Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Игра на сенките

 

04.06.2010


За да научиме да разбереме и чувствуваме каде ние се наоѓаме, треба да пораснеме духовно. Како капка од семето, која почнува да расте во специјално место, матката на мајката, а потоа продолжува во поширок простор, излегувајки од неа во светот- и така станува човек.

Така се случува во материјалниот свет, истото се случува со нашиот внатрешен духовен развој. Во некоја фаза на овоземниот живот ние почнуваме да ја чувствуваме во себе "капката на духовното семе", која се нарекува " точка во срцето", желба кон духовниот развој. Тоа значи дека таа точка се откри. Исто како во материјалниот свет- ние не постоиме додека не не продуцираат мајката и таткото, така и во духовниот свет- нас не создаваат таткото и мајката (така и се нарекуваат "Аба ве Има"). Духовниот развој се одвива под влијание на силата која се нарекува виш свет.

Таа не води преку скривања и откривања на светлината и не извлекува од состојба на апатија де малку откривајки ни се себе или заедничката реалност, де пак криејки ги, играјки со нас и поттикнувајки не де повеќе де помалку да се стремиме кон неа. Ако ние правилно реагираме на тоа дејство на светлината, која не фрла те во добра, те во лоша состојба, те во разбирање, те во магла тогаш ние се развиваме: уште еден момент, уште ден, уште недела. Така може да се развиваме илјада години,а може и да се заврши за година-две.

Се зависи од човекот, треба само да се знае како да се реагира на силата што не развива, за да припои се кон еден извор.
"Не постои никој освен Него",- тој кој се крие зад сета видлива површина(обвивка) на реалноста.

Така јас по малку ќе почнам Него да го препознавам и ќе копам подлабоко во таа реалност, за да ја осетам таа сила и да разберам како таа делува преку сите тие облици: блиските пријатели, туѓинците, природата и преку мене самиот, менувајки ме одвнатре. Тогаш јас ќе се почувствувам како црна кутија која што во помал степен ги разбира и чувствува делувањата упатени врз неа, и треба само да реагира на тоа што со неа се случува.

Тие дејства како да доаѓаат од видливата реалност: од блиските и туѓинците, пријателите и непријателите – тие "сенки", кои ја сокриваат вишата сила. Ако тоа скривање ме поттикнува без оглед на него да се поврзам со Создателот, тоа се нарекува сенка на светоста, кога јас токму преку тоа спротиставување, игра, градам односи со Создателот. И тогаш ја разбирам целата таа претстава, театар, која Тој ми ја покажува, и преку неа го препознавам и разбирам Него.

Те замолувам, биди човек!

Прашање: Ја слуша ли Создателот мојата молитва? Може ли Тој да се промени во односот кон мене?


Не! Тој е непроменлив, а ти бараш од Него да се промени. Односно ти Му велиш:"Знаеш, вчера Ти постапи со мене не многу добро. Денес Те молам: биди човек!" Но како Тој да се промени? Ти не разбираш, тогаш зошто ти е молитвата?

Се молиш – бараш Тој да те промени тебе, и тогаш ќе почувствуваш друг однос кон тебе од Него. Како кај мало дете.Зарем родителите го менуваат својот однос кон него? Секогаш се однесуваат кон него со љубов, но тоа понекогаш вели "мама е лоша". A што да направиме, мама да биде добра? Да се промениме самите!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica