба за давање – туку борбата против неа!

Од утринската лекција за „Предговор кон ТЕС”, 25.12.2012 на Каб.Тв

Градиме куќа од циглите на нашите напори

Желбата за насладување, во која ние сега се наоѓаме е зла. Таа е многу добра, ако ние сакаме да се насладуваме со животот, и со сите сили ни помага во тоа. Но таа станува зла и безмилосна, ако во нас се пробудува желба за давање, и не дава таа да се прилепи кон Создателот, кон вишото скалило. Егоизмот поставува бариера меѓу нас и Вишото, која не може лесно да се помине. А точката, искрата на давање, гори од желба да се спои со Создателот. Колку посилно владее над неа егоистичката желба, толку повеќе таа се стреми кон Него. Колку посилно се манифестира власта на егоизмот, толку посилно таа точка треба да се бори со него, толку повеќе расте нејзината намера кон Создателот, болката и страдањето од неможноста да се спои со Него. Сè посилно и погорко станува нејзиното чувство на прогонство.

Напнатоста расте, и желбата расте, и на таков начин се формираат садовите. Садовите, инструменти за постигнување на следното вишо скалило не се создаваат од самата желба за насладување, која би се претворила во желба за давање – туку од „производот” од неа. Тоа е резултат на напорите, страдањата, борбата меѓу искрата за давање во човекот, и неговата желба за насладување. Тој се бори за да се прилепи кон Создателот и не може, бидејќи егоизмот се закачува за неговите нозе, и не му дава да се откачи. И тогаш неговите напори, кои се последица на неговата егоистичка желба, која ја задржува во своите канџи точката во срцето – самиот тој напор, се претвора во сад, во кој се открива спојувањето и постигнувањето на следното скалило. Односно самата желба за насладување не станува сад, таа засекогаш останува во скратување. А ние работиме повисоко од неа, градејќи над неа свој сад од циглите на своите напори.

Од утринската лекција за “Предговорот кон ТЕС”, 25.12.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica