Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовна мрежа

 

15.06.2010

 
Мојата желба треба да е насочена кон доброто на сите, затоа што во духовното никој поединечно, надвор од заедништвото, нема предност. Молитвата – е желба за спојување со Севишниот, да му се прилагодиме, станеме исти во особините. Aко човекот си го поставил прашањето за смислата на животот, тогаш одговорите на сите други прашања повеќе не можат да го задоволат.

Прашањето за смислата на животот го загрозува најсветото во човекот – неговото "Јас" И затоа ова прашање не смее да остане без одговор. Конечното решение на прашањето за смислата на животот е: откривање на Создателот. Изборот се прави не помеѓу доброто и злото, не помеѓу задоволството и страдањето. Изборот е – во искачувањето над нив на ново скалило, кон повисоката вредност – давањето.


Животното во мене живее во задоволства и страдања. Човекот во мене живее во вистина или лага. Мојот избор е – да се занимавам со човекот, а не со животното. За да се излезе во друга димензија, на човекот му е неопходна помошта на надворешна сила - силата на опкружувањето.

Давајки се себе си на групата, јас добивам од неа сила за искачување на човечкото скалило. Групата – тоа е моето "тело", светлината во неа – тоа е светлината на мојот живот. Вклучувањето во групата – тоа веќе во нешто е давање, затоа што поради тоа човекот се поткрева над својот егоизам.


Љубовта кон пријателите означува, дека јас ги сакам повеќе отколку себе си, затоа што тие се - делови на мојата душа, без кои јас не би постоел. Пред излегувањето од Египет, треба да се сфати, дека заедништвото на групата – тое е единственото решение за секого, а разединувањето – тоа е почетното зло."Прогонство" - тоа е осознавање на неопходноста за обединување и својата неспособност за тоа обединување. Без тоа ние нема да сакаме да излеземе од Египет. Создателот не се открива во нашите духовни стремежи, туку во поврзаноста меѓу нив, не во посебните точки, туку во нивната заедничка мрежа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica