Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Излез од ќор-сокакот на егоизмот

16.01.2011

Излегувајќи во надворешниот свет ние ја откриваме заедничката Сила, која во себе ги содржи и давањето и примањето. Таа е извор на сето што се случува и на неговото наполнување. Тоа е Сила на разумот, мислата, замислата, општа сила на Природата. Ние ја нарекуваме Создател, затоа што откриваме дека во однос на нас таа претставува Создател.

Но сепак станува збор за сеопфатна Сила која во себе ги содржи сите други. Изучувајќи ја оваа Сила ние ги изучуваме нејзините компоненти – законите на Природата, духовните закони на Природата на давањето, кои се над нашата вообичаена земна состојба. Истовремено ние почнуваме да сфаќаме како е средена нашата земна суштина, ги гледаме изворите на законите кои функционираат во нашиот свет. Како резултат на тоа човекот сфаќа зошто тој постои и како да излезе од ситуациите во кои "западнал" поради еднострано гледање на светот.

Тој почнува да се реконструира и самиот и оштеството што го опкружува – не насилно туку спонтано. Откривајќи ги вистинските закони на Природата тој природно дејствува поинаку. Врз основа на истиот тој егоизам тој сфаќа дека не може да се постапува поинаку.

Денес ние автоматски дејствуваме со оптимална добивка за себе. Исто така автоматски ние ќе дејстуваме и понатаму, само земајќи го предвид заедничкиот дел: ние зависиме еден од друг и претставуваме една заедничка целина. Ја гледаме целата слика, целиот глобален затворен систем и затоа постапуваме сосема поинаку. Најважно за сите е да се пронајде таа заедничка слика и тогаш природно нема да грешиме.

Токму кон тоа не води кабалата. Според степенот на нашиот развој постепено ни ја откриваат нашата егоистична природа. Но, општо земено, ние денес веќе ја совладавме, исцрпувајќи ги сите егоистички инструменти за постигнување на светот во науката и техниката, во човековата заедница и семејните односи. Ние гледаме дека дојдовме до ќор-сокак. Токму тука се создава неопходна потреба од дополнителни знаења.

Денес се наоѓаме на работ на преминот кон чувствувањето на следниот дел од универзумот. Тој е веќе тука, меѓу нас. Понекогаш ние го нарекуваме друга димензија – бидејќи работата е во тоа како мериме: променувајќи го аголот на гледање, во истиот простор гледаме сосема поинакви појави. Така ние со вас го откриваме новиот свет.

Почеток на новиот свет

Човештвото уште недоволно осознава што е неопходно да се дознае, да се открие. Ние се заплеткавме и не сфаќаме како да дејствуваме.

Меѓутоа науката кабала не е наменета за да го среди нашиот живот во овој свет. Напротив, таа зборува за тоа дека од овој свет ние треба да почнеме да се искачуваме, влегувајќи во Вишиот Свет, кој постепено ни се открива. Неговата суштина е сосема поинаква – не внатре во нас, туку меѓу нас.

Во просторот меѓу елементарните честички од универзумот ние ќе почнеме да чувствуваме сосема нови појави и ќе се чувствуваме себеси поинаку – инегрално, глобално поврзани, заедно постоечки во еден систем. Наместо само самиот себе, јас ќе почнам да го чувствувам овој систем како една целина. Тогаш кај човекот ќе се изгуби чувствувањето на посебното Јас. Неговото Јас ќе стане заедништвото, целиот свет.

Овој премин, како што вели кабалата, треба да се случи во наше време. Затоа ние откриваме глобална криза во сето што сме го создале за илјадници години од нашиот развој. Треба што поскоро да осознаеме дека невозможно е понатаму да се постои во минатата парадигма, дека дошло време да се премине во поинаков однос кон себе и светот. Ние треба да започнеме со истражување на "празнината" меѓу нас која е исполнета со огромни сили. Токму тие управуваат со сите. Тогаш ние дознаваме кои сме и за што сме, и можеме да достигнеме сосема поинаков живот.

Од една страна нас нè поттурнуваат кон тоа страдањата, а од друга страна кон тоа нè влече некоја внатрешна сила, стремеж. Во секој постои таа "точка во срцето" – почеток на новиот свет кој се открива во празнината.

Целата наука кабала е изградена врз откривањето на овој нов свет, дополнителен простор во кој ние постоиме и раскажувањето за средствата со чија помош ние ќе можеме да го чувствуваме и истражуваме, и истовремено да бидеме заемно поврзани со него.

Пионери

Преминот од сегашниот внатрешен осет кон надворешен е најсложно нешто што постои во процесот на развојот. Во нашиот свет нас нè развива егоизмот, тој на природен начин нè поттикнува на истражувања.

Во Вишиот свет ние чувствуваме колку е добро да се излегува во нов простор, почнуваме да гледаме, да го чувствуваме, ги чувствуваме силите кои дејствуваат меѓу сите делови. Ја откриваме сликата на силите која нè поврзува – и тогаш на истиот таков природен начин се насочуваме кон духовно постигнување.

Потребно ни е да преминеме од сегашното чувствување кон повисоко и да престојуваме во двете чувствувања истовремено. Тоа е многу тежок психолошки премин. Како да се раѓаме одново.

При раѓањето, бебето со своите напори и со помош на мајката излегува од претходното место во надворешниот свет – исто така и ние треба по истите фази да го поминеме периодот на внатрешното созревање, неопходноста од раѓање. Со свои сили ние, што се вели, се превртуваме со главата надолу, целосно го менуваме односот кон реалноста. Истиснувачката сила на мајката се комбинира со движечката сила на фетусот – и ние излегуваме надвор.

Тоа е многу сериозна состојба, критичен момент на нашиот живот. За првпат во историјата ние го поминуваме масовно. Порано откривањето на Вишиот, или надворешниот свет се одвивало индивидуално.

Прв го открил Адам пред 5771 година. После него во текот на илјадниците години многумина индивидуално ја откривале оваа можност, ја постигнувале и ја опишувале во своите книги кои стигнале до нашето време. Така се развивала методата. Но денес таа се претвора од индивидуална во масовна. И затоа претрпува многу сериозни промени.

Ние со вас сме пионери во нејзината реализација, затоа понатаму на останатиот дел од човештвото ќе му биде полесно. Ние ќе се родиме, а по нас ќе се повлечат сите други, според истиот принцип. Треба да се сфати колку нашиот чекор е тежок но истовремено и важен, и колку е уникатен.

Да се додаде Универзумот на честичката

Кабалистичкиот метод е изграден врз групната работа, врз поврзаноста меѓу нас, врз стремежот да се соберат сите заедно, да се соберат сите заеднички сили и со заеднички напори да се помогне секому да излезе од самиот себе кај другите. Всушност методот е изграден многу реално и едноставно.

За да се восприма Вишиот Свет треба се престане да се обрнува внимание на "атомите" на нашите тела и да преминеме кон празнината во "меѓуатомскиот простор". Да го направиме тоа можеме во човековото општество, или во негова мала група која ќе ни дозволи да ја промениме.

Ние треба да се собереме заедно, заемно помагајќи си еден на друг, и да го префрлиме вниманието од нас – на тоа што е меѓу нас. Работата е непријатна, несфатлива, многу неприродна за нас – но за тоа кабалистите напишале огромен број на материјали.

Применувајќи ја врз себе кабалистичката метода ние ја доработуваме, ја допишуваме, ја материјализираме, почнуваме да ја прифаќаме, да ја чувствуваме внатре. Во целина ние ја приспособуваме кон себе, кон сегашното време, кон сегашна реализација. И затоа претставуваме и изведувачи, и истражувачи и програмери на фазата на практичната имплементација на целата Природа. Методата се применува денес врз нас – врз тие кои сакаат да го дополни своето чувствување на универзумот со уште еден, надворешен дел. Притоа тоа не е само дополнителен, туку најважен дел.

Ние ќе почнеме да ги чувствуваме силите, појавите, дејствата во "меѓуатомскиот простор", т.е во 99% на реалноста. Тој огромен простор е исполнет најпрво со мислата, замислата, силите, нивните заемни дејства – со сето тоа што не активира нас, малите микро честички. Тоа достигнување на коренот нè вади од состојбата на привременоста, незнаењето, подчинетоста – всушност од состојбата на ништожност - во состојба на јасност, вечност, совршенство. Ете што ни дава правилната реализација на науката кабала.

Сето тоа се реализира во групата, каде што почнуваме да чувствуваме на каков начин да излеземе надвор кон воспримање на другите. Од чувството на "светот во мене" ние преминуваме кон чувството "свет во светот". Бидејќи ако наместо мене постојат милијарди луѓе или души, тогаш излегувајќи од себе јас почнувам да ги воспримам силите кои дејствуваат меѓу нас, и сите души како една целина, како еден затворен систем.

Денес дури на материјално ниво нешто ни укажува дека светот е глобален и интегрален, дека сé во него е заемно поврзано. Значи сето надворешно јас почнувам да го воспримам како себеси. Со самото тоа јас добивам на располагање огромна желба, огромна сила, огромно наполнување – и сето тоа станува моето Јас. Тоа веќе не се луѓе, туку само сили кои постојат во таков облик. Така на човекот почнува да му се открива вистинскиот волумен, вистинската визија на светот.

Од лекцијата во Москва 16.01.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica