Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да ја добиеме душата

 

23.06.2010

Прашање: Како да се спојат внатрешната работа со изучувањето на Зохар?


Напразно мислите, дека книгата Зохар е напишана со иста цел како обична книга, која сака за нешто да ни раскаже и да ни објасни.
Тоа не е точно, и не затоа Баал ХаСулам ги напишал кон неа своите коментари. Изучувањето не се состои во тоа да се разбере напишаното со својот овоземен разум и да се дознае за работата во трите линии до најмали детали, учејки ги напамет термините. Нам ни е потребно не да ја разбереме самата таа структура, туку неопходноста на исправувањето.

И дополнителните појаснувања кои ги даваат кабалистите кон изворното ( кон кабалистичките дела, Тора, Пророците и другите свети книги) невозможно е да се разберат со обичен, надворешен разум, туку само по пат на исправување на душите. Затоа сите кабалистички коментари, најпрвин, се повикани да ја привлечат вишата светлина кон тој што изучува. И само тогаш читателот ќе може да ги искористи и да се наслади со скриената во нив светлина, откривајки го за себе тоа што е напишано во изворното. Тоа и се нарекува коментар. Секој коментар – тоа е допонителен инструмент, кој ни помага не да го разбереме, туку да се поврземе со изворното.


Затоа, кога ние ги читаме навидум "техничките" појаснувања на Баал ХаСулам: за трите линии, сфироти и парцуфи, искачувањата и слегувањата, решимо и екраните, и ни се чини дека тој сака да не научи на обична наука, за ние да осознаеме со разумот и да можеме сето тоа шематски да го претставиме – тоа не е точно. Дополнувањето, направено од Баал ХаСулам кон книгата Зохар, коментарите "Сулам", - помага да се привлече светлината, која враќа кон изворот, а не ни додава апстрактно знаење за структурата на некојси виш свет. Вишиот свет е невозможно да се дознае, додека не го осетиш внатре, во својата душа. Во суштина ние ја достигнуваме, дознаваме сопствената структура.


Човекот почнува да чувствува дека целата реалност, целата вселена се наоѓа внатре во него, а не таму некаде, иако му се причинува како надворешност. Затоа ние треба да се подготвиме себе си за правилно читање, разбирајки, дека во него нема ништо, освен светлината која враќа кон изворот- после која ќе дојде достигнувањето и " душата на човекот ќе почне да го учи". Но во почеток треба да се добие таа душа, т.е. духовната конструкција, во која јас ќе ги откријам сите појави за кои што раскажува Зохар.


Која молба ќе биде услишена?


Вишиот секогаш се наоѓа во совршенство, нему не му е потребно ништо, освен давањето. Тоа не е нешто што чувствува и ги менува расположенијата, туку е систем, втемелен непроменлив закон. Ако ти си соодветен на тој закон, тогаш во таа мера тој има позитивно влијание врз тебе. Ако пак ти не го почитуваш тој закон, не си соодветен на него, тогаш тој негативно влијае врз тебе.


Бидејки веќе се предодредени нашата почетна и конечна состојба во создавањето, и тие треба целосно да се реализираат – независно од тоа дали помагаш или се противиш на тоа, разбираш или не разбираш. Кај нижиот ( т.е. кај тебе) постои само една добра можност – да учествува во тој процес свесно и заради тоа да му ја предаде својата желба на вишиот. Токму таа желба треба ние да ја достигнеме.Ништо друго не ни е потребно освен желбата! И таа желба треба се умее да се крене за да се предаде на вишиот.

Вишиот се наоѓа во совршенство, но секогаш е подготвен да му даде на нижиот се што му е потребно.Нижиот – тоа е собрание на сите души, а вишиот - е еден: една светлина, една замисла, една сила. И ако нижиот посака да стане сличен на вишиот – т.е исто да се обедини и да постане единствен, тогаш ќе може да ја крене кон вишиот таа своја желба. Вишиот не слуша никакви други молби освен оваа. Тоа и се нарекува молитва, МАН – односно желбата да постане една целина.


Да воскликнуваме, да се восхитуваме...


Да си напомнуваме еден на друг и да се восхитуваме со величината на духовната цел, опкружувањето кое се стреми кон неа, единствената можност за слобода на избор, која ни е дадена. Колку луѓе во светот ја имаат можноста да делуваат слободно? Ако сите луѓе функционираат според својата природа, тогаш не постои никој кој " функционира". Ако јас целосно сум управуван одозгора, тогаш "мене" ме нема. Речено е:" Дојдов Јас и нема ниту еден човек"... постојат многу луѓе, само како да ги нема – бидејки ниту еден од нив не е слободен во своите дејства.


Ако не постои човек кој поседува слобода на вољата, тогаш не постојат никакви светови, нема ништо, освен светот на Бесконечноста. Во однос на Создателот повеќе ништо не постои. Постои само тој, кој го извршува слободното дејство. Замислете си ја таа слика на светот – целосна празнина! И во неа се гледаат само неколку желби, кои се кренаа и се способни да ги извршуваат слободните дејства. И ти имаш можност да бидеш исто така слободен и да станеш Човек! Да ја осознаеме големината на оваа извонредна и единствена можност.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica