Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто преку ден светлина? -03.03.2010

 

Зохар, глава "Толдот", п.165: Доколку моќта на нечистата страна, дејствува само преку ноќ, толку власта Есава ќе дејствува само во прогонството, т.е.ноќта.

Со други зборови, во тоа времно ни е темно, како и ноќта. И затоа ноќта ангелот водеше борба со Јаков.

Кога настапи утрото, силата на ангелот се намалила и не го совладал (Јаков). Тогаш надвладеал Јаков и така моќта владее преку ден.

Ние мислиме дека денот е светлината на Хохма и дека затоа е светлина. Не. Преку ден е светлината Хасадим и затоа се открива светлината Хохма.

Светлината Хохма свети преку ноќ без облека во Хасадим, а преку ден во облека како Хасадим. Денот е додаток на Хасадим и затоа има светлина.

А преку ноќ нема Хасадим и затоа е темнина. Светлината Хасадим ни го открива (пријавува) присуството на светлината Хохма околу нас.

Два ангела на патот до целта

Зохар, глава "Толдот", п.172: Доколку Јаков се потпирал на Создателот и целиот пат бил поради Него, дотолку "непријателите негови ќе се смират со него".

И Самел, т.е. силата и моќта Есав, се смирила со Јаков. И доколку тој се смирил со Јаков и го признал за благослов, тогаш и Есав се смирил со него.

Иако Јаков не се смирил со тие управител, кој бил назначен над него, т.е. со Самел, тогаш и Есав не се смирил со него.

Иако насекаде силата од долу зависи од силата на врвот. Иако не ја ослабиш силата на врвот, т.е. управителот над нив на врвот, невозможно е да се ослаби силата од долу во тој свет.

На човекот му се забранува да мисли дека тие сили, кои му се спротивставуваат, се противат на работата на Создателот, не сакаат за да човекот ги достигне целите на созданието. Не е така!

Сите тие сили и десната и левата линија дејствуваат во правецот на таа цел. А ние мислиме дека доаѓа злото, за да не оттргне од патот, да не сруши и уништи. Тоа не е вистина!

Злото доаѓа само за да ни покаже каде ние грешиме. А ние, со нашата лажна работа и неправилно поведение, го пројавуваме тоа зло, всушност го раѓаме него. Злото се наоѓа внатре.

Затоа мисијата на тие два ангела – и злото и доброто – е да го водат човекот на патот кон целта на созданието.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica