Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дрво на вселената

19.10.2010
Секое суштество е обврзано да содржи внатре во себе 5 скалила на својот развиток – инаку таму нема да постои самото суштество, Малхут, петтото скалило. Светлината, која делува во секоја точка од суштеството, треба да помине во него 5 скалила (одозгора надолу), и само на 5-то скалило таа гради суштество, кое Него го чувствува. Петтото скалило, суштеството, ја чувствува светлината, која влијае врз него од сфирата Кетер – својот Создател, давањето нему. Сега тоа само почнува да се развива ( во хоризонтален правец) и да гради свое сопствено скалило и исто поминува 5 скалила. Додека не се поминати сите 5 состојби, ние не можеме ништо да разликуваме, затоа што тоа треба да стигне до нашето чувствување и осознавање (срцето и разумот). Можеби јас веќе чувствувам, но сеуште не го осознавам тоа – т.е. појавата треба да стигне до мене одозгора надолу, и јас морам да ја осознаам во обратен правец, одоздола нагоре: што е тоа, од каде е и зошто. Ако јас сето тоа не го разбирам, тогаш не ја приметувам и самата појава – така сме ние изградени, нам ни се неопходни целосни 10 сфироти на осознавањето. Потоа, од некое скалило, например од Бина, јас градам нов парцуф, и тој исто има 5 дела (например, јас градам парцуф Бина, кој произлегува од Хохма и Кетер), а потоа од него уште еден парцуф од 5 дела... и така израснува "дрво", огромен систем, во кој сите делови се поврзани. И тој се развива во сите насоки, сите пресеци – секој пат од состојбата, која станува Кетер, во следната низа на 5-те состојби, кои од него се развиваат.

Секој дел е изграден одозгора за суштеството да посака да го спознае својот Создател и да му се уподоби, движејки се назад кон Него. И така суштеството ги гради истите тие делови, кои се веќе создадени од Создателот, и земајки од Него пример, намножувајки ги состојбите и духовните парцуфим. Може да се нумерираат сите тие, како во каталог – но во кабалата им се даваат имиња, за да се проследи соодветноста помеѓу нив.

Додека црвот не израсне во Човек

Одозгора надолу системот на вишото управување, наречен "Дрво на Вселената", слегува до нас во својот идеален облик: сите негови делови се правилно поврзани, секој е соединет со сите во апсолутна хармонија, се храни од сите и ги храни сите, согласно со своето скалило и општата моќност на системот, и создавајки една заедничка сфера. (Сферата – е симбол на совршенството). Сето е проткаено со "Сјајот на Шхина" – светлината ги наполнува сите желби, кои се наоѓаат во взаемна хармонија и се надополнуваат една со друга. Закон на овој систем – е сите да дејствуваат само во неговите заеднички интереси, взаемно и свесно. Таква градба е создадена од страна на светлината, Создателот. Но ние се вклучуваме во строгиот центар на тој систем, како негов разбиен дел, ние треба да го спознаеме овој систем како разбиен, обратен на неговиот вистински облик – така ние го откриваме своето разбивање. Нашиот облик е обратен од обликот на системот. Излегува, дека јас се наоѓам во прекрасен свет, на светлината и духовната хармонија, но поради тоа дека сум спротивен на системот во својот егоизам, јас го гледам светот апсолутно поинаков.

Вишата светлина намерно ја крие од нас целата совршена реалност – би било ужасно да се осети нејзината совршеност! Затоа, јас гледам само мал дел од реалноста околу себе, која сум способен да ја впијам со својот ситен егоизам, и освен тоа, јас ја гледам во обратна форма – сето е лошо, сето е зло! Јас ја воспримам во таа мера и форма, колку што сум способен да примам и да преживеам. А во мера на тоа, како јас се исправувам и се здобивам со желбите за давање, мене се повеќе ми се открива таа сфера – проширувајки се и покажувајки ми, дека јас сум се полошо и полошо! Но за тоа време, јас веќе ги добивам силите за давање, и се исправувам себеси и својата реалност. И така се, додека моето воспримање не се прошири на целата сфера, зафаќајки го целото "дрво", целиот систем, и јас можам да се вклучам во него правилно и целосно, со сета сила. А сега засега ние постоиме во центарот на оваа вселена во обратна форма на неа, затворени внатре во сопствениот малечок свет, како црвот во горчлива репка...

Духовен подем

Ние ги изучуваме текстовите, напишани од кабалистите за вишиот свет, за скриениот дел од реалноста. Тие пишуваат за таа реалност, за тој свет во поетска форма, и ние не разбираме, што тие сакаат да кажат. Тие како да ги земаат зборовите од нашиот свет и ни раскажуваат за вишиот свет. Зошто е тоа така? – Бидејки вишиот свет – тоа е свет на силите, кои се спуштаат во нашиот свет и делуваат во него. Се` што се случува во нашиот свет ние го гледаме веќе како последица на силите, кои го активираат. Самите сили ние не ги чувствуваме, од каде тие доаѓаат – не знаеме и не чувствуваме. Ние ги воспримаме само резултатите на нивните дејства – целиот овој свет и самите нас. Нам ни е дадена можност да читаме и слушаме за вишите сили, како тие се пуштаат и го активираат овој свет. Кабалистите ни пишуваат за тоа, за да на обратниот пат кон изворот ние да можеме да се кренеме од дејствата, кои тие сили ги остваруваат тука, во нашиот свет, - кон самите корени. Ако ние ги читаме книгите на кабалистите со таква намера, тие текстови влијаат врз нас и постепено, во мера на нашите напори, ние почнуваме да се доближуваме – како детето со помош на играта постепено се развива и расте.

Но постои уште еден услов: силите, кон кои ние сакаме да се искачиме, - тоа не се обични сили, како во нашиот свет. Вишите сили се спротивни на нас. Тоа се сили на управувањето, силите на давањето. А ние сме – примачки материјал, желба за насладување, која подлежи на нивното влијание. За од природата на примањето да се достигне природата на давањето, ние треба да се организираме во група – уште пред да ја отвориме Книгата Зохар, и во групата за време на читањето да се трудиме да мислиме за нашето соединување, бидејки тоа е природа на истите тие виши сили, кои влијаат врз нас. Тогаш тие ќе влијаат врз нас не само со своето управувачко дејство, како врз целото човештво и целиот свет, туку со особина на давање. Се се одвива по наша желба. Ако ние сакаме не само да бидеме подложни на нивното влијание, туку да станеме исти како нив, да се здобиеме со особината на давање, тогаш постепено се менуваме и стануваме дел од тие сили, - исто така давачки, како и самите тие. Тоа значи, дека ние постепено се искачуваме од овој свет на нивото на вишите сили. Се разбира, ние не се искачуваме и не се спуштаме во физичка смисла, туку почнуваме да стануваме организирани внатре, осознавајки и согласувајки се со тоа, дека во нас се повеќе делува токму таа давачка сила, и ние се поистоветуваме себеси со неа. Таа сила се повеќе ме наполнува, и јас дејствувам на нејзина страна. Тоа се нарекува "духовен подем", кој се случува под услов, дека јас се наоѓам во група и сакам заедно со сите да почувствувам, како силата на давањето не наполнува. Да мислиме на тоа за време на читањето на Зохар – и ќе успееме!

Од утринската лекција /19.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica