Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Жица - протегната до нас - од светот на Бесконечноста

Добро опкружување се учителот и пријателите. Ако ученикот не е залепен за учителот, како Галгалта-Ејнаим на нижиот за АХА“П на вишиот, ако не се поништува себеси во својот најсветол дел, кој го открил во себе – во точката во срцето, и не ја залепува за учителот, односно за неговите мислења, неговиот дух, тогаш тој нема од каде да го добие духот на животот. Тој нема да ја има онаа сила, која ќе го отвори неговото решимо, духовниот ген. Тука сè е многу едноставно: или постои таква поврзаност, или ја нема. И тоа во голем степен зависи од благословот одозгора, од среќата. Тоа не се одредува со надворешни услови, туку со внатрешните напори, кои што човекот ги вложува, а исто така и со придружни фактори, согласно со коренот на неговата душа, судот, низ кој поминува таа душа. А ако нема поврзаност со учителот, „тогаш светот го потчинува, и тој се меша со желбите на мнозинството. И тогаш тој нема никаков избор, како кај стадото, што го водат во кланица, и тој мора да мисли, да посакува и да го бара истото што го бара мнозинството“ (Од статијата „Шамати“№ 25, „Излезено од срцето“). Човекот не ќе може ништо да направи против тоа. Тој може физички да се наоѓа покрај учителот, кој за него е како крај на жицата, спуштена од светот на Бесконечноста и стигната до него преку цела низа на кабалисти. Но ако тој не се приклучи кон таа жица, тогаш не добива духовна храна, и заради тоа не се развива.

Во минатите времиња имало случаи кога учителот израснувал еден ученик. Но обично учителот се грижи за своите ученици преку групата, присоединувајќи се кон нејзиниот центар. Групата за учителот претставува негов ниж духовен објект. И оној од учениците, кој ќе може да се приклучи на центарот на групата, исполнувајќи два неопходни услови: поништувајќи го своето „јас“ во однос на групата и соединувајќи се со другите – преку неа ќе може да се соедини со учителот. Учителот се нарекува „Рав“ (голем), бидејќи тоа е виш парцуф, вишо скалило во однос на учениците. Зависно од степенот, во кој ученикот се поништува себеси во однос на центарот на групата, тој добива сад, благодарение на соединувањето со другите, во кој може да го прими мислењето и духовното знаење на учителот. Но тоа самопоништување мора да биде целосно, од дното на душата и срцето – во сè, што се однесува на духовниот пат и власта над својот егоизам.

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 10.11.2013, на Каб.Тв

Пред трпезата

Баал ХаСулам, „Слушнав“, статија 3, „Суштина на духовното постигнување“: „Бесконечност“ (Ајн Соф) е поврзаноста на Ацмуто (суштината на Создателот) со душите, сфатена од нас како Негова желба да ги наслади Своите суштества. Таму е почетокот на сè. Кога ние се молиме, и го молиме Создателот за помош, тогаш мислиме на Бесконечноста. Таа се нарекува „Светлина без сад“, но таму е почетокот на коренот на суштествата. Кај нас сè доаѓа од Бесконечноста. Таму е „складиште“ на сите добра, кои Создателот сака да им ги даде на душите, „благајна“ на Неговиот однос кон суштеството, „магацин“ за сите сили, сите Светллини и садови. И нашата молитва, молба, барање исто така се крева во Бесконечноста. Сите очекувања, надежи, ние ги упатуваме натаму. „Бесконечност“ е Неговиот безгранично добар однос кон добрите и лошите. Слично на домаќинот на куќата, Тој дава сè на својот гостин, освен укинувањето на срамот. Суштествата можат да ги третираат одговорите, можат да молат и бараат сè.

Но системот е поставен така, што првин треба да се добие поправка, а дури потоа – исполнување. Затоа што после разбивањето се создаде таква ситуација, што во спротивен случај, секое исполнување ќе стане отров, ќе ни наштети. Се чини, зошто Создателот ништо не дава без причина? Всушност, ако си длабоко обземен од егоистичката желба, Светлината за тебе претставува отров. И затоа во Својата апсолутна љубов Создателот „не е способен“ да ни го даде, да ни прати маки, иако страда заради тоа многу повеќе од нас. На крајот ние добиваме само минимално светење – сè друго би станало зло за нас.

Прашање: Како може што било да се знае за Бесконечноста, ако таа претставува „Светлината без сад“?

Одговор: Всушност, не постои Светлина без сад. Тука станува збор за поим – за тоа дека садот не ја ограничува Светлината. Во Бесконечноста Светлината не е ограничена со сад – затоа таа така се нарекува. Таму и садот е бесконечен, и Светлината во него е бесконечна. Освен тоа, во кабалата ние изучуваме поинаков, нов вид на садови. Во тоа е специфичноста на оваа наука – секогаш треба да се „залепиме за теренот“, бидејќи во спротивно ние нема да се снајдеме во „локацијата на световите“.

До Првото скратување (Цимцум алеф), постоеле „тркалезни“ садови – без ограничувања, но со детали на воспримање, распределени на четири нивоа. Потоа се создале други садови, кои се карактеризираа со мерата на скратувањето, што дејствуваше во нив, или со мерата на екранот (масах), кој дејствуваше над скратувањето, и одразената Светлина, која се креваше над екранот за да работи на ваков или онаков начин, според Создателот. Суштината е во следното: Создателот сака да му дава на суштеството одредени нешта – но до кој степен суштество е подготвено нив да ги прими, за му причини Нему задоволство? За мене тоа значи – да се насладам самиот, за да му овозможам на Создателот да се наслади со мене. Јас сум подготвен да примам од Него што било.

Иако сакам да ги „проголтам“, да ги „апсорбирам“ сите Негови дарови во мојот „тркалезен“ сад, сепак јас ги добивам само согласно со линијата, а не кругот. Всушност, тоа е најтешко ограничување: Создателот како да става пред мене бескрајна трпеза со јадења, што само можат да се замислат. И мојот апетит ќе стигне за сè, јас навистина можам да ги проголтам. Но наместо тоа, јас отсекувам парче леб за себе, го посипувам со малку сол, и пијам половина чаша вода. Тоа претставува тенка линија – за повеќе не сум способен. Бидејќи јас сакам да Му причинам Нему задоволство, и затоа не можам да пробам уште нешто што не е заради себе. Надминувајќи ја својата „норма“ јас самиот ќе почнам да се насладувам. Но зарем на Создателот му е пријатна таквата апстиненција? Излегува, дека јас не го радувам ниту Него, ниту себеси? Подобро е воопшто ништо да не чепкам? Би било добро да можам да добијам пристоен дел, но толку малку... Во овој случај невозможно е да се „обработи“ сопствената свест до „потребната кондиција“... Што да се прави? Како може да се задоволам со леб и вода од пребогатата трпеза, со што уште повеќе се разочарувам и себеси и Создателот? Како може да се ограничам со признавање на сопствената немоќ? Меѓутоа, таква е работата со екраните, и токму таа ни е доверена. Како тогаш да ја оправдаме?

Реплика: Всушност, со самото тоа ние правиме нешто самостојно...

Одговор: Значи и од наша страна потребно е истото основно ветување: „Крајот на дејството е вграден во почетната замисла“. Ние сме сигурни дека ќе достигнеме целосна поправка, поминувајќи голем број на мали дејства.

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 11.11.2013, на Каб.Тв

Секој еднаш добива шанса

Речено е: „Вложил напори – и нашол“ – односно резултатот како да е одделен од напорите. Напорите зависат од тебе, а на нивниот крај тебе те очекува неочекуван наод (откритие). Затоа треба цело време да брзаш да вложуваш напори, сè додека не најдеш! Но провери, дали навистина се наоѓаш во тој процес и вложуваш вистински напори, или само така ти се чини? Понекогаш човекот многу напорно работи во животот, но сите напори се напразно изгубени. Токму затоа ни е дадена науката кабала, голем број книги и статии, за да се објасни како правилно да се вложуваат напорите. Бидејќи човекот се раѓа, живее и умира, повторно се раѓа-живее-умира, без сепак да го достигне духовното откривање. Може да го обвинуваме Создателот – но Тој ни ги дал сите средства.

Во суштина, секој човек еднаш добива во својот живот шанса, согласно со неговата желба за насладување – но поминува покрај неа! Поминува, и продолжува да живее на обичното животинско ниво без да скокне на човечкото скалило. Секој некогаш добива таква можност... Но ако човекот вложува правилни напори, тогаш на крајот го чека наод(откритие). Тоа е закон. Наодот е откривање на Создателот на суштеството согласно на скалилото, на кое тој се наоѓа: на неговата желба, вложените напори. За сметка на учењето, распространувањето, целокупната работа, за која е способен, тој се доведува себеси до формата, максимално слична на Создателот, колку што може да си ја замисли. А на крајот тој гледа, дека сепак не му успева да го добие ликот на Создателот, ликот на давател, и тој останува во својот егоистички материјал. Колку и да се труди да го достигне давањето, внатре, тој сепак останува желба да се наслади заради себе. И тогаш тој избувнува во молитвата, односно работи на својата желба да се наслади сè додека не дојде до конечната молитва. Како одговор на таа желба, молба, што се чувствува внатре во желбата, доаѓа Светлина, која враќа кон Изворот: ја преформатира таа желба, и ја претвора во желба за давање. Намерата, која се преслекува во желбата, ја менува нејзината природа во спротивна. Ако пред тоа желбата била првостепена, сега намерата е пред сè. Затоа тоа се нарекува наод, бидејќи самите не сме моќни тоа да го направиме. Создателот зема моќ над суштествата, бидејќи ние самите посакавме Создателот да владее со нас – силата на давањето почнала да надвладува над нашиот егоистички материјал. Затоа целокупната подготовка е насочена против нашата гордост, стремежот да владееме – против сите манифестации на егоизмот. За таа намена треба да се омаловажиш пред пријателите, да го „разбиеш своето срце“.

Од лекцијата по „Предговорот кон ТЕС“, 11.11.2013,на Каб.Тв

Иако однапред нема да видиш ништо...

Од писмото на Баал ХаСулам (№ 57): Ти го пишувам ова за да не се откажеш, и да не се разочараш во милоста на Создателот. Иако однапред ништо нема да видиш, но во мигот, кога веќе целосно си ја наполнил чашата на напорите, што ти се доделени, тогаш настанува времето за молитва... И ќе одговори на неа Создателот со целата великодушност, како што ветуваат мудреците: „Верувај, дека си вложил напори – и си нашол!“. Бидејќи пред ова не си способен за молитва, која ќе биде слушната од Создателот“.

Нашата желба е способна да достигне сè што ќе посака. Прашањето е само - дали таа навистина сака? Кон таква состојба ние треба да ја доведеме, развивајќи ја до целосна, совршена желба, бидејќи само таква желба функционира во духовното. Во материјалниот свет можеме да се преправаме, да играме некои игри, небаре ние сакаме – затоа што целиот тој свет е лажен. Во овој свет сè се случува внатре во самата желба, а не се разјаснува во конфронтацијата на двете желби една наспроти друга: желбата за примање и желбата за давање. И ако сè се одвива само внатре во истата желба, тогаш ние можеме да замислуваме сè, што ќе посакаме. Затоа всушност, тоа ништо не менува. Целокупното создавање се проценува само во областа на интеракцијата на двете желби: примањето и давањето, суштеството и Создателот. А таму во секој миг, во секоја состојба, во секој дел од желбите дејствува само вистинската желба, односно онаа, што ја достигнала својата последна, четврта фаза: „бхина далет“.

Затоа, ако сè уште не ти е дадена поправка на твојата желба за насладување во давање, – тоа значи дека не си ја достигнал последната, 4-та фаза на желбата, и мораш да работиш уште. Тука сè зависи од тоа, дали се обраќаш со вистинска молитва, односно дали ја достигнуваш 4-та фаза или не. Тоа пак, зависи од твоите напори, бидејќи мораш „да направиш сè што можеш“. Затоа, треба да се провери, дали ги извршуваш сите совети на кабалистите, и во согласност со тоа да се работи. Ако не го направиш тоа, се разбира нема ништо да добиеш. Тука функционираат строги закони. Во духовниот свет постои само целосна АВАЈА (завршена желба). Ако пак сè уште не си ја достигнал целосната АВАЈА, 4-та фаза на желбата, тогаш не функционира тој тригер (флип-флоп) – ти не ја привлекуваш кон себе Светлината, која враќа кон Изворот, која би те променила од егоизмот во давање. Само со помош на Светлината е возможно искачување на следното скалило, и достигнување на откривањето.

Откривањето на Создателот претставува откривање на желбата за насладување во човекот, која се трансформира во давање. Токму тоа се нарекува откривање на Создателот, бидејќи Создателот е особина на давање, која се манифестира во човекот, кога тој сака да дава. Но дали навистина тоа го посакуваш? Не е можно да ги вложиш сите напори што ти се доделени, а тоа да не се случило. Согласно законот, тоа мора да се случи! Затоа, дури ако викаш, треба да провериш: кому му се обраќаш? Создателот како да не ги слуша твоите крици, затоа што тоа е закон кој не може да се наруши. Сите тие крици служат само за да се разбудиш самиот себе, да се натераш да дејствуваш, да вложуваш напори, и на крај да ја завршиш мерката, која ти е доделена тебе,

Баал ХаСулам пишува, дека за ова треба да се знае однапред, за да не паднеш во очај и да не откажеш. До последниот момент, дури за миг пред да ја завршиш полната мерка на твоите напори, ти не знаеш дека си стигнал до финишот. Токму затоа тоа се нарекува наод – бидејќи стекнуваш сила на давање, која претходно не си ја имал. И дури отпосле, на секое следно скалило ти наоѓаш нешто апсолутно ново. Затоа е речено: „Вложувал напори – и нашол!“. Но тој наод на крајот од вложувањето на сите напори, се открива согласно строгиот закон, кој е невозможно да се избегне.

Од подготовката кон лекциајта, 11.11.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica