Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Живот зад огледалото 15.03.2010

 

Живот зад огледалото

Се додека постоиме само во осознавањето на на овој свет, не можеме да сфатиме дека е измислен. Сега, материјата е единствената стварност која ја знаеме и не чувствуваме ништо друго. Сепак, нашата цел е да почнеме јасно да го осознаеме светот на две нивоа: материјално и духовно. Тогаш ќе сфатиме дека едното од нив е измислено. Тоа не значи дека не постои; „измислено" значи дека е одраз на вистинскиот облик, додека вториот, духовен облик е она вистинското.

Постои нешто автентично, а постои и негов одраз, како во огледало. Не можете да кажете дека одразот не постои. Токму одразот е тој што ни овозможува да дојдеме до перцепцијата на вистинскиот, духовен облик.

Духовниот облик никогаш не се осознава одвоено, сам по себе. На патот на исправањето, човек постојано развива се поголемо духовно осознавање на облиците на Создателот, но ги открива во измислениот облик на овој свет. Затоа, не можеме да го одвоиме од него додека не ги искачиме сите 125 степени на духовната скала.

Долж целиот пат на исправањето, во сите фази на достигнување, духовнато осознавање постојано јакне заснована врз овие два облика: измислениот и вистинскиот. Измислениот само се нарекува измислен. Но дали навистина го замислуваме нашиот свет? Сепак, живееме во него – ова е нашата сегашна стварност.

Вистинската стварност е царството од кое ни доаѓаат сили, одлуки и факти, додека само нивниот одраз постои во овој свет за да ни помогне да ја достигнеме вистинската стварност. Кога ќе почнеме да ја достигнуваме, овој свет го нарекуваме „замислен." Но тој не е некоја непостоечка фантазија, туку е неопходен за да ја разликуваме духовноста.

Конечно, спремни сме за исправка

Процесот на исправањето на светот е долг пат кој се состои од разни стадиуми, каде секоја душа ја игра својата улога. Поминавме од кршењето на заедничката душа на Адам ХаРишон, па прогонството од Вавилон, духовно раѓање, и падот што уследи од духовното ниво при уништувањето на Првиот Храм. Тоа беше проследено со воскреснување на ново духовно ниво и потоа уште еден пад во времето на Вториот Храм.

Сега се ближиме до состојба каде сите желби наменети за поправка се сосема подготвени за тоа. По сите воздигнувања, спуштања, кршења, и револуции кои сме ги преживеале во целата наша историја, сите наши желби се имаат испомешано. Како резултат, секој човек содржи желби и за давање и за примање во вистинската комбинација. Желбите сега се погодни за поправка и тоа е она што сега мораме да го спроведеме.

Затоа, целта која сега не чека е исправањето. Ова е првпат што не оперираме како материја без волја, која проаѓа низ нешто без да учествува во него. Сега мораме да учествуваме во сопствената исправка со полна свесност, со наши лични напори, и според сопственото барање. Мораме да ја оствариме исправката преку нашите лични сили, во таа мера колку што ни е дозволено од страна на Горната Управа.

Ете зошто по првпат во историјата почнуваме да учиме, „Кои сме ние? И како мора секој од нас да се промени, како и сите ние заедно?" Науката на Кабалата не учи како правилно да живееме во стварноста во која постоиме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica