Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ера на решавачки подем

Баал ХаСулам, “Предговор кон Книгата Зохар”, т.63:

„Во нашата генерација, без оглед на тоа дека сегашните, во својата суштина полоши души до ден денес не се пројавија во чистотата, тие сепак со своите желби гo дополнуваат парцуфот на светот и парцуфот на заедницата на сите души. Токму преку нив може да се заврши работата. Само после завршувањето на подготовките на тие ниски души, и никако порано, можат да се откријат Вишите Светлини.“

Желбите кои припаѓаат на првата третина на развојот (ХаБаД) се многу “проѕирни”, чисти. Желбите од втората третина (ХаГаТ) веќе поседуваат “дебелина” но сепак припаѓаат на “детските” стадиуми на зачнување и доење. Во нив не може да се открие Светлината Хохма, тоа е само подготовка за сите генерации.

Ние почнуваме со сметање на поправките почнувајќи од Адам до завршувањето на периодот од 6000 години, бидејќи постои сличност помеѓу духовните корења и материјалните гранки. Во текот на првите 4000 години големите садови-желби сé уште не можеле да се откријат. Дури и во последната третина, во последните 2000 години, процесот започнал од разбивањето на садовите (од уништувањето на Храмот) и три четвртини од овој период припаѓа на прогонот. Само од времето на Ари изгреа ерата на избавувањето. Денес ние живееме во завршниот стадиум од последниве две илјади години (НеХИМ), кога желбите стекнаа “дебелина” и “тврдост”, станаа “тешки” и “приземни” од тежината на огромниот егоизам. Се разбира, ние никого не обвинуваме за ништо – едноставно таква е нашата природа, многу тешка и “непробојна”.

Во споредба со нас, во поранешните желби од нултото, првото и второто ниво на “дебелина” (ХаБаД и ХаГаТ), беше многу лесно да се откриваат Светлините и да се достигне спојувањето. Се разбира и тогаш тоа бараше од човекот голема работа, но сепак како што велеше Рабаш, уште во 19-тиот век луѓето од еврејскиот народ беа подготвени да го жртвуваат животот за да Го откријат Создателот. За да се спојат со Него тие со радост би се откажале од материјалните блага. Тој период заврши со Првата Светска војна, - бидејќи војните го откриваат злото за да го принудат светот на поголема заемна поврзаност.

Денес, пак, веќе не е така: предложи  му на човекот да направи избор – милион долари или спојување со Создателот, тој ќе ги земе парите без многу да размислува. Во 20-иот век светот многу напреднал и затоа тешко ни е да ја сфатиме работата на нашите претходници.

Тешко e да си ги замислиме претходните состојби, бидејќи започна посебен, многу тежок период од развојот на нашата желба. Меѓутоа и овој период, исто како и сите други, може да го поделиме на последователни стадиуми АВАЈА – тогаш согледуваме дека се наоѓаме во завршниот стадиум на развојот, таму каде што се собираат, се концентрираат голем број желби и сили. Згора на тоа, и овој стадиум исто така се дели на делови, а ние стигнуваме до желбите со најголема “дебелина”.

Сега освен Светлината Нешама треба да се открие и блесокот на Хаја и Јехида, - што се нарекува “АХАП во подем”. Претходните генерации ни помагаат со Светлините Нефеш и Руах кои веќе ги достигнале. Ние пак, благодарение на таа поддршка започнуваме со поправките кои ни се доделени – на ниво на Светлината Нешама, без поврзување со претходниците, туку самостојно.

Работејќи во светот Брија ние ја откриваме Светлината Нешама континуирано, додека Светлините Хаја и Јехида ни се откриваат неконтинуирано, само при нашите подеми, со приклучување. Тие исто така се неопходни, особено во оваа фаза.  Тоа е доста сложен додаток кој бара сосема поинаков стил на работа – примање заради давање.

Како да ја свртиме судбината со лицето кон себе

Баал ХаСулам, “Директно и индиректно влијание”: Однапред и одзади Ти ме опфаќаш – (во откривањето и во скривањето на Создателот) ...затоа што нема место каде што Го нема”.

Човекот има можност да се наоѓа во поврзаност со Вишата сила, со Светлината која нè движи или директно, согласно на сличноста со Него, или во спротивен облик, согласно на несоодветноста. Се разбира, и двата пристапи можат донекаде да се комбинираат – не мора да постои само една насока или друга, сосема спротивна на неа, т.е. или 0 или 180 степени. Но ние секогаш се наоѓаме под влијанието на Светлината – во тоа немаме никаква слобода на избор. Светлината секогаш влијае врз нас, од нас само зависи да избереме дали ни е свртена со лицето или со обратната страна.

Кабалистите ни раскажуваат за тоа, затоа што ние можеме врз тоа да влијаеме. Затоа што постојат многу важни системи кои работат во духовните светови за кои не ни кажуваат ниту збор, бидејќи ние немаме можност да воспоставиме со нив каква било интеракција. Тие системи влијаат врз нас само еднострано и затоа за нив не се раскажува. Од целокупниот огромен систем, кабалистите ни откриваат само многу мал фрагмент, преку кој ние можеме да ја промениме нашата судбина. Додека пак, не ни раскажуваат за нешто, каде што ние не можеме ништо со себе да направиме. Затоа, ако Баал ХаСулам пишува дека Создателот нè опфаќа однапред и одзади, се мисли дека ние навистина имаме можност да го чувствуваме Создателот не од обратната страна, туку да го откриеме Неговото лице. Токму тоа ќе ја промени нашата судбина за 180 степени.

Затоа потребно е цело време да се стремиме кон откривањето на Шхина – силата на љубовта и давањето која ние се трудиме да ја откриеме согласно со сличноста на нашите особини со неа. Додека пак, обратната страна се открива ако работиме согласно на сопствените услови, на своите егоистички особини. Ако не се обидуваме во сите дадени нам ситуации да ја достигнеме соодветноста со Вишото управување, да го откриеме неговото лице, тогаш ни се открива неговата обратна страна. Токму од тоа зависи како ние ќе го чувствуваме Вишото управување. Ако нам ни е свртено лицето со обратната страна, тогаш во мракот ни се чини дека небаре самите сме способни нешто да направиме. Ние веруваме дека самите работиме и управуваме, и сé е во нашите раце – само поради нешто не постигнуваме успех. Кога пак, Вишото управување ни е свртено со лицето, тогаш го откриваме спротивното: дека во сé дејствува Создателот. Го откриваме тоа ако не сакаме ништо да менуваме, освен самите себе – сакаме да се свртиме со лицето кон Создателот. Но откривајќи дека Тој дејствува во сé, ние исто така откриваме дека е Добар и прави само добро. Затоа со радост согледуваме дека сите наши дејства произлегуваат од Него. Во тоа е суштината на откриеното управување, кое секогаш е добро. Додека пак скриеното управување секогаш се чувствува како страдања и болка.

Од лекцијата според статијата “Директно и индиректно влијание”,

Обединување со додаток

Прашање: Во однос на масите, нашиот метод треба да стане средство со кое тие ќе бидат обезбедени со основните потреби како што се храна, безбедноста и здравствената заштита. Како тоа ќе им помогне да го откријат духовниот свет?

Одговор: Тие го откриваат духовното многу побавно отколку ние. Ние се поврзуваме со Вишото за да ја привлечеме Светлината која враќа кон Изворот и да станеме слични на него. Таа Светлина ние ја пренесуваме понатаму, донесувајќи им го на луѓето методот за поправка. Тие пак, само ја извршуваат потребната работа според нашите насоки без да се грижат за Светлината. Таа пракса на обединување е доволна за внесување на Светлината во нивната средина. Таа ќе влијае врз нив и ќе ги движи кон разбирање и чувствување, а тие потоа ќе посакаат да ја примаат самостојно, за да напредуваат кон единството и откривањето на Создателот, како што е речено: “ Сите ќе Ме спознаат , млади и стари”. На таков начин ние треба да ја популаризираме методата на обединување, за да им биде добро на луѓето. Не објаснуваме што во реалноста е “добро”, меѓутоа во таа работа се крие Светлината која враќа кон Изворот и благодарение на неа луѓето сé повеќе ќе напредуваат во толкувањето на своето добро, сé додека не стигнат до Добриот, до Тој Кој прави добро.

Прашање: Како тоа кореспондира со едноставните потреби на народот – например поевтината храна?

Одговор: Ние објаснуваме како треба да се обединиме за да поевтини храната. Се разбира никој не сака да се обединува, но таков е условот ако сакаме нешто да достигнеме, затоа човекот ја плаќа таа цена. Потоа, продолжувајќи да работи во истата насока тој ќе открие дека единството само по себе претставува богатство. Не како помошно средство за да се достигне нешто, туку како состојба. Така работи Светлината, давајќи ни ново разбирање. Значи, им објаснуваме на луѓето дека со обединување тие ќе стекнат многу предности. Взаемната поддршка ќе им даде чувство на безбедност, нивниот живот ќе стане подобар, поспокоен и т.н. Се разбира дека за тоа треба да платат со дел од сопствениот комфор, дел од својот егоизам. Но, кога сите учествуваат тоа е лесно и примамливо. Силата на масите ќе го направи своето. Потоа, почнувајќи со реализацијата, луѓето ќе видат дека тоа навистина е корисно за нив и дека решението за проблемите е најдено.

Во таков случај нема да се повтори сценариото на Советската Русија или израелските кибуци, - сценариото на обединување само заради подобар живот. Бидејќи денес во процесот учествуваме ние, и само со наша помош луѓето ќе се обединат за добро и корист на развојот. Одненадеж ќе почувствуваат дека единството ги влече, затоа што во него се крие многу повисок корен, многу повисока состојба – нешто што ги исполнува со животен дух. Така тие ќе тргнат напред.

Прашање: Од што да ги започнеме нашите објаснувања за да ги привлечеме кон процесот?

Одговор: Треба да се разработи пристап кој ќе овозможи правилно да им се објасни на луѓето дека обединувањето овозможува во многу аспекти да се подобри општеството, да се добијат попусти, меѓусебно корисна размена, да научат меѓусебно да си помагаат, наместо да плаќаат некому со пари, и т.н. Некој доброволно ќе прифати водење на детски кружок, другите исто така ќе дадат свој придонес – така ние ќе можеме нормално да живееме без парите, кои се обезвреднети заради кризата. Ќе почувствуваме потреба и корист од взаемноста(реципроцитетот).

Се разбира, без Светлината која враќа кон Изворот, без сериозна намера за обединување, луѓето би се “разотишле” после меѓусебното искористување. Но, со наше насочување, тие ќе почувствуваат потреба за внатрешен напредок. Со тек на времето во нив ќе се откриваат сé повисоки желби кои бараат наполнување, кое сега засега е егоистичко. Потоа, постепено луѓето ќе дојдат и до алтруистичката намера од ло-лишма до лишма. На таков начин сите го поминуваме истиот процес – само што нивната појдовна точка лежи подолу од нашата. Ние почнуваме од состојбата “Исраел”, од намерата “право кон Создателот” (јашар – Ел), кај нас постои тежнеење за откривање на духовниот свет. Кај нив тоа тежнеење не постои, поради што ние мораме да ги влечеме по себе, да бидеме како што се вели “светлина за народот”. Ние ја спроведуваме Светлината во таа работа за обединување, со која ги обучуваме луѓето. Таа работа на народот му носи корист, додека во исто време Светлината што се крие во неа, го развива народот.

Од утринаската лекциа - 05.08.2012   на  Ка.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica