Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Единство со исполнување

Прашање: Во однос на општата јавност, нашиот метод треба да биде средството со кое ќе им бидат овозможени основни потреби како храна, безбедност и здравје. Како им помага да го откријат духовниот свет?

Одговор: Го откриваат духовниот свет попаснивно од нас. Ние се поврзуваме со вишото за да ја донесеме Светлината што поправа и да заличиме на неа. Оваа Светлина ја предаваме, пренесувајќи го методот на поправање на луѓето. И тие ги превземаат само неопходните чекори под наше водство, не грижејќи се за Светлината, и овој начин на поврзување е доволен за да ја донесе во нивната средина. Светлината ќе влијае и ќе ги унапреди кон сфаќање и чувствување, и ќе сакаат самите да ја примат за да напредуваат кон единство и откривање на Создателот, како што е запишано: „Сите ќе ме знаат, младо и старо.“ Затоа мора да го пренесеме методот на единство на овие луѓе за да се чувствуваат добро. Не можеме да објасниме што всушност значи „добро“; меѓутоа, Светлината која поправа лежи во овие дејства, и заради Неа, луѓето ќе се продлабочуваат во толкувањето за нивно добро сé додека не дојдат до Доброто и Оној кој прави добро.

Прашање: Како се комбинира со простите потреби на луѓето, на пример, за поевтина храна?

Одговор: Објаснуваме како да се обединиме за храната да стане поевтина. Нормално, никој не сака да се обедини, но тоа е условот ако сакаме да постигнеме нешто, и затоа човекот ја плаќа оваа цена. И тогаш, продолжувајќи да дејствува во иста насока, тој открива дека единството е самото по себе богатство; не како алатка што ќе ти помогне да постигнеш нешто, туку како состојба. Вака дејствува Светлината, ни дава ново разбирање. Затоа им објаснуваме на луѓето дека ако се обединети ќе имаат многу предности. Заедничката поддршка ќе им влее чувство на сигурност; животот ќе им стане подобар, побезбеден, итн. Се разбира мора да се плати за тоа со личната удобност, со дел од егоизмот, но лесно е и привлечно ако целосно се учествува. Силата на масите ја врши работата. И тогаш, приближувајќи се до сфаќањето, луѓето ќе видат дека тоа навистина е за нивно добро, дека е најдено решението на проблемите. Нема да се повтори сценариото на Советска Русија или Израелските кибуцим; записот на единство е само за да се има подобар живот. На крајот на краиштата, денес сме влезени во процесот, и само преку нашето учество луѓето ќе се здружат и тоа е добро и корисно за развојот. Одеднаш ќе почувствуваат дека единството ги привлекува бидејќи во него лежи повисок корен, повисока состојба, нешто што ги исполнува со духот на животот. И ќе одат напред.

Прашање: Каде треба да ги почнеме објаснувањата за да ги инволвираме во процесот?

Одговор: Треба да развиеме пристап кој ќе дозволи правилно да им се објасни на луѓето дека единството може многу да го подобри општеството, да постигне попусти и заемно поволна размена, да се научи како да се помогне еден на друг, наместо да се плаќаат некому пари, итн. Некој доброволно ќе води детски клуб, другите исто така ќе допринесуваат, и ќе можеме да живееме нормален живот без пари, намалени од кризата. Ќе чувствуваме потреба и корист од реципроцитет. Се разбира, без Светлината која поправа, без намера сериозно да се обединат, луѓето ќе „бегаат“ откако ќе се искористат еден со друг. Но таму, благодарение на нашето водство, луѓето ќе чувствуваат потреба за внатрешен раст. По некое време, ќе откријат повисоки желби на кои им треба исполнување, кои засега се егоистични. И тогаш постепено ќе дојдат до алтруистичката намера од Ло Лишма до Лишма (не за Нејзиното име до Нејзиното име). Така, сите ќе поминат низ истиот процес; само нивната почетна точка лежи под нашата точка. Почнуваме со состојбата на „Исраел“, со стремежи „право кон Создателот“ (Јашар – Ел), имаме потреба да го откриеме духовниот свет. Тие го немаат ова привлекување, и затоа мора да ги влечеме со нас, да бидеме тоа што се нарекува „Светлина за народите“. Ја спроведуваме Светлината во дејствата на единство, и така ги обучуваме луѓето. Овие дејства се за доброто на луѓето, и во меѓувреме, Свет//лината скриена во нив ги развива луѓето.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 05/08/12, „Вовед во книгата Зохар“ на Каб.Тв

Психолошки „цемент“ 

Прашање: Во средината на дваесеттиот век, се појави феномен наречен „шведско семејство“. Сега значењето му е избледено. Во суштина, шведско семество е врска која не е официјално регистрирана. Во Шведска, беше создадена таква економска ситуација во која не беше исплатливо официјално да се регистрира бракот, и многу луѓе живееја во семејства без брачна регистрација. Многу пати сте зборувале за фактот дека е многу важно да се набљудуваат сите услови кои се вообичаени за општеството за да можеме целосно да го сфатиме условот дека сопругот и сопругата се една целина. Зошто е важно да се регистрираат врските, дури и на религиска основа?

Одговор: Човекот, на крајот на краиштата, е психолошки систем. И веројатно нема излез од тоа. Бидејќи дури и религиозен брак во нашето општество кое е далеку од религија, те обврзува за нешто. Наречи го страв, предрасуда, како сакаш, во секој случај младите и старите луѓе го почитуваат. Затоа сум за тоа секоја култура и религија да има удел во бракот. Тоа, сепак, дава поширока психолошка основа, не духовна туку психолошка, и човекот е обврзан да ги исполни барањата на бракот. Во нашето сеќавање, во потсвеста, има такви мрачни, скриени места кои не потсетуваат дека во бракот се влегло пред нашите роднини, во присуство на голем број луѓе, дека бил потврден во религиска смисла, што докажува дека сме семејство, итн. На овој настан би му дал уште поголем публицитет, не гламур, за да не испадне дека зборуваме за материјалните трошоци туку за публицитетот. Би ги прикажал овие семејства на локалната телевизија, што значи дека ќе го направам многу посуштински, за да има максимум внатрешни, психолошки пречки против разделба.

Од „Разговор за интегрално воспитување“  на Каб.Тв

Да се замоли Создателот

Прашање: Што значи да се замоли Создателот?
Одговор: Да се замоли Создателот значи дека си свесен за моќта која дејствува во целото создавање, сфаќаш дека зависиш од тоа, и дека само таа дејствува. Почнуваш да чувствуваш дека таа моќ навистина постои, дејствува и управува со сé; тогаш имаш кому да се обратиш и со што. За да го направиш тоа, треба да откриеш дека не дејствуваш ти, туку Тој, за добро или за зло, во кое Тој дејствува, Тој го прави тоа што тебе ти е потребно Тој да го прави. И ти причинува секакво можно зло, за да обрнеш внимание кој си, до која мера не си способен за ништо. Ова му се открива на светот во моменталната криза. И тогаш почнуваш да напредуваш во оваа свесност и да учиш од што навистина зависиш додека не го откриеш Него како зло, бидејќи се чувствуваш лошо. Тогаш, полека се движиш напред, почнуваш да стануваш помудар и да сфаќаш дека сé тоа е за твое добро, и дури и ако се чувствуваш лошо, знаеш дека Тој дејствува врз тебе за да те изведе кон доброто, како учител. И иако со сите земски чувства ти мислиш дека не е добар, почнуваш да ги препознаваш Неговите својства, стануваш свесен за неговите дела и сфаќаш дека се добри. Се идентификуваш со Него и покрај лошото чувство. И ова ти дава нов ум и чувства, духовни наместо земски. Иако телото страда, сакаш да се прилепиш до планот на создавање, за оваа цел повеќе отколку за твоето тело. Тогаш го замолуваш да те издигне, и вршиш дела за Горниот да ти даде нови вредности за да се слепиш со Неговиот ум и чувства, со Неговиот план, со сé што прави, наместо да останеш во желбата за уживање. Колку повеќе го бараш ова, толку вредноста на дарувањето и љубовта станува повисока отколку примањето и одбивањето на другите. Така напредуваш сé подалеку и подалеку.

Од вториот дел на дневната кабала лекција, Книгата Зохар на Каб.тв

Борење за рекорд: Нивото за семејни односи

Прашање: Збунет сум од вашиот предлог да не се критикуваат другите. Се плашам дека дека ако не го кажам тоа, евентуално ќе експлодирам или ќе добијам чир.

Одговор: Но зошто мора човек да ги гледа другите со критичко око? И ако автоматски се случува таквата негативна проценка, тоа значи дека секоја секунда имаш можност да се издигнеш над твоето незадоволство за да ги видиш вредностите во другите наместо нивните недостатоци. Како постојано да го менуваш првичниот впечаток. Гледаш како некој проклет неранимајко е палав и наеднаш гледаш поблиску и сфаќаш дека тоа е твојот син. О, каква грешка направив, бидејќи мислев дека тоа е детето на соседот е тоа што лошо се однесувало. Кога гледам дека тоа е мојот син, само малку ми пречи неговата пакост. Пробај убаво да го решиш тоа. Сам нема да можеш да постигнеш ништо, ама дојди кај нас на курсеви и семинари. Треба да учиш, да тренираш, да добиеш поддршка од околината каде што се цени таквиот став. И тогаш, нема да акумулираш иритација во себе и да развиеш чир, туку напротив, ќе чувствуваш задоволство! Ќе погледнеш наоколу и нема да видиш недостатоци во никој. Бидејќи сите маани во другите кои денес те иритираат, се во тебе. И тогаш ќе гледаш совршен свет.

Прашање: Но тој став ќе го постигнам дури на крајот, како можам да живеам во преодната фаза ако не можам да давам критички забелешки на мојата сопруга бидејќи таа е моето огледало? Морам да ја префрлам сета таа негативност врз себе. Ни еден изустен збор во текот на денот, тогаш едноставно ќе експлодирам! Добро е познато дека многу е подобро за здравјето и за семејните односи веднаш да кажуваш што ти лежи на душа и да не акумулираш лутина во себе. Морам да бидам тивок?

Одговор: Мора да одржуваш постојана работилница меѓу вас двајца, да вежбате, исто како на курсевите за семејни односи каде што ве учат правилно да зборувате еден со друг. Дискутирајте како се гледате еден со друг и дека тоа е огледало во кое се гледате. Зборувајте за влијанието на околината, за човечкиот егоизам. Ако постојано го дискутирате и доживувате ова, правите вежби, појаснувате како се гледате еден со друг и зошто, тогаш ова ќе ви стане навика, која ќе стане втора природа. Таквиот став ќе се вкорени во вас и околината ќе ви помогне да не го заборавите. И на истиот начин, ќе го продолжите ова дома. Никогаш не го напуштате семинарот. Учествувате во него за време на курсевите за подоцна да продолжите со него до крајот на животот. Работилницата не е нешто повремено. Тоа е како диета, еднаш кога ќе почнеш, не можеш да се откажеш. А ако се откажеш, тогаш сите напори ти биле залудни. Целта на семинарот е да ни даде поттик да се движиме малку подлабоко во попрецизно појаснување. Меѓутоа, никогаш не излегуваме од оваа дискусија, туку ја продолжуваме. Од семинар до семинар, само го креваме рекордот повисоко секој пат.

Од „Нов живот“   на Каб.Тв

Свесно раѓање на човештвото

Следното ниво на нашиот развој се нарекува „Човек“, но човечкото ниво не е нашето физичко тело и не е нивото кое сме го создале во нашата цивилизација. На крајот на краиштата, нашата цивилизација е изградена само врз служење на нашите животински желби: храна, секс, дом, семејство, богатство, слава, моќ и знаење. Ниедна од овие желби не се протега над нивото на служење на телесните потреби. Од суштинска важност е да се издигнеме над овие телесни потреби до духовно ниво и да ја стекнеме суштината на човекот. Ова е следната фаза на развој со кој денеска се соочува човештвото. Леснотијата на ова преминување зависи од степенот до кој си помагаме да се родиме во ново царство, на ова ново ниво. Инаку целото човештво ќе доживее ужасни родилни болки кои ќе бидат крвави и насилни. На крајот сепак ќе бидеме родени во следното ниво. Меѓутоа, ако свесно напреднуваме кон ова, тогаш му помагаме на процесот на раѓае исто како фетус: Мајката го исфрла надвор а тој и помага. Денес природата нè турка кон раѓање низ притисок и кризи. Преведено од грчки, зборот „криза“ значи „раѓање на нешто ново“. Не е пропаст; туку откривање на нешто ново, кое секако дека е придружено со родилни болки. Затоа мора да помогнеме да бидеме родени. Навистина тоа е раѓање и е многу посебно. Во минатото не бевме свесно вклучени во нашиот напредок, едноставно нè туркала природата и сме напредувале егоистички. Сега се издигаме над животинскиот егоизам, над нашето ниво, и свесно влегуваме во следното ниво каде што ќе преставуваме интегрално човештвто. Ова денес ни се открива со тоа што природата нè повикува, нè притиска и ни ја покажува нашата заемна поврзаност. Преку ова постигнуваме целосна рамнотежа и хармонија со природата. Ова е навистина здраво и свесно раѓање на човештвото.

Од „Разговор за интегрално воспитување“  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica